Брoj 2745  четврток, 24 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Иако некои работи се во застој, тоа ниту најмалку не ви пречи да се занимавате со она што го сакате и да бидете задоволни. Бидејќи чувствата се интензивни исто како и смислата за уметност, очекувајте успех на тоа поле.



Бик

Каде и да се свртите, ве очекуваат изненадувања. Уживајте во она што ви го нуди животот, но истовремено фокусирајте се на себеси и потрудете се да дојдете до душевен мир. Сфаќате дека на некои работи не може да влијаете, бидејќи постојат и фактори кои се посилни од вас.



Близнаци

Доколку се занимавате со шпекулации, ќе остварите значајна финансиска корист. Успех може да очекувате доколку се занимавате со пропаганда. Се борите за сопствениот статус, но знајте дека се' е на ваша страна. Не плашете се од конкуренцијата.



Рак

Сентиментално сте расположени. Сериозните припадници на знакот очекуваат извештај врзан за патување или пак се фокусирани на наоѓање одговори на некои егзистенцијални прашања. Насочете се кон семејството, само тоа може да ве релаксира.



Лав

Вознемирени сте, но без причина, а тоа може сериозно да го загрози вашето здравје. Бидете оптимисти, бидејќи се наоѓате пред позитивен пресврт во животот. Неопходно е да ја пребродите ваквата ситуација, потрудете се да се приспособите.



Девица

Успешен професионален ден проследен со конкретни материјални докази. Затоа уживајте во она што моментално ви се нуди. Емотивните препукувања и несогласувања оставете ги за некое друго време. Оставете го партнерот на мира.



Терезија

Бидејќи се евидентни делумни ограничувања, не е ни чудо што сте помалку незадоволни. Мора да го сфатите денешното расположение како минливо ако сакате да најдете излез од ситуацијата. Помогнете си себеси, бидете смирени и трпеливи.



Скорпија

Сакате да ги средите односите со партнерот, ќе имате шанси само доколку се научите да го сослушувате. Насочете се кон работите кои ве олабавуваат и во нив најдете мир. Здравствената состојба е стабилна, но на вашиот организам му се потребни витамини.



Стрелец

Конечно почнавте да размислувате за убави работи. Семејните проблеми говорат дека со своето немарно однесување сте придонеле да дојде до нив. Мора да го признаете својот дел од вината. Кога е во прашање задоволството - тука сте први.



Јарец

За здравјето воопшто не размислувате, што е сосема погрешно. Избегнувајте ситуации и луѓе кои не ви годат, одете на одмор и целосно ќе се олабавите. Партнерот е тој што наполно ве разбира, возвратете му и вашиот однос ќе цвета.



Водолија

Здружете се со Лав, па заедно фантазирајте кога не сакате да слушате совети од поумни и поискусни. Ситуацијата бара пресврти и приспособувања. Бидете сигурни дека ќе профитирате и не очајувајте однапред.



Риби

Доколку е ја саниравте нервозата, таа може повторно да се јави и тоа со голем интензитет. Една од причините за пречувствителноста се семејните проблеми. Некои работи не се случуваат преку ноќ, затоа освестете се и не влегувајте во нови проблеми.

 

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ