Број 3344  среда, 28 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Што прават денеска

Жанко З'ш Голабовски

актер

Ако се разбудам, значи се е во ред з’ш живееме од денес за утре. Од 8 наутро па се' до пладне сум во Супер Радио во емисијата „Охрид не бери гајле“. Потоа состанок со здружението „З’ш здружение за велосипедизам планинарење и екокултура“. Потоа малку низ дома, а вечерта во град да видиме како се невестите од Холандија и од Србија.

Мартин Филиповски

„Некст тајм“

По синоќешната свирка и дружба со фановите во Струга, ги средувам впечатоците и го пијам првото утринско кафе на брегот на Охридското Езеро. Потоа патувам за Скопје каде што ме чекаат членовите на бендот за да се договориме за репертоарот за претстојниот концерт во Битола. Вечерта добар филм во домашна атмосфера.

Анита Костоска

советник во Министерството за економија

Денешниот ден, пред викендот, го поминувам максимално мотивирана- по работата заминувам за Охрид. Откако ќе се видам со најблиските одам во чаршија за да видам што има ново во мојот роден град. Кафе, па летно мезе во некое од актуелните кафеанчиња, можност за убави и релаксирани муабети.


#
Статијата е прочитана 31 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Гордана Дувњак
Поглед
Билjана Јовановска
Мислења
Ден Дончев

Во светот на мажите: Младен Војичиќ-Тифа
Метросексуалцитесе ОК, но јас сум рокенрол-типче