Лувр има виртуелен кустос
Ликот на Доминик Виван Денон, првиот кустос на музејот, ги води посетителите на обиколка
Следејќи ги се поприсутните трендови за популаризација на музеите и нивно приближување до посетителите од сите генерации, парискиот музеј Лувр ги збогати своите страници на интернет, со иновативна интерактивна програма.
Имено, посетителите на интернет страницата на Лувр ги дочекува ликот на Доминик Виван Денон, првиот кустос на овој музеј. Служејќи се со ни��а необични предмети, тој не води низ музејската збирка и не учи на историските факти, притоа често навраќајќи се на сопствениот живот.
Секој од предметите од Деновото ателје има своја приказна. Со кликнување на сликата од глобусот, Денон се присетува на сопствените патувања, големиот дневник на неговата м��са ја открива приказната за кражбата на „Мона Лиза“, египетската експедиција и дијамантот Регент, а сунѓерот ја донесува приказната за портретот на Рафаел и реставрацијата на неговите очи.
Иако претежно е добро расположен, виртуелниот кустос честопати е нерасположен и зајадлив. Понекогаш дава јасни и информативни објаснувања, а некогаш забавни детали од минатото. Иако забавни и честопати необични, сите приказни се вистинити.
Автор на овој мошне иновативен проект е Франсоа Пласе кој последниве 20 години работи како илустратор на детски книги, а што се однесува до ликот на Доминик Виван Денон, тој е првиот кустос на најпосетениот музеј на светот, кој живеел од 1747 до 1825 година и се занимавал со археологија, уметност и политика.Како навистина изгледа неговото виртуелно водење низ Лувр, може да се провери на Интернет-страницата на музејот. (К.Р.) |