|  Радослав Шутевски 
 музичар
 Ова претпладне имам состанок во Министерството за култура, во врска со есенската турнеја на „Синтезис“, како и за изработка на ЦД-издание со инструментални композиции на групата. Попладне, пак, имам состанок со членовите на групата „Синтезис“, сите се вратени од одмор и го договараме планот за претстојниот период.  Сузана Гавазова 
 пејачка
 Денес ми е еден од ретките слободни денови, нема настапи и патувања, па планирам времето да го минам во сончање. Ќе одам на еден прекрасен базен кај Валандово, а тоа ќе биде и убав излет со „метафора“ на плажа. Од утре - повторно ме очекуваат настапи.  Мишко Талески 
 портпарол на Центар за управување со кризи
 И денеска ме очекува еден стандарден работен ден во Центарот за управување со кризи, но и подготовка на емисијата „Ало 195“, што вечерва ќе се прикажува на МТВ. Покрај тоа, го завршувам и аранжманот за песната што ќе ја изведам на „Тетово фолк-фест“, на 27 август. |