|
|
|
|
|
|
Реплики
Реплики до Премиерот
Соња Крамарска
Зошто македонскиот журнализам го игнорира супер мегаинтервјуто на премиерот дадено за агенцијата МИА
Седам така и си го замислувам безобразното десетчасовно испрашување на новинарот на МИА на премиерот Никола Груевски, во кое шефот на македонската Влада до најситен детаљ, до најситна бројка, ги презентира достигнувањата на министерствата во неговата Влада. Новинарот, значи, седи со потсетникот в рака и прашува, а Груевски како од топ одговара. Пенетрација на Интернет од 52 отсто, 1.000 реформи и проекти од 2006 досега, 25 нови факултети, изучување англиски во прво одделение, лаборатории за 60 милиони евра, безжичен Интернет во 600 села, спомениците сите по име и презиме и по историско и културно значење, 115 милиони евра за земјоделците, јавен долг само 34 отсто, милијарда евра странски директни инвестиции....Новинарот и натаму дрско прашува, премиерот се поти...
Интервјуто беше распослано точно на 1.000 реда, или ако треба да се стави во весник, би зафатило шест страници. Се сомневам дека н��кој и доследно го читал. Ниту една поента на премиерот не стаса до насловните страници на весниците и ударните вести на телевизиите, што вообичаено се случува во светот на журнализмот кога претседател на влада и на владејачка партија дава интервју. Накусо кажано, интервјуто на моментно најмоќната личност во државата доживеа невидено игнорирање во македонскиот медиумски простор.
Зошто е тоа така? Дали игнорирањето на илјада реда интервју со премиерот, кое уредно секој ден го објавуваше на МИА својата Интернет-страница, правејќи го достапно за медиумите, е прв знак на отпор на македонскиот журнализам кон пропагандистичката политика на владејачката десница. Или едноставно, прелетавме на брзина со очите по бесконечниот монолог на премиерот и сфативме дека нема ништо што би можело да го задоволи вистинскиот интерес на јавноста.
Ако е тоа второто, а мислам дека е, им предлагам на колегите од МИА да го препечатат интервјуто во мала брошура во стотина илјада примероци и да им ја продадат на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се најде на наредните избори како изборен леток и ќе и' заштеди на владејачката партија пари за уште едно печатење на „Преродбата во 100 чекори проширена и надградена“. Затоа што во тоа интервју освен предизборни пароли и милиони бројки за многубројните достигнувања на Владата, како и напади кон опозициската СДСМ и кон Црвенковски, нема ништо друго.
Дури нема одговор ниту на најпристојното прашање што си го поставува секој граѓанин на оваа земја, кога и како Владата ќе ја извлече Македонија од тешкиот спор со Грција што го оневозможува зачленувањето во НАТО и во ЕУ.
Груевски во интервјуто вели дека сме имале невиден подем на економијата што бил запрен со настапувањето на светската економска криза, и тоа е една од најголемите штети што ги претрпела Македонија од кризата. Замислете, каде ќе беше сега Македонија ако не настапеше глобалната економска криза. Веројатно, во космосот.
Зборувајќи повеќе како мандатар, а не премиер што зад себе има близу петгодишно владеење, шефот на македонската Влада до најситна бројка и детаљ ги објаснува достигнувањата во сите поважни министерства, што просто е неверојатно да се поверува дека тој така седел и сите бројки ги вадел од глава додека новинарот на МИА безобразно го испрашувал.
За проблемот со името одговорот сосема го избегна, односно го забошоти. Граѓаните на добија одговор на прашањата што ги засегаат нив и иднината на државата во која живеат. Но, затоа дознавме дека „за да бидеш добар политичар, треба прво да бидеш добар човек“, дефиниција што досега не ја произведе ниту една политичка школа.
Фрла дрвја и камења по Црвенковски околу спорот за името, а самиот не прифаќа никаква одговорност за неизнаоѓањето решение, иако е веќе пет години претседател на Владата, односно тој ги води преговорите со Грција. Ја обвинува и Грција за незаинтересираност и недостаток на мотивација да се реши проблемот, како тоа да не го знаеме сите.
Премиерот отиде и подалеку од овдешните простори, портретирајќи ја јавноста во Грција дека е под влијание на националистичките лидери во Атина. Покажува отсуство на вистинска и реална анализа дека Македонија нема проблем само со претседателите и со премиерите на Грција, туку и со целокупната грчка јавност, која е убедена дека името Македонија на нивниот северен сосед е закана за нив и за нивниот територијален интегритет.
Ендрју Мер, мајстор за политички интервјуа на Би-Би-Си, во својот есеј „Уметноста на интервјуирањето“ вели дека целта е преку интервјуто да ги наведеш политичарите да кажат нешто што ќе ја одведе дебатата напред или да ги изненади илјадниците или милиони читатели со некое ново сознание. Тој вели дека пријателско, но длабинско испрашување може да открие многу повеќе отколку фронтален напад на новинарот врз политичарот. Кај нас, очигледно, пријателското интервјуирање е добредојдено, но длабинското не е.
Македонскиот журнализам, всушност, не најде одговор на обучените политичари да одговараат со пропаганда на нашите прашања. Не сфативме дека манипулирањето на медиумите станува голем бизнис не само во Македонија, туку и во светот. Партиите трошат огромни суми пари за да најмат експерти што ќе им ја „олеснат“ средбата со незгодните новинари. Како да избегнат одговарање на прашањата и како да ја протнат пораката што сакаат да ја испратат до јавноста. Не ретко обуката на политичарите ја прават бивши новинари, бидејќи тие најдобро ја знаат работата. Тие ги прават политичарите подготвени да го претворат вашето интервју во своја пропаганда наместо канал за информирање на јавноста.
Во аналите на британското новинарство остана запамтено интервјуто на Џереми Пексмен со поранешниот лидер на ториевците Мајкл Хауард, кое се претвори во спектакл кога водителот имаше трпение и нерви да му постави на Хауард 12 пати исто прашање, кое тој одбегнуваше да го одговори.
Во светот се прават анализи на секое поважно интервју. Се мери колкав е процентот на одговорените прашања, колку политички поенти се направени и дали делови од интервјуто следниот ден се претвориле во вест на насловните страници или во телевизиите. Интервјуто на Груевски не предизвика никакво бранување, и тоа треба да биде аларм не само за новинарите, туку и за општеството.
Основачот на меѓународната организација „Медиуми за помош на медиуми“, Дејвид Бриер, кој е некогашен новинар, вели дека новинарот никогаш не треба да помисли дека ќе може лесно да ги надмудри спин-докторите на политичарите. Тоа е наивно и глупаво, вели тој. Но, ги предупредува новинарите дека и тие исто како и политичарите имаат своја изборна единица што треба да ја задоволат. Само што кај политичарот тоа се избирачите, а кај новинарот се читателите и гледачите. Македонското новинарство веќе подолго време е во загрижувачка дефанзива. Ете идеја до агилната нова управа на Здружението на новинарите на Македонија.
Груевски е познат како политичар што не дава интервјуа на медиуми ако не се исклучително пријателски настроени кон неговата политика. „Утрински весник“ одамна е архивиран во неговиот кабинет како „непријателски“ и затоа останаа безуспешни сите наши обиди да добиеме интервју од премиерот на нашата земја. Читајќи го интервјуто на МИА, сфатив дека такво интервју, нам, всушност, воопшто не ни треба. |
#
|
Статијата е прочитана 2222 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 25.01.2011 12:23:34 |
|
Соња-И јас би бил Премиер.Да викнам некој Новинар,Да си седнеме да помуабетеме,да се поднапиеме,На кафе мислев.Го извадам ТЕФТЕРОТ со прашајна и одговори.Кој некој ги спремал со месеци.Не би можел да бидам Премиер ако Новинар ме викне во Не-владина Телевизија и ми поставува прашајна кои несе однапред подготвени. |
|
|
|
|
|
|
Од: pero magacinero |
Датум: 25.01.2011 12:43:22 |
|
treba da ni bide jasno,nie makedoncite nemame nikakov problem so imeto,gordi sme sto se vikame makedonci,se gordeeme sto ja imame drzavata republika makedonija rasposlana na 25 iljadi kilometri kvadratni,a zosto samo tolku?zatoa sto drugite delovi na makedonija se okupirani od grcija i bugarija so blagoslov na anglija,francija,rusija,so bukureskiot dogovor vo 1913 god,ete toa treba da im se kaze vlice na papandreo,na nimic,mimic,zosto ne vazat megunarodnite dogovori za covecki prava za makedoncite pod grcija i bugarija,se odkaza li nekoj od niv? da,se odkaza so pismen dokument gosp crvenkoski so grcija,i lupco vojvodata so bugarija,a kako sto trgnala rabotata ke se odkazeme i od ova parce zemja-drzavata MAKEDONIJA |
|
|
|
|
|
|
Од: tito |
Датум: 25.01.2011 12:55:00 |
|
G-go lesno e preku telefon da i se udvaras na nekoja zenska koja ne te poznava ida ikazuvas deka ti si naj naj pa taka inasiot silen premier. Kade mu e maskosta da izleze na eden tv duel so BATE BANE pa da go priznaeme za CAR a ne samo za premier. Pozdrav od KOMUNISTITE? |
|
|
|
|
|
|
Од: љубица |
Датум: 25.01.2011 13:02:48 |
|
Дали воопшто ,,се прашувавте'' за (според вас ) игнорирањето на интервјуто на премиерот од страна на новинарите, или пак сакавте да покажете колку сте лојална на опозицијатa?
Ако беше второто -успеавте !!!
Не можам, а да не ви упатам замерка дека :доколку не ги наведовте доказите за оствареното на власта , ќе ме убедевте и мене во вашите ставови !
Како тоа неинтересно интервју , а вас ве заинтригира да го елаборирате ? Помалку парадоксално , нели?
Има една моја изрека : ,,Не е важно што -туку кој вели, (во случајов пишува) '' .
( Очекувам кароканот пак да се ,,фрли,, на лечење на фрустрациите )... |
|
|
|
|
|
|
Од: Едно име имаме |
Датум: 25.01.2011 13:46:30 |
|
Г-ѓо Крамарска, зошто толку инсистирате на брзо решавање на спорот со Грција? Нели гледате дека со секој ден правдата се повеќе е на наша страна? Каков интерес имате вие од брзото решавање на спорот? Што толку ќе добиеме ако и утре го добиеме тој датум??? Не добиваме ништо, само а многу ќе изгубиме. Не мислат сите како вас! Јас на пример, не сакам да влеземе во ЕУ (во ваквата дволична ЕУ). |
|
|
|
|
|
|
Од: Крт |
Датум: 25.01.2011 13:48:05 |
|
Сигурно сте забележале дека ,,омилениот,, ни премиер што повеќе зборува, помалку кажува. Неговото интервју за МИА може да се вметне и во сто страници ама проблемот е во тоа што од таму неможеш ништо паметно да заклучиш. |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 25.01.2011 13:50:03 |
|
Голем коментар за безначајно интервју на еден обичен манипулант и штетен човек за Македонија е само залудно загубен простор во еден весник! |
|
|
|
|
|
|
Од: Struma |
Датум: 25.01.2011 14:32:11 |
|
pa normalno deka ne vi treba intervju od arhiviran politicar.Koj bi vi go cital?mislite veke nekoj e zainteresiran da procita sto kazal premierot?se somnevam.nikoj veke ne ocekuva nisto od nego. |
|
|
|
|
|
|
Од: Aleksandar Makedonski |
Датум: 25.01.2011 14:59:30 |
|
Заканата за нашето име од Грција е неоснована бидејки до 1993 г. Грција имаше министер за северна Грција. Зборот Македонија беше строго забранет! Ова го кажувам бидејки години живеев и имав своја фирма во Грција. Кога нашата влада во 1993 година го прифатија името ФИРОМ, тие го искористија тоа и сега ни го забрануваат нашето вековно име Македонија. подобро е преродба во 100 чекори отколку никаква, каква што имавме 14 години. Дали ќе не прими НАТО? Ороспијата Европа повторно применува прљава игра кон нас како секојпат во минатото! |
|
|
|
|
|
|
Од: Јован АН |
Датум: 25.01.2011 15:41:45 |
|
Анализата на г-ѓа Крамарска е очигледно тенденциозна.Сите знаеме каков е односот на повеќето медиуми према сегашната влада,а особено према премиерот.Тоа е однос на новинари кои се докажаа со својата “Фабрика“.Оваа влада и покрај многуте пропусти или грешки,како сакате,барем нешто прави,се обидува.Новинарите најдобро знаат кои се реформи се превземени поради барањата на ЕУ.Но да се оптужува за неспособност за нерешавање на прашањето со името - тоа е веќе злонамерно!Оттука доаѓа и таа тенденциозност.Како г-ѓата Крамарска го замислува решавањето на прашањето за името на Македонија?Со прифаќање на уцените кои ни ги сервира Грција здушно помогната од оние кон кои тежиме?Таа цена е неприфатлива. |
|
|
|
|
|
|
Од: todor |
Датум: 25.01.2011 16:55:09 |
|
Што очекувате од оваков Премиер. Па тој потекнувал од редовите на барон Минхаузен во Македонија односно Топурковски. |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 25.01.2011 17:04:04 |
|
Zosto ignoriraat? Verojatno ne e postaveno najvaznoto prasanje? Zosto e Vladata shizmaticna ?(bez navreda, ako e toa zbor za dijametralno sprotivstavena i podelena volja izdignata do rang na strategija)Na edna strana, se sto e vredno ( zemjiste, divogradbi, lokacii i dr. ekonomski kategorii) drzavata gi dava vo bescenetost , za 1 evro ili bespari! Od druga strana, istiot toj siromav i izgladnet narod narod e drakonski kaznuvan niz site zakoni i toa za raznorazni banalnosti vo sekojdnevnoto ziveenje i rabotenje! Ako nekoj plati kazna, kako da ja kupil Pelagonija, Polog ili Ovcepole... po edno evro?! Pravno i ekonomski, toa e shizofreno! Dali e politicki osmisleno ili slucajno, Premierot verojatno ne kazal vo intervjuto?! Moze pisuva vo Programata? |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 25.01.2011 17:25:14 |
|
Tocno e deka edno ime imame i toa e SR Makedonija od 1945 godina, i tocno e deka najlosa pozicija vo vrska so imeto e momentalnata blagodarenie na DPMNE. A sto se odnesuva do podelbata na Makedonija, samo da se naglasi podelba na teritorija a ne na drzava. Dosta so manipulacii. Kolku sto nie imame pravo na toa ime ima i Grcija(51%) |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 25.01.2011 17:58:13 |
|
Si sedam so mojot dedo golem Vmrovec i gledajki gi vestite na A1 veli: Sto e ovaa rabota pa ovie samo kritikuvaat i non stop kazuvaat samo crna hronika od sekojdnevniot zivot pa neli za narodot da gleda TV treba samo ubavi raboti da se kazuvaat a ne vaka.
Kolku bese ubavo koga ke kazuvaa kako donesenite odluki vo CKSKM naidoa na najgolema podrska vo rabotniot narod na RM i so aplaus bese pozdravena.
Kolku nostalgicni vreminja a sepak pozelni i za onie koi ne go ni videle. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 25.01.2011 20:01:48 |
|
Некоментирам ,,местенки,,од прашања на политичари кој секој ,,шут им е гол,,.но околу името ги упатувам сите да го прочитаат краткиот текст во Дневник каде се разоткрива целата работа околу името а изречено од Самарас, Друцас и Папандреу,(ваков е редоследот )Таму тие објаснуваат што бараат од нас(ерга омнес) и што направиле пред тоа(вето)за недобивање покана за влез во ЕУ и НАТО. |
|
|
|
|
|
|
Од: Karokan |
Датум: 25.01.2011 20:20:47 |
|
G-gjo,g-gjice Ljubica,mesto mene eve ti odgovoril nekoj komentator b,pa znacitelno mi ja olesnil rabotata,ne da komentiram okolu dadenoto intervju,tuku da odgovoram na tvoite frustracii!!!
(Mo blagodaram na g-dinot b za toa).Inaku so sto bi lecel frustracii,koga nitu znaev,nitu sum go cital,nitu pak,ako znaev,ce go citav takvoto intervju.(Jas taka nastapuvav vo treto oddelenie so pesnata Karpoz partizan zamina,koga napamet ja bev naucil,gledav vo plafonot od ucilnicata i recitirav,a nekoi zborovi od nea i ne mi bea jasni).
Mi se cini deka nekoj leci frustracii so edno takvo intervju,kako Cavez koj zboruvase pred parlamentot okolu 9 casovi.
Inaku,mesto ladna voda,za otreznuvanje,ti go preporacuvam Editorijalot od Tamara Grncaroska.pomesten vo ovoj broj na vesnikot.Veruvaj ce pomogne vo treznebjeto,osven ako ne si privrzenik na takvata agenda na nekoi "patrioti"!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка до Јован АН |
Датум: 25.01.2011 20:21:20 |
|
Аргументот дека оваа Влада нешто прави може да важи за деца, а не за Влада. таа треба да знае што и зошто прави. На оваа Влада треба да и платиме по можност веќе ништо да не прави, оти се што фати, позлати. Односно и не мораме да и плаќаме, таа дебело си наплати. |
|
|
|
|
|
|
Од: mila |
Датум: 25.01.2011 20:34:21 |
|
Novinarot na BBC se vila Andrju Mar ne Endrju Mer! |
|
|
|
|
|
|
Од: asterix |
Датум: 25.01.2011 20:44:03 |
|
Pa u pravo se mediumite oni pisuvaat ona sto citatelite bi sakale da go procitat. Ocigledno za Grujo nikoj veke ne go boli uvo so zbori, ocigledno go procitavme deka LAZE!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: penzioner |
Датум: 25.01.2011 21:23:05 |
|
bravo Kramarska.Pogodivte vo centarot.Samo prerodbenicite gi pogodivte vo srceto.Koj saka da pisuva za niska intelektualna struktura.Toj raspolaga so nekolku frazi,Za na kraj da zacini za sve e kriv Branko.Za zal takva ni e sudbata Makedonska.Pod ili ispod prosecni da ja vodat makedonija.Toj nema kapacitet mesna zaednica da vodi.Kakov narod,takov premier. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 25.01.2011 22:32:00 |
|
Ако се коментира за реформи кои ги има направено ова влада,подобро беше да не прави никакви реформи.Тоа ке излезе исто како онаа,ДОСТА бате ме бранеше...а ако дискутираме за нашата храброст и патриотизам исто може да се каже со зборовите,дека кога се однесува за името на земјата толку сум голем патриот ,што пешки би поминал 7 планини и би препливал 7 мориња,ама ако заврне ништо од патриотизамот ке си седам дома за да не ме намокри. |
|
|
|
|
|
|
Од: Brosura so citati ala Mao Cetung |
Датум: 25.01.2011 22:50:09 |
|
Gruevski ne dava intervju kaj bilo koj novinar,. Dava intervjua samo kaj novinari so svetsko renome od tipot na Janko- Buregdjija i Ludi Milenko - Arestant. Inakum citati i " golemi misli" od ova mega intervju ce bidat vnimateln o odbrani i otpecateni vo mali knizulina so lavce na koricite i ce se ddelat na site Makedonci, slicno na onie crveni brosuri vo Kina vo vreme na Mao Cetung,od koja sekoj kinec srpese mudrosti citajci gi citatite na golemiot vodac |
|
|
|
|
|
|
|
|