Број 3530  понеделник, 14 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
��кономија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Грчката амбасада агитира

„Славомакедонска националност“ за пописот во Австралија?

Атина - Пратеникот од грчката ултрадесничарска партија ЛАОС, Кирјакос Велопулос, во својата херојска борба со прашања кон грчките министри за теми поврзани со Грција и Македонија овој пат се фокусира на претстојниот попис во Австралија. Во допис до грчкото Министерство за надворешни работи, Велопулос посочува дека грчкиот печат од дијаспората јавува дека македонски организации во Австралија агитираат меѓу тамошните македонските граѓани на пописот на местото на државата да не пишат „Скопје или договорената меѓународна референца ФИРОМ“, туку да пишат едноставно Македонија.

Во официјалниот одговор од грчкото МНР, приложен веднаш до писмото на Велопулос се забележува дека се запознаени со таквите активности на здруженијата на македонската дијаспора и голем број, како што ги карактеризираат, фанатични групи помлади луѓе кои се однесуваат непријателски спрема се' што е грчко и провоцираат со своите активности и изјави. Според грчкото МНР, пописот за нив е уште една шанса да ги пренесат своите ставови. Во писмото се забележува дека и на претходниот попис и на новиот во 2011 грчката амбасада од Камбера, во соработка со властите во Австралија, има осигурано дека на формуларите ќе пишува ФИРОМ. Бидејќи пописот е електронски, од грчкото МНР забележуваат дека таму каде што е запишано „Македонија“, во полето на држава на раѓање во формуларот авто��атски во компјутер ќе биде пренесено како ФИРОМ.

Грчкото МНР во писмото убедува дека нивната амбасада во Камбера се обидува да издејствува, во соработка со австралиски академици, во формуларите за пописот во полето за националност да стои терминот „славомакедонски“.

Покрај прашањето за пописот, еден од последните прашања на Велопулос до грчкото МНР е дали се свесни и како дозволуваат грчкиот разгранок на организацијата „Доктори без граници“ да дели летоци, на кои има мапа каде што наместо ФИРОМ, стои Македонија, иако одговорот од организацијата е дека летоците биле печатени од шпанска компанија, која ставила мапа што се наоѓа на Интернет, без да разгледува која земја како е именувана, бидејќи тоа не ни било главната поента за пораката на летоците. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 3736 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 14.03.2011 12:43:56
MAKEDONIJA E OK
Од: dedo dimo
Датум: 14.03.2011 12:47:17
Prvo Avstralija nema takvo neshto da prifati a Makedoncite vo Avstralija nikogash nema da prifatat takvo neshto Vo Avstralija se se raboti po demokratski pat a ne kako vo EU solidarnost shto ednostavno e diktatura.Makedoncite vo Avstralija sekogash ke ostanat MAKEDONCI i do kolku ima izmena na imeto ,ovde takvo neshto nikoj nema da prifati .ZIVELA MAKEDONIJA I MAKEDONIJA E NA MAKEDONCITE ne samo vo REPUBLIKA MAKEDONIJA tuku shirum po svetot.
Од: Баба Димка
Датум: 14.03.2011 13:34:58
Дедо Димо.ништо не ти е јасно.На последниот попис во Австралија,Македонците се заведени како Фиромци,така ќе биде и на овој попис!Каде не го давате името,во кафеана кога ќе се начукате?Не се вели „Живела Македонија“,тоа е српски,туку „Да живее Македонија“,патриоту неписмен!
Од: fani
Датум: 14.03.2011 14:18:26
A koi se makedoncite spored grcite?!!!Znaci se fatile za nekoi nelogicni argumenti,koi voopsto ne drzat.Bi sakala eden od politicarite da im go postavi prasanjeto kade e problemot;koi se ovie a koi drugite makedonci,koi tie gi stitat?Zosto ovie maltretiranja,ponizuvanja,sopki sekade kade sto ke stignat?i potreben li e ovoj sram i negiranje na eden narod vo 21 vek!!!Vladata na Makedonija treba oficijalno da bara od Grcija izvinuvanje na Makedonskiot narod za se sto pretrpel dosega,a politicarite koi pokazuvale i najmalo ublazuvanje prema grcite za ovoj neobicen nametnat problem treba da se zemat na odgovornost.
Од: Goran
Датум: 14.03.2011 14:50:28
Kakvi slavomakedonci. Tie neka se pisat Greko-Makedonci. Nie sme si Makedonci. A za prodadenava dusa Baba Dimka, neka odi da solu pamet na nekoj drug komunjar.
Од: BRISEL
Датум: 14.03.2011 14:54:45
Ne taka bre braka vo Australija . .Ne bi sakal da gi otvoram kartite kako jas toa go pravam no treba okolu-okolu. Orvo da bidete zadovolni so "najmaliot-cekor" kako pocetok. Sepak za kraj : ne ke moze vo formularite da vleze nesto sto ne postojit kao DEFINICIJA sostavena od : Drzava FIROM, Identitet -SLAVOMAKEDONEC , Jazik - DRZAVEN, ..i sto ne drugo ??
Од: steve
Датум: 14.03.2011 16:14:07
Jas gledam poinaku odkolku sto kazuvaat grcite,,SVE STO E MAKEDONSKO I UBAVO''dali,grci,bugari,srbi i albanci go posvojuvaat da e nivno i toa treba da se rascistime so takvi delimi ednas za sekogas,tugo ne sakame naseto-makedonsko-biblisko ne go DAVAME,a drugite neka se gordeat so toa sto e nivno a ne tugo.Das zivee REPUBLIKA MAKEDONIJA.
Од: Karokan
Датум: 14.03.2011 18:35:48
Г-дине Горан (не си тој од М.Каменица,нели,но на памет сте исти или слични).На кој комуњар,Баба Димка,да соли памет,со нејзиното:"Да живее Македонија"?????? Па само"комуњарите" ли го познаваат јазикот на кој што коментаторот под таа шифра (Баба Димка),го кажува тоа,а останатите "патриоти" од твојот профил го познаваат другиот:"Живела Македонија"!!!!!!!!!!!!!! Што толку те здоболе???? Штоа така ефектно поентираше на нечии глупости??? И поентираше да знаеш!!!До коска!!!! Посебно она:"....во кафеана кога ќе се начукате"!!!!!!!!
Од: Veselin
Датум: 14.03.2011 19:20:41
Koj e Slavjan?Makedoncite imaaty 15% slavjanski gen.Grcite imaat 20% slavjanski gen.Pa tie neka bidat Slavo_Grci.He ,he.Pa duri i turcite imaat 20% slavjanski gen.Pa i tie neka bida Slavo-Turci.A?
Од: jas
Датум: 14.03.2011 22:34:49
a be ovie,zabegani se ama do tolku,bog da cuva,kako da nemaat p[opametna rabota i pogolemi grizi,pa zaedno so bugarite dusa nemaat od nas -ke da sme nekoja NADNACIJA stom trosat volku pari i energija,c,c,c,c,....
Од: Marshalov napad
Датум: 14.03.2011 23:13:03
Do koga "Makedoncite" vo svoite komentari ke ja koristat idiotskata kratenka, pa makar bil citiran stranski izvor - najcesto og FOPG (Former Otoman Province of Grece), imajte pochit kon drugite, ako veke samopochita vi e zakrzlavena!
Од: Od Melburn
Датум: 15.03.2011 03:17:42
На минатиот попис во Австралија (во 2006) Македонците не беа впишани ниту како „Славомакедонци“, ниту како „Фиромци“, како што ниедна друга нација не беше регистрирана според национална припадност. Единствено пописно прашање во индиректна вр��ка со тоа беше на кој јазик се зборува дома, освен на англиски. Врз тие податоци потоа се правени (неофицијални) статистики за бројот на припадниците на различни нации. Види http://www.abs.gov.au/websitedbs/d3310114.nsf/4a256353001af3ed4b2562bb00121564/5d3cc840c7bcef0bca2573410017db9a!OpenDocument
Од: bt_korzo
Датум: 15.03.2011 07:29:44
Jas ziveam vo Sydney i sakam da im ukazam nekolku raboti na moite sogragjani...golemi patrioti makedonski. Ne tuku se prepravajte deka sogoruvate vo zelbata na kengurite i ostanatite nacii da im kazete koi ste ili potocno koi sme. Neka mi pokaze nekoj od Sydney, za drugite gradovi ne garantiram, na kolku dukjani videle deka stoi zbor makedonski, makedonsko ili slicno. Do koga makedonskite furnadzii ke pridavaat KONTINENTALEN leb a ne makedonski.? Do koga ke prodavaat BUREK vo kutii na koi sto pisuva PIZZA? Do koga vo makedonskite kafani ke sluzat GREEK SALAD namesto SOPSKA? Do koga ke se sramat vo vozovite ili vo javnite ustanovi na svoj majcin jazik da zboruvaat jasno i glasno? Dali so stavanjeto na "ubavite makedonski" imina JASSON, MATHEW, BRENDAN, JARROD ili SCOTT go zadrzuvaat makedonskoto vo sebe? Ne dragi moi sogragjani...vas voopsto ne vi e gajle za makedonstinata i za Makedonija. Vas ve interesira samo da se pretstavite kako sto pogolemi avstralci.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Манасиевски
Грипот стивнува, настинките напаѓаат
Деца без детство
Наташа Дуновска прогласена за зимска убавица на Македонија
Концесиите ги оставија рибарите на суво
И штрајковите ќе ја колабираат железницата
Трајни вредности
Се' уште вљубена во Бил Клинтон
Јапонија во деветтиот круг на пеколот
Груевизација на администрацијата
„Турборок-фестивал“ како контраудар на турбофолкот
Обама од Арабија?
Пописот на населението ќе се одложи за октомври
Сите да ја поделиме одговорноста за името
Јапонија пред нуклеарна катастрофа
Карикатура
Утре средба меѓу Груевски и Црвенковски
Стил
Изгласана реконструкција на српската Влада

"""