Што прават денеска
Александар Масевски
композитор
Наближува рокот за предавање на песните за домашниот Избор на песна за Евровизија, па денеска цел ден интензивно работам на моите две песни примени на конкурсот. Морам да бидам готов до 1 февруари, кога е крајниот рок, па дотогаш професионално сум преокупиран со работа врз песните. Секако, тоа не значи дека се изолирам од нормалниот секојдневен живот.
Мирјана Мајнова
членка на "Синтезис"
Пред нецели два месеци станав мајка, па логично дека во овој период светот и времето ми се вртат околу син ми Димитар. Обврските околу него не ми оставаат време за нешто друго, но сето тоа ми претставува голема радост. Се' уште не размислувам за пеењето, но како што расте син ми, верувам дека ќе фатиме покомотен ритам на животот. Горан Стојановски
актер
Денеска цел ден сум на снимање на Македонските народни приказни, за ТВ А1, во скопското село Бањани. Временската прогноза некако не ни оди на рака, но професионалноста налага снимање и во зимски услови. верувам дека приказните со снег ќе имаат посебен шарм. |