Број 3043  четврток, 23 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Пијани жени направиле инцидент на патарина

Тројца скопјани предизвикале инцидент на наплатниот пункт на автопатот Тетово-Гостивар, одбивајќи да платат патарина, напаѓајќи го вработениот, а потоа и полициските службеници кои дошле да го расчистат случајот. Според МВР, инцидентот се случил завчера, околу 3,50 часот, кога М.П. од Скопје, која под дејство на алкохол го управувала автомобилот „сузуки свифт“, а во кое како сопатници се превезувале М.Д. (31) и В.Х.Н. (31), исто така, под дејство на алкохол, одбила да плати патарина, излегла и физички го нападнала вработениот на наплатниот пункт, по што се обидела да го испрска со спреј.

„Во меѓувреме, на патарината се формирала подолга колона од возила, и од БМВ, со непознати странски национални ознаки, излегле три лица и едно од нив ја предупредило сопатничката да го тргне возилото. Откако таа одбила, лицето го скршило стаклото на прозорецот и физички ја нападнало М.Д., нанесувајќи и' повреди на главата, додека другите две лица ја нападнале В.Х.Н., нанесувајќи и' повреди на главата и по телото“, соопшти полицијата.

По ова лицата влегле во возилото и заминале во правец на Скопје. Пристигнале и полицајци, кои се обиделе да ги приведат тројцата пијани скопјани. Но, според МВР, М.П., М.Д. и В.Х.Н. физички ги нападнале и ги омаловажувале полициските службеници, нанесувајќи им видливи повреди. По целосно расчистување на случајот ќе бидат преземени соодветни законски мерки. (Г.А.)


Статијата е прочитана 2403 пати.

Испрати коментар

Од: Т.М.
Датум: 23.07.2009 01:47:15
Еј како Хармс да го пишувал ова!
Од: mltk
Датум: 23.07.2009 10:08:02
Skopjani ili Skopjanki ! Izvestajot e kasa popara !!!!
Од: mkd
Датум: 23.07.2009 10:09:32
Ova e za na film
Од: Pravdoljubiva
Датум: 23.07.2009 10:33:19
Ne veruvam deka policajcite bile bilo kako napadnati, pogotovo ne fizicki. Nikoj ne bi se osudil na vooruzeno lice da digne raka nitu da povisi ton. Laga.
Од: tanja
Датум: 23.07.2009 11:18:39
me interesira sto bile po nacionalnost devojkite?...sto bil po nacionalnost toj od bmv-to sto gi tepal devojkite..dali navistina devojkite bile pijani ili ne sakale da platat patarina zatoa sto nikoj od"sozitelite "pred niv ne platil patarina pa zosto togas tie da platat...sakam pojasno i poprecizno javnosta da bide informirana okolu ovoj slucaj...nejasno se informira
Од: Ози
Датум: 23.07.2009 13:57:47
Сега ми текна кој се жениве. Charlie's Angels. Само ја утнале земјата. Не им е ова Америка па да ги тепаат лошите момци. Овде е обратно.
Од: Sasho
Датум: 23.07.2009 14:52:04
Ne bile pijani be, toploto gi frknalo u glava....

Најди! во Утрински
Хроника
Две параглајдерски несреќи во Охрид
Живот без идентитет во БиХ на тинејџерка од Куманово
Го испрскал со бензин и го запалил
Возач загина во судир со камион
Случајно рането момче во парк