Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Писма
За домашните миленици - од друг агол

Д-р Сретен Поповски, Скопје

Настанот со „свирепото“ убиство на, претпоставувам, посвирепото куче ги згрози „кучегрижниците“ од здруженијата за заштита на животни. Му посветија дури и долг кадар на телевизискиот екран. Важно куче или важен сопственик наспроти неговите собраќа улични залангури што гинат секојдневно под тркалата на возилата.

Но, самата вест и слика не беа толку загрижувачки колку што беше коментарот дека ако човек убие куче, му следува затворска казна од осум месеци. Како што заклучува вашата новинарка, „домашните миленици“ се помили (побитни) од луѓето!

Постарите ќе се сетат на времињата кога во градот шеташе шинтерската кола, а шинтерот со стап и јамка за час ги истребуваше скитниците, па дури и тие со значка, а и со педигре само поради тоа што се нашле на улица, т.е. им пречеа на луѓето, без разлика дали оправдано или неоправдано. Луѓето, главно, не сакаат додека одат на прошетка, на пазар, во супермаркет или во театар, да бидат пресретнувани од кучиња. Велам, главно! Па затоа и постојат шинтерските служби низ светот. Ако кучето не е со сопственик и со поводник - мора да се тргне од улицата. И во тие времиња граѓаните и нивните деца можеа спокојно да се движат кога се на отворено.

А денес ни во селата нема ваков арсенал од глутници што слободно шетаат од центарот, па се' до оддалечените маала, парковите, пазарите, продавниците, рестораните, касапниците. Се викаше „како село без кучиња“, сега се вика како улица без залангури...

Еве ви една слика - последната станица на „19“ во Карпош 4, кај спортската сала „Партизан“, секојдневно е опседната со сурија кучиња, ситни крупни, високи ниски, влакнести и голуждрави, но сите со црвени очи и крвопиен поглед. Ќе помине некој, покажуваат очњаци или т.н. модерно - песјаци. Секој минува, ги ѕирка, ама има страв да ги погледне во очи. Минувачите се прават тивки и бавни, да не ги вознемират. И верувам дека во сите маала е така.

Денешново урбано живеење создаде и друг побениген проблем. Ако порано по влезовите во куќните дворови пишуваше „Пази куче“, „Лошо куче“ и сл. Често врзано во дворот или си трча низ него, со главна улога да биде некаков чувар или аберџија, т.е. живо ѕвонче... Денес ги има и по становите на 18 кат, низ лифтовите, спијат зад вратите, кои се отвораат автоматски - на топло. Често по скалите има чиничиња со храна од кои мириса, над кои лебди по некоја мува или, пак, плива во течната храна. Било за куче или за маче.

Во амбулантите превиваат и даваат вакцини против гризнување и беснило. Напаст за населението од кучешки терор. Нехигиената не е проблемот. Проблем е опасноста за здравјето и интегритетот на лицето, а особено неспокојот во и онака нехуманите услови на високите градби, неприродни за луѓе, особено фрустрирачки за кучињата.

А другиот дел од проблемот со „јавните“ лингури е дека и покрај стерилизацијата повторно ги има насекаде. Затоа како од век и векови во градските средини, шинтерската служба е решението наместо измислувањето топла вода. Евтанизацијата на оние кучиња што живеат на улица е единственото можно решение. Дали остатоците ќе завршуваат по зоолошките градини или ќе се користат за други цели како низ целата историја на големите градови, па и низ историјата на Скопје, е сосема друго прашање на решението на проблемот.

#
Статијата е прочитана 890 пати.

Испрати коментар

Од: Soglasen
Датум: 02.11.2010 12:20:13
Celosno se soglasuvam so avtorot na pismoto! Vo centarot na Skope ne moze da se spie od laenjeto na surijata kucinja koi slobodno setaat i gi preplasuvaat gradjanite! Pokraj sinterskata sluzba, resenieto za ovie kucinja bi trebalo da se bara vo obvrzuvanjeto na ljubitelite na kucinjata da si zemat po edno,dve, pa i povece kucinja i da si gi cuvaat doma, bez pravo da se osloboduvaat od niv koga ke posakaat!
Од: djiboni
Датум: 02.11.2010 12:34:03
E doktore , doktore! Se nadevam deka ne ste doktor po medicina. Zashto ako ste, da pochnam da molam Boga da ne padnam vo vashi race... shto doktori ke bevte, odnosno lekari, edna vasha koleshka shutira kuche dodeka ova spie i nikomu ne pravi nishto. Na koj fakulultet ste uchele? Kade vi e humanosta?
Од: Васил
Датум: 02.11.2010 13:58:42
Господине Поповски,вие сте типичен мразач на кучињата и целата работа ја гледате само од тој агол.Вие не сфаќате дека секое живо суштество е свето и согласно тоа,вие немате право да му го одземете животот.Предлагате решенија кои што се одамна надминати.Вие не сте ги надминале предрасудите и не сте во тек со новите движења.Познати личности имаат кажано дека кој може да убие животно,може да посегне и по човечки живот. А за она што велите дека покажуваат заби,па тие всушност се бранат од таквите како вас.
Од: Fakt
Датум: 02.11.2010 13:59:47
Кучињата кои се наоѓаат на улица не се виновни за ништо. НИЕ луѓето сме ги шутнале таму откако ни досадиле или „Не сме биле во можност да ги чуваме повеќе„ и сл.. А агресивни се затоа што се малтретирани од ЛУЃЕТО и изгладнети...
Од: cane
Датум: 02.11.2010 14:04:30
Ej, doktore, doktore, Djbuni ima pravo: "Odnesuvanjeto" na tie "linguri" e posledica na odnesuvanjerto na "lugje" kako vbas!
Од: TRAJANKA
Датум: 02.11.2010 14:07:13
Kucinjata se podobri od lugeto . Ako ne gi zakacas i neprijatelski gledas ,niedno nema da te napadne . Za razlika od covekot koj ja ima napisano statijava , sabajle samiot sebe ne se saka , porucek cel svet mrazi . Zatoa se mu smeta sto na ulica gleda , sega se kucinjata vinovni , koga niv bi gi nemalo , nesto drugo bi nasol , i se taka vo krug . Nezadovolnite luge se za izbegavanje , zosto se naj losi ...
Од: Tanja Taseva
Датум: 02.11.2010 15:12:14
Kako ne vi e sram ova e javen povik za genocid
Од: od kuce
Датум: 02.11.2010 15:14:45
Avtorot treba da se zasrami. Ako e lekar, uste postamota. Kade mu e humanosta. SRAMOTA.
Од: Zgrozen
Датум: 02.11.2010 16:18:17
Ne veruvam deka gospodinot e DOKTOR, ili pak e samonarecen. Sterilizacijata na kucinjata ne e samo da se prekine potomstvoto, no vo isto vreme i da gi "smiri" agresivnite kucinja bidejki toa e pricinata poradi koja retko se slucuva da bidat agresivni. Inaku DOKTORE, kucinjata bez pricina NE NAPAGJAAT, samo ako se direktno zagrozeni od "lugje" kako Vas!
Од: Stojko
Датум: 02.11.2010 16:28:05
Dojdete za vikend vo aerdorom, pozadi Zlatna viluska, na igralisteto se vrsi setnnja, nuzda, a mozebi i dresura na rasni kucinja. ;pozelno e da dojdete so deca, da vidat, pomirisaat, pocustvuvaat domasni galenicinja.
Од: pravda
Датум: 02.11.2010 16:47:39
Niedno kuce skitnik ne stanal toa ako covekot ne sakal od nego da napravi skitnik,dosta gi obvinuvavte zivotnite za se i sesto,vinovnikot vo ovoj slucaj e eden-COVEKOT.Ako vo tekot na evolucijata se pojavilo potreba covekot da go skroti kuceto i od nego da napravi prijatel zosto sega od nego pravi neprijatel,ako sakame da cuvame kuce toa mora da bide pod eden uslov-da ne pravime skitnici od nivnoto potomstvo ili mozebi nekoj saka da kaze deka kucinjata toa sami si go pravat na sebesi,sramota za covekot od 21 vek!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 02.11.2010 17:04:06
Болеста,очигледно не е во кучињата,туку во нас самите!Ако сте осознале нешто,ќе сфатевте дека поговорката „како село без кучиња“е секогаш со негативна конотација и е печат на Злобата на одредено село,или простор населен со луѓе,а не негово воспевање!Повторно ќе прашам: Како да се одбраниме од Накотените Силеџии во човечка кожа,од пиштолџии кои секојдневно убиваат,од манијаците кои секојдневно Силуваат?Да им викнеме Шинтерска служба,а?Има ли ден без злосторство?И за тоа ли ни се виновни животните низ градов?!Жално,но титулите не успеаа да ја воздигнат душата и да ги трансформираат луѓето во поведри суштества!
Од: Благоја Бошковски Буцко
Датум: 02.11.2010 18:11:08
Ова писмо е срамота за тој што го напишал, а поголема срамота е тоа што е објавено во весник. Иначе секој човек со IQ над 120 може да стане доктор. Тоа не ви е баш некоја препорака.
Од: deli
Датум: 02.11.2010 18:19:59
Potpolno go podržuvam avtorot na textot. Sigurno, deka kučinja ne se krivi za ništo!! Kuče živee, se množi i si obezbeduva hrana taka, kako prirodata, genite, tabietot, mu kažuva. No tie povorki, što se šetat niz Skopje, toa e užas! Očekuvam, koga nekoj nesreknik ke bide parčosan, izeden, vrakajki se od nokna smena naprimer. Drdorenje za "humanosta" i "ljubovta prema životnite" ke ostane samo prazno drdorenje, ako ništo nema da se prezema. Predlagam, site ovde što plačat i komentarisaat, da si gi zemaat skitnicite doma, da se grižat za niv, da gi hranat i da gi čuvaat taka, za da ne im smetat na komšii!!Drugi predlog e: gradot umesto vo gluposti da investira vo humano bezbolno likvidiranje na tie čopori čudovišta, a vo grad da može da živee samo kuče registrirano na sopstvenik, so značka i so garantirana griža. Oti Skopje e beter od Indija, sramota, opasnost od zaraza i napadi, ednostavno užas. Koga vaše dete ke se zarazi od šuga, ili besnilo, nad kogo ke plačete, HUMANISTI?
Од: Револт
Датум: 02.11.2010 19:48:22
Д-ре Сретен, да сте ми жив и здрав, Ве поддржувам 100 000 000 посто!!!... а, останатите како djiboni, Васил, или "судијката" од Хаг, Tanja Taseva противничката на геноцидот(?!?) на кучињата скитници, можат слободно "да се сликаат", а уште подобро, да си ги поделат со своите истомисленици сите кучиња, за да бидат пример за хуманост (бре!)... море ај, не трескајте глупости, гледате Планета на животните, па ни сукате мустаќи тука... земете си кучиња и спијте си со нив ако сакате, ама не не дискриминирајте нас, на кои ни сметаат бескрајните глутници...! (Soglasen, потполно се согласувам и со тебе!)
Од: Дволични
Датум: 03.11.2010 00:26:43
Жално за кучињата, а жално и за луѓето. Читам „не“ за убиство��о на кучето во Драчево, „не“ за евтаназија на кучињата скитници. Нормално. Но сте се запрашале ли како е убиено животното чие месо го јадете, да не е на многу похуман начин? Па и животните во кланица ги убиваат на суров начин и никој не вели ни збор за тоа. Ама кога еден човек (можно и со психички проблеми) загубил контрола и убил куче сите се загрижиле за туѓото дело, а не го гледаат и својот удел во малтретирањето и убивањето на многу поголем број разни животни. Секој од нас треба да се запраша како придонесува за подобар третман на животните. Да не прави дискриминација на кучиња и на пр. јагниња, телиња,...па за едните се најубаво а за другите ножот, и потоа да фрла дрвја и камења на другите луѓе кои сметаат дека треба да се тргнат кучињата скитници од улиците, а не дека го оправдуваат убивањето.
Од: Виктор
Датум: 03.11.2010 03:04:36
Леле, леле, какви мудролии, па уште од перото на еден доктор. Е сега гледате зошто ни требаат реформи во образованието?

Најди! во Утрински
Писма
Избрзано, погрешно владико!






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states