Што прават денеска
Жанко З'ш Голабовски
актер
Ако се разбудам, значи се е во ред з’ш живееме од денес за утре. Од 8 наутро па се' до пладне сум во Супер Радио во емисијата „Охрид не бери гајле“. Потоа состанок со здружението „З’ш здружение за велосипедизам планинарење и екокултура“. Потоа малку низ дома, а вечерта во град да видиме како се невестите од Холандија и од Србија.
Мартин Филиповски
„Некст тајм“
По синоќешната свирка и дружба со фановите во Струга, ги средувам впечатоците и го пијам првото утринско кафе на брегот на Охридското Езеро. Потоа патувам за Скопје каде што ме чекаат членовите на бендот за да се договориме за репертоарот за претстојниот концерт во Битола. Вечерта добар филм во домашна атмосфера.
Анита Костоска
советник во Министерството за економија
Денешниот ден, пред викендот, го поминувам максимално мотивирана- по работата заминувам за Охрид. Откако ќе се видам со најблиските одам во чаршија за да видам што има ново во мојот роден град. Кафе, па летно мезе во некое од актуелните кафеанчиња, можност за убави и релаксирани муабети. |