Силен пресврт на Волстрит
Објавувањето на планот за спас на банкарскиот гигант „Ситигруп“ од страна на американската влада доведе до позитивен бум на Њујоршката берза, каде што речиси сите акции остварија силен раст. Гаранциите во висина од 306 милијарди долари што ги даде владата за проблематичниот имот на банката и најавата од Конгресот дека ќе го усвои пакетот мерки за поттикнување на стопанството позитивно се одразија врз инвеститорите.(Макфакс) |