Што прават денеска
Сабина Ајрула
актерка
Најголемиот дел од денот го минувам во студио на натсинхронизација на серијата „Кога лисјата паѓаат“. Попладне имам работен состанок во врска со еден нов проект. Вечер ќе се потрудам да зготвам нешто убаво по повод една семејна прослава, а и да им оставам ручек за утре на сопругот и на синот, ако одам на пат.
Дејан Ацески
музичар
Вечерва со Вања Лазарова настапувам на отворањето на веќе традиционалниот „Пиволенд“ на Скопското кале. Денот главно ќе мине о подготовка за настапот и во 20 ч. на сцената ќе ги изведеме најубавите песни од репертоарот на тетка Вања: „Прошета се Јовка Кумановка“, „Со маки сум се родила“, „Ти ли се најде Лено мори“ и други песни.
Ана Зафирова
ТВ- водителка
Денеска, точно напладне сум ангажирана да ја водам прес-конференцијата за изборот на „Најдобар работодавач за 2010 г. во Македонија“. Прогласувањето ќе се одржи во ресторанот „Воденица“, а ќе бидат презентирани резултатите од спроведеното истражување, како и критериумите според кои е мерено задоволството на вработените во организациите. |