Госпоѓо Поповска, успеа ли ДОМ да ја наметне определбата за „зелена европска Македонија“ кај коалицискиот партнер во Владата (ВМРО-ДПМНЕ)?
ДОМ успеа да ги наметне екологијата и туризмот како владини приоритети и затоа сме во владината коалиција како зелена партија. Се донесоа низа закони, стратегија за цврст отпад, плански документи за Охридскиот, Преспанскиот и други региони, се заштитија Алшар, Куклица и други токму на предлог на потпретседателката на ДОМ, Соња Лепиткова, која е и заменик-министер за животна средина. Во реализација се регионалните депонии, неколку пречистителни станици, а се надевам наскоро и инценераторот за медицински отпад. Во Законот за енергетика е внесена одредбата за обновливи извори на енергија и започнаа пилот-програмите за сончеви системи. ДОМ посебно инсистира на развој на алтернативниот и екотуризмот,со традиционална храна, занаети и музика.
Какви се ефектите од кампањата „Скопје зелен град“ што ја започна ДОМ пред една година?
Еве, ја пробиваме во медиумите. Некако се случи на промоцијата на кампањата да не дојдат медиуми, иако имаше стотина активисти и минувачи. Следуваа билборди, објави, новогодишна вечер со македонски џез-балади, песни за дрвото и зелен килим за над 1.000 пријатели на зелената опција, меѓу кои и познати имиња од јавниот живот. Но, излезе дека екологијата е табу-тема за медиумите. Или тотално неинтересна зашто тука нема крв, пот и солзи.
Убаво звучи Вашата заложба „на секое пресечено дрво да се засадат три нови“. На кои локации во Скопје е направено вакво пошумување?
Кампањата „Скопје зелен град“ ја надоврзавме на нашата Декларација за зелени општини, по локалните избори потпишана од 31 градоначалник. Се фокусираме на Скопје и на зеленилото во градот. Бараме за секое едно пресечено дрво да се насадат три нови. Ова го повторивме и преку нашиот советник во Градот, д-р Антони Новотни, и ќе продолжиме натаму се' до исполнување.
Препорачувате да се кликне ICILEI cities и „да се влезе во волшебниот свет на зелените градови“. Дали Ви�� при виртуелната посета на 1.066 зелени града во 68 земји можеби забележавте „булдожери испратени од бизнисмени и поддржани од локални функционери“ како голтаат стогодишни дрвја?
Урбаната бизнис-елита нема земја на потекло, таа е трансгранична. Сите се браќа, независно од вера, нација, политика. Ја има секаде, но полесно цвета во транзициските земји со недоуредени закони. Кај нас има направено пустош: Кинескиот ѕид, Тифани, Дебар Маало, Кисела Вода и др. Во Македонија се' уште економскиот концепт е пред еколошкиот. Развој да, но не по цена на уништување на природата и здравјето на луѓето. Така беше и со Законот за води, за чие менување по европски терк лобиравме како зелена партија неколку месеци, по што исполнивме една одредница од ЕК.
Јавноста не го слушна ставот на ДОМ за сечата на два хектара шума поради изградбата на жичарницата на Водно. Како Вие како голем поборник за чиста и здрава животна средина го доживувате ваквото уништување на зеленилото?
Сме имале низа активности за Водно: акција за чистење „И Водно е наш дом“, пресови, се' до заложби на Лепиткова на седници на Влада кога се дискутирало за интервенции на Водно, како пат, жичарница и сл. Знаете, за еколошка револуција е потребна критична маса. ДОМ се зафати со тешката задача да ја иницира. Ме радува трендот на постепеното отворање на граѓаните и медиумите кон овие теми и ќе очекувам тој да продолжи и кога нема да се очекуваат избори.
Забавно четиво!Госпоѓата Поповска во улога на еко-Зелена опција,која е поборник на Уништување на два хектари повеќедецениски стари дрва на Водно,правдајќи ја ваквата Глупост со потребата за „развој“на туризмот!(!?)Па,ова го нема ниту во Најроби!Дури и таму има понапредни Екологисти!Се разбира-„нашите“се Најзелени во Свет!Меѓу другото била и член на работна група за полова рамноправност,а ниту збор не изусти за Бладината акција за Забрана на Абортусот,како едно од Основните,Одамна Остварени,Права на Жената да одлучува за својот пород и за своето здравје!За Еколошка (Р)Еволуција не е потребна критична маса,туку Созревање на Умот и Свеста,која потекнува од Сознанието дека 2ha Масакрирано Зеленило е неспоиво со Екологијата!Загрепската „Варшавска“,за неа,е собир на малоумници и дебили,а „Илинденска“и „2014Δ.Π.Ν.Ε.“-врв на просветленост!За нејзината колумна за „штедење“со Зелени кредити,во услови на Цутење на Македонската „економија“,воопшто и да не зборувам!
Од: zoki
Д��тум: 23.07.2010 09:13:29
Kaj ja najdovte da ja prasate ovaa Lile 2 bes 3 partija...
Од: gragjanin
Датум: 23.07.2010 09:58:14
Cinichni izjavi na g-gjata, po sechata na drvjata na Ilindenska (koga molchea kako takvo pod koshula i koga se iseche shumata na Vodno). Vazhno da i cuti rabotata vo nejzinite menuvachnici kajshto se razmenuvaat "zeleni" shushki.
Од: Зеленко
Датум: 23.07.2010 10:19:27
Зелени смешки, сега новинарите на биле заинтересирани за екологијата. Погрешно драга г-ѓо Поповска, како беа заинтересирани и дури во првите борбени редови кога Зелената коалиција се бореше за својот град.Вистинските зелени ја добија поддршката и од новинарите и од граѓаните, собраа пари за да продолжат со тужбата против државата што замижуваше пред еколошкиот холокауст цели 30 години.Навистина..каде бевте Вие кога велешани се бореа за продолжување на тужбата? Каде беше Лепиткова?Каде беа членовите на ДОМ од Велес (ако воопшто ги има?). Ja поддржувате ли тужбата на зелените против државата?Како партија на власт го признавате ли три децениското труење на децата во Велес? Г-ѓо Поповска,не е доволно да речете јас сум зелен и да озелените.Се додека граѓаните не ја почувствуваат искреноста на Вашите зелени заложби, ќе останете неинтересни, здодевни и сами на тепихот (макар тој бил и зелен) .
Од: jovana
Датум: 23.07.2010 10:22:21
DOM uspeala da se nametne so ekologijata i turizmot????? Pa dobro g-gjo Popovska, dali vie ziveete vo nasata Makedonija ili vo nekoja virtuelna drzava????? Za KOJ TURIZAM ZBORUVATE? Za onoj vo Ohrid za koj centralnata vlast(vo koja participirate i Vie) napravi se za da GO UNISTI! Za KOJA EKOLOGIJA zboruvate??? OCIGLEDNO I VIE ZIVEETE VO PORTOKALOVIOT SVET I CELOSNO STE GO IZGUBILE CUVSTVOTO ZA REALNOSTA!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Pero
Дату��: 23.07.2010 14:57:09
Zenava e za zalenje..Ima vrska so Ekologija tolku kolku sto Grujo ima vrska so demokratija.