Број 2847  среда, 26 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

ММФ: Немаме одлука за затворање на Канцеларијата

Од финансии, пак, тврдат дека токму од Вашингтон ги известиле за ваква намера

Нина Нинеска-Фиданоска

Канцеларијата на ММФ во Скопје од централата во Вашингтон се' уште нема добиено финална одлука дека ќе биде затворена во мај идната годинава, како што веќе прогласи македонската власт. Од канцеларијата на ММФ во Скопје вчера изјавија дека „продолжувањето на Канцеларијата на ММФ се ревидира секоја година и тоа е стандардна процедура. Во врска со канцеларијата во Скопје не е донесена никаква одлука, ниту, пак се очекува наскоро“. Ова е одговорот што го доби „Утрински“ од ММФ во Скопје, откако завчера министерот за финансии, Трајко Славески, јасно стави до знаење дека се прекинува со ММФ и дека канцеларијата ќе биде затворена во мај.

Од Канцеларијата во Скопје не коментираа дали во ова време на голема финансиска криза, е паметно за нашата држава да се откаже од средствата и советите на оваа институција.

Наспроти ваквиот став, во Министерството за финансии вчера изјавија дека информацијата оти канцеларијата ќе се затвори во мај ја добиле токму од централата на ММФ во Вашингтон. „Не' информираа дека поради потребата да се кратат трошоците, најверојатно ќе биде затворена Канцеларијата во мај. Ние се согласивме, и покрај тоа што сметаме дека е подобро да има претставник“, изјави Мартин Мартиновски, портпарол на Министерството за финансии.

Нашите власти деновиве повторно јасно укажаа дека веќе не сакаат да имаат „надзор“ од овој главен контролор на трошењето на буџетските пари. Фактот што ММФ барал од Владата за в година да проектира буџетски суфицит е една од причините зошто Македонија веќе не склучува аранжмани со фондот. Тоа, според власта, ќе значело и ново зголемување на каматните стапки. За разлика од таквите совети, за идната година Владата испланира буџетски дефицит од дури 2,8 отсто од БДП. „ММФ ја притискаше Народна банка на Македонија за натамошно зголемување на каматните стапки. Ние отворено кажавме дека доколку НБМ, зборувам за септември, се реши за уште едно зголемување на каматната стапка, по двете претходни од 5 отсто на 7 отсто, тоа би го окарактеризирале како многу лош и непотребен потег“, изјави Славески.

Но, факт е дека и нашите власти не се согласуваат со ставовите на ММФ дека треба да се штедат буџетските средства. Напротив, Владата смета дека во време на светска криза мора да се стимулираат инвестициите во домашни капитални проекти.

Според експертите, нејасно е како во време кога многу помоќни држави се одлучија да бараат помош ��д ММФ, нашите власти се убедени дека нема таа да им се покаже како потребна.

ММФ минатата недела вети дека ќе и' даде финансиска помош на Летонија, а пред тоа се договорени финансиски пакети за Исланд, Унгарија, Србија, Украина и Пакистан. Дури и во Фондот се скептични како ќе се обезбедат сите средства. Вчера ММФ и понуди на Турција 19 милијарди американски долари за поддршка на економијата, иако Турција бараше поголема сума. Фондот одобри и заем за стабилизирањето на економијата на Пакистан во вредност од 7,6 милијарди долари.


Статијата е прочитана 257 пати.

Испрати коментар

Од: Mile
Датум: 26.11.2008 12:20:04
Кој сте бе вие експерти да кажувате,ние од “преродбата’’ имаме суперексперти какоСтавревски Чинговски и уште еден куп кои знаат експертски работи.Заборавив да кажам за експертот Коњановски ама друг пат.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Силен пресврт на Волстрит
Повторно казни за брокерите - сакаат да ќарат во матните времиња
„Свeдмилк“ се затвора?
Пречки во АДСЛ - Интернетот на „Т-хоум“
Цената на нафтата расте - 55 долари
Заврши блокадата на „Окта“
Сите со свои верзии колку кризата ќе удри во земјава
„Јагуар“ и „Лендровер“ бараат кредит
Браун предложи поголеми даноци за богатите