Отвореноста и критичниот поглед на тоа зошто во Македонија и по девет години од конфликтот никој не успева да ја научи лекцијата или да извлече некаква поука од тоа што се случи, само го наметна прашањето - не можеме или не сакаме да ги разбереме пораките од 2001 година? Кому и зошто му одговара постојано некој некого да дискриминира, да иритира, дискредитира, па и демонизира? Иако сакаме да кажеме дека конфликтот во 2001 година е веќе далеку зад нас, сепак, излегува дека длабоко се лажеме. Сознанието што произлезе по дводневната конференција насловена како „Историја и апокрифи - демитологизација на 2001“ дека конфликтот е се' уште меѓу нас, а уште повеќе и дека може да ги демитологизираме настаните, остави горчливо чувство на пораз. И покрај тоа што во самата дискусија некој повторно го загатна прашањето дали во војната имавме поразени и победници, се чини дека, сепак, најголеми губитници сме сите ние, овде и сега. Во дневната заслепеност од политичкото дефокусирање на јавноста и не забележуваме дека 2001 година се' почесто е присутна и оти со секој ден ни се продуцира по еден одреден проблем или хаотичност, со што ни се креираат сопствените ограничувања.
Затоа тука е енциклопедијата што ги вжешти односите меѓу Македонците и Албанците, црквата на плоштадот на кој во исто време нема место за џамија, тепаните студенти, етноцентристичката пропаганда и кампањи, вработувањето на Албанците во државната администрација пред камери за во исто време да биде невидливо регрутирањето на партиските кадри на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и воопшто позицијата на ДУИ во власта со која принципите и договорите се спроведуваат некако на сила. Од друга страна, пак, се продуцираат барања за нови договори меѓу Македонците и Албанците, потоа протести со барања средношколците Албанци да бидат примени во скопското средно Медицинско училиште, а сега и бојкот на малите Албанчиња за учење на македонскиот јазик од прво одделение кај кои веќе од мали нозе се создава отпор кон јазикот.
Сите овие проблеми и милиони начини што ја цртаат линијата меѓу двата најголеми етникума во државава не ни' дава за право да помислиме дека можеме да размислуваме за нас во целина. И натаму ќе има едно „ние“ за Македонците и друго ��ние“ за Албанците. За присуството на меѓусебната недоверба, поделби и страв од „другиот“ нормално, обвинета е политиката и политичарите, кои отровот на заемната омраза многу лесно и брзо го шири кај народот.
Поради тоа, повторно ќе ни се јавуваат главните актери од несреќната 2001 година и повторно ќе не' убедуваат дека не може да живееме заедно и оти тие биле во право кога тврдеа дека навреме требаше да се поделиме. Оттука, воопшто не треба да чуди фактот што како во хор се повторува дека конфликтот не е завршен и оти постојано се конфронтираме за работи за кои треба разумно да расудуваме.
Но, разумот за нас е само именка во мисловната сфера. Дури и едно дете, откако ќе ја заврши деветолетката, има многу повеќе научено од блокираниот разум на политичарите што по овие девет години не научија ниту една лекција и се' уште се на својот почеток. Се чини дека таму им е најдобро, затоа што, примитивно или не, најлесно е луѓето да се држат на граница на толеранцијата и да се опстојува на свеста дека се' се случува поради Македонците или Албанците.
Досега требаше да биде јасно дека со ваква деструктивност никој нема да биде ниту посреќен, ниту побогат освен политичките елити на кои манипулацијата им е единствен начин да останат во политиката. Затоа, и покрај тоа што ја прославивме 2010 година, ние и натаму ќе живееме во сенка на 2001 година, а идејата за демитологизација на 2001 година само ќе ја преформулираме во митологизација на 2010 година. Колку и да звучи како флоскула, сепак, градењето споменици и митови нема да ни ја изгради иднината. Но, ваквите пораки, како по некое непишано правило, не ги слушна никој од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Власта си остана во својот создаден свет на митологии, во кој се чувствува само таа сигурно.
ubavo kazano, ama koj da cita,razmisluva,rezonira i razbere. sto mi e gajle mene ako grujo i negovata svita sega se osoznale deka se makedonci, toa e niven problem i netreba site da ne davaat so nivniot problem. jas sum makedonec od koga znam za sebe i ne mi trebaat nikakvi mitologii, spomenici, crkvi i gamii, banji,muzei i propovedi za mali deca. mene mi treba dobri patista, fabriki, zaposluvanja, mi treba rabota, leb, bezbednost za mene i familijata, sredstva da gi skoluvam-nahranam i oblecam decata, da mozam dostoinstveno da ziveam i barem vo godinata 2-3 dena da odam na odmor, mi treba verba vo instituciite...(veruvam ova im treba na 99% gragani na RM osven na onie 1% rodnini i zalubeni vo grujo). pozdrav do novinarkata (za analitickiot realen priod ) i do utrinski, koi jasno gi detektirate problemite a so toa davate jasni nasoki za izlez od ovaa mizerija i slepa ulica.
Од: Виктор
Датум: 23.01.2010 03:41:30
Добар напис и одличен коментар на Оцески. Тоа што некој има проблем со идентитетот па не знае дали е Македонец, Македоноид, Античар, Словен, Србин, Бугарин, нека не ни’ го наметнува на сите, другите граѓани немаат проблем со идентитетот имаат проблем со опстанокот во својата татковина- Македонија.
Од: batka
Датум: 23.01.2010 11:06:46
Sekogas koga Vladata na VMRO se cuvstvuva zagrozena posegnuva po razgoruvanje na nacionalnite strasti i razgoruvanje na medjunacional
ni tenzii.Pocna so crkva i dzamija na Plostadot,pa do ekspresno voveduvanje predmet vo I odd.i toa na polugodie. Nekomu toa idealno mu odgovara,samo malku da ne se istrcaat..
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.01.2010 11:09:35
Авторката на текстот врши намерно дебалансирање на меѓуетничкиот проблем опсервиран на трибината,за се е крива власта од посочените примери.Поради какво-такво балансирање ќе набројам само три примери.Изјавата од 2001 год на тогашниот поморанџест премиер да војната ја иницира САД и ЕУ, дебело ни ги наруши односите помеѓу Македонија и западот,намерното инструирање на родителите на децата Албанци да ја бојкотираат наставата на македонски и како трето вчерашната изјава на ДПА за интегрирање на албанците со друга албанска држава.Ептен голем допринос за меѓуетничка толеранција двата задни примера.
Од: Vlav
Датум: 23.01.2010 15:36:10
Коалицијата ДПМНЕ - ДУИ, се одржува на многу перфиден начин. Ахмети, само да рече ``га``, тогаш Грујо веднаш ќе го удостои со ``на``. Тоа е основната дпмневска филозофија на купување време. Меѓутоа, треба да знаеме дека,таквата филозофија, скоро секогаш оди на штета на сите други не дпмневски ориентирани македонци и други ентитети. Дали ДПМНЕ, не размислува, дека може да се случи 2001-вата? Само тогаш, борци за човекови права, сигурно нема да бидат албанците, туку сите недпмневци.