Конечно се случи и тоа. Македонските власти најавија сет од мерки со кои ќе ги ублажувале последиците од разорната светска економска криза, која турна на колена стотици моќни светски компании и банки и остави без работа илјадници работници ширум светот.
Тимот на премиерот Никола Груевски, во веќе добро познатиот манир кога на јавноста сака да и' соопшти „нешто големо“, завчера во полн состав ги презентираше десетте мерки за спас од кризата. И тоа воопшто не е спорно. Напротив, убаво е да се слушне дека власта што ја добила довербата, мисли на граѓаните и на компаниите, и презема активности за да ги заштити од економскиот колапс што му се заканува на целиот свет.
Меѓутоа, неодминлив е впечатокот дека некако предолго чекавме на тие мерки. Останува нејасно зошто на македонскиот естаблишмент му требаа цели три месеци за да се освести и да подготви пакет контра кризата, иако и бизнисмените, и граѓаните, и експертите, ја повикуваа да го направи тоа многу порано. Уште кога нападна стравотниот финансиски земјотрес, целата светска економска и државничка елита се крена на нозе, со цел тој да се пресретне што побезболно. Средби на највисоки нивоа на првите луѓе на најзначајните држави и планови за спас тешки стотици милијарди евра, беа главни настани на светската сцена. Само во македонската оаза тогаш немаше криза.
Сега нашата власт некако преку ноќ сфати дека таа навистина постои, дека е голема и опасна и дека сигурно нема да ја одмине нашата држава. Нашите компании многу одамна алармираа дека им се откажани нарачките, ги губат партнерите, отпуштаат вработени и без владина поддршка нема да успеат да ја преживеат кризата. Особено металците и текстилците, како најпогодени гранки, едноставно молеа за државна помош. Но, тогаш вицепремиерот Зоран Ставрески самоуверено и дрско им порача дека е доволно да се откажат од дел од ланските профити. Таквиот цврст и непопустлив став Владата го држеше се' до пред два дена. Министерот за економија, Фатмир Бесими, дури прогнозираше дека Македонија можела да извлече и корист од кризата.
И по сите такви „бисери“, одеднаш како бомба во јавноста одекнаа владините мерки, а уште повеќе нејзиното признание дека тие се навистина потребни дури и во Македонија. Уште почудно прозвуче изјавата на премиерот Никола Груевски дека економскиот пакет грижливо се подготвувал во последниве неколку недели, така што многу од неговите реперкусии биле веќе вградени во буџетот за 2009 година. Нејасно е кога се вградиле мерките, од причина што буџетот беше спакуван уште пред еден месец, кога власта, барем јавно, не покажуваше ниту намера да излезе со пакет за спас.
И нешто околу мерките. Иако експертската јавност го поздравува фактот што конечно се донесоа, таа не пропушта да ја критикува нивната содржина. Некои од стручњаците сметаат дека дел од нив не' враќа назад, во деведесеттите години, кога се носеа програми за рехабилитација на фирмите загубари. Тие прашуваат - ќе значи ли ова фаворизирање на неспособните компании и дава ли Владата на овој начин сигнал до сите стопански субјекти, во смисла - работете лошо, а власта потоа ќе ве награди.
Исто така, нејасно е дали ќе им помогнат мерките токму на оние претпријатија на кои во овој момент им е најмногу потребна државна финансиска поддршка. Ќе си го дозволи ли власта под тоа алиби да финансира фирми блиски до неа, а да ги избегнува оние од „спротивната страна“ според политичкото убедување, би била една од следните дилеми. И, конечно, познавачите предупредуваат дека владиниот пакет ќе се доживее како класичен маркетинг, доколку власта итно не го намали буџетот за таа сума, со што и практично ќе покаже дека ќе ја даде ветената финансиска поддршка, која самата ја процени на околу 330 милиони евра.
ovie merki ne samo shto nema da bidat produktivni,tuku vladata sega ke gi reklamira po televiziite i vesnicite i badijala ke potrosi sredstva od nashiot budzet.
Од: ljupco,bitola
Датум: 29.11.2008 02:48:39
Дури немаше никакви мерки-зошто нема?Сега кога владата донесе некои мерки-не ви чинат.Па одлучете се веќе еднашЗаземете малку поцврст став.Доста е млатење на празна страна.
Од: nena
Датум: 29.11.2008 10:38:23
Со овие мерки Власта ги наградува неплаќачите, тие што на вработените не им плаќаат ни плави картони ни продонеси за ПИО а ги казнува редоно што си плаќаат па сега витете, сега тие по 5-год. неплаќанје ке си почната да си плаќаат редовно а обврските на рати и со попуст браво машала
Од: zabegan
Датум: 29.11.2008 10:48:34
pa narodot poveruva na ova vlada deka ne trebat merki i sega i taka se odnesuva.kako za 3dena go menuvat mislejneto sega trebalo se prasuvam?dali nesto vopsto mislat,ako DOJCIN ne strajkuvase uste ne ke se prevzema merki e toa tie VMLO.
Од: ekonomist
Датум: 29.11.2008 16:59:37
Navistina smeshen komentar,nitu dete od prva godina sredno ekonomsko ne bi pishuval vaka.ako nema merki zoshto nema?,zoshto e budzetot obemen,treba da se pomogne,ama so shto so voshki?Od druga strana ke imse prosti na onie koi shpekulirale do sega so neplakanje danoci i pridonesi.Vo svetot prvo nastana bankarska finansiska kriza,pa posle stopanska.Vo Makedonija nema finansiska kriza,bankite se stabilni,a sega ke treba da se izdvojat sredstva od chesnite za da im se dade na nechesnite,da se zeme od sposbnite i da im se dade na nesposobnite.Prvo neka si gi platat starite dolgovi ili neka odstapat del od imotot na drzavata,so toa i del od profitite i dolgovite,pa togash neka se pravi programa za pomosh.
Од: Историчар
Датум: 29.11.2008 17:52:18
А бе сирома Лупчо од Битола. Треба да знаеш дека некои луге размислуваат со големиот мозок, некои пак, неможејки со него, го користат малиот мозок, а трети пак, го користат р’бетниот мозок. Ти си еден од овие последниве. Ти го прочитав коментарот на извонредниот ски, еден од ретките или малкумина македонвоен аналитичар генералот Атанасовски генерали, на кои, ние Македонците треба да им се восхитуваме. Македонија низ борба токму тогаш создаде генерали.
Од: Aminta
Датум: 30.11.2008 08:22:50
Ovoj Ljupco stvarno mnogu dosagja po vesnicive,aj toa ama site muabeti mu se prosti