Број 3615  понеделник, 27 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Живкица Каленикова

водителка

Сите, па и овој ден го диктира Даријан. Полека се учиме еден на друг, создаваме навики, тој е љубопитен да го гледа светот околу него. Патем, светот сме му јас и татко му, а овие моменти се вистинско уживање. Претпладне одиме на педијатар за да видиме како напредува, а потоа ќе уживаме во дворот.

Драгана Клопчевска

новинарка

Понеделник пак на слатки маки, повторно мајстори, го средуваме нашиот нов дом и ако не сум присутна имам чувство како нешто да пропуштам. Сигурна ми е масажата во „Енерџи“ и кафе со многу драга пријателка. Вечер ќе гледаме телевизија со сопругот - задолжително вести, а потоа добар филм и некоја лесна вечера.

Антонио Димитриевски

менаџер

Мојата работна агенда започнува од раните утрински часови - првата дестинација ми е Министерство за култура за да ги доставам апликациите и последните документи за конкурсот „Проекти од национален интерес во културата 2012“. Потоа, ќе одам во „Универзална сала“ каде што имам редовни хонорарни обврски, ќе ја посетам и МРТВ. Попладневните часови се за мојата три и полгодишна ќерка Илина и за сопругата Росица.


#
Најди! во Утрински

"""