Број 2800  среда, 01 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Груевски и Црвенковски, наместо став за името, пак се скараа

Груевски побарал време за осмислување на ставот на Владата за името

Тамара Грнчароска

Претседателот и премиерот на државата, Бранко Црвенковски и Никола Груевски, обидот во понеделникот да изградат заеднички став околу прашањето за спорот со името, го престорија во уште една потврда за својата непомирливост и несогласување. По средбата во кабинетот на претседателот која траеше еден и пол час и двете страни излегоа со меѓусебни обвинувања.

Црвенковски по средбата, на сметка на Груевски, рече дека „е очигледна намерата на Груевски да се избегне каква било одговорност и да се остави медијаторот Нимиц на еднострано влијание и корекции само од грчка страна“, со што, смета претседателот, се создава амбиент за многу полош предлог за Македонија. „На денешната средба не го слушнав ставот на Груевски за последниот предлог на Нимиц и тој одби повеќе мои предлози, меѓу кои и тој да се искористи можноста што ја остави медијаторот за уште една средба, заради презентирање јасни ставови на Македонија, пред дефинирање на својот конечен предлог“, соопшти Црвенковски. Шефот на државата не кажа детали за предлогот на Нимиц, бидејќи, како што рече, со тоа би и' нанеле штета на македонската преговарачка позиција. „За нас е клучно прашање да не се загрози националниот и културниот идентитет на македонскиот народ“, рече Црвенковски.

Претседателот го обвини премиерот за избегнување одговорност во целиот процес и изјаснување во врска со него. „Решение за спорот не е можно без негово директно инволвирање како премиер и како лидер на парламентарно мнозинство“, изјави Црвенковски, додавајќи дека само со заеднички напори и со поделена одговорност меѓу претседателот и премиерот на државата ќе има надеж за позитивен исход. „Го повикувам и замолувам претседателот на Владата да си ја преземе премиерската функција и одговорноста што оди со неа, заедно да учествуваме во процесот, заедно да се обидеме да издејствуваме максимално, колку што е можно подобро решение за Македонија. Одговорноста мора да се подели и од неа не може да се побегне “, рече Црвенковски. „За жал, наместо на координативна средба меѓу мене и премиерот да до��де до усогласување на ставовите и до заедничка позиција за преговорите за едно од најбитните прашања за нашата земја, таа средба заврши со потврдување на разликите што постојат меѓу нас“, изјави претседателот на државата.

Според него, „ова е клучното прашање за земјата и особено околу тоа прашање не може некој да го крие или да го одложува проблемот, бидејќи со одложувањето тој не станува помал, туку само поголем“. Црвенковски оцени дека ако нема напредок во наредните две-три недели, ќе следува најмалку едногодишен мораториум, а Македонија ќе стагнира на патот кон ЕУ и НАТО.

Груевски по средбата во својата изјава за медиумите не сакаше да изнесува детали за разговорот со Црвенковски на кој присуствуваше и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. „Бевме информирани за оној дел за кој Црвенковски сметаше дека треба да бидеме информирани, за неговата средба со Нимиц и за другите средби што ги имаше во Њујорк. Ги слушнавме тие работи што ни ги кажа. Останува да видиме во наредниот период каков предлог ќе ни даде Нимиц, што тој го најави за скоро, по средбата со Дора Бакојани и Црвенковски“, изјави Груевски. Тој во интерес на конструктивноста на процесот, конструктивниот пристап кон Нимиц, па и кон Црвенковски, одби да даде други детали во врска со разговорите.

Сепак вчера Груевски излезе со изјава во која го обвини претседателот за избрзан јавен настап околу името, со забелешка дека Црвенковски се исплашил од барањето на Владата да добие „само ден да оформи став за последниот пакет на Нимиц“. „Побаравме да размислиме барем еден ден за понатамошните чекори, вклучувајќи и неколку негови нови предлози, меѓу кои веднаш и итно по неговото враќање од Њујорк, Димитров и Мартин Протоѓер да заминат кај Нимиц, кој пак претходно не' информира дека по средбите со Црвенковски и со Бакојани не смета дека нови средби ќе помогнат, иако не ја исклучува можноста доколку ние инсистираме да ја прими нашата делегација“, рече Груевски. Премиерот вчера му упати нова порака на Црвенковски дека „каде и да сака и кога и да сака ќе ги испратиме Димитров и Протоѓер“. „Тој може да има колку сака јавни или тајни средби, може да договара што сака, може јавно да не' напаѓа, прифаќам се', прифаќам и да ја поделиме одговорноста, прифаќам ако сака да кажеме дека тој нема никаква одговорност, дека што и да се договори, какви да се неговиот и мојот став за ова прашање, доколку има конечен предлог што ќе го прифати и другата страна, ќе одлучи народот“, порача Груевски.

Ден претходно преку соопштение од Владата беше коментирана изјавата на Црвенковски, со оцена дека била нервозна и штетна за државата, со барање до Црвенковски да биде коректен и да не употребува навреди и лажни обвинувања.

За ситуацијата Груевски - Црвенковски вчера свое мислење даде и новиот американски амбасадор во земјава Филип Рикер, кој одговарајќи на новинарско прашање како ќе се одрази тоа врз позициите на Македонија рече дека тоа е нешто што треба да се реши. „Сметам дека македонските лидери го разбираат тоа. Ова е многу значајно време да се работи сериозно на решение“, изјави Рикер. Повторувајќи ја американската поддршка за изнаоѓање решение под покровителство на ОН, Рикер изјави: „Верувам дека тоа ќе се случи“. „Потребна е флексибилност и вистинско раководство на сите страни“, рече Рикер, додавајќи дека тоа е важно за иднината на Македонија.

За заострувањето на односите меѓу Црвенковски и Груевски вчера информираат и грчките медиуми. Според грчкиот весник „Елефтерос типос“, Груевски по средбата со Црвенковски побарал од медијаторот Нимиц да го врачи својот предлог за решавање на спорот со името директно до владите на двете земји. Весникот, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека е можно Нимиц, наместо да се сретне со преговарачкиот тим на двете држави во Женева, наскоро да ги посети Атина и Скопје, доставувајќи го својот предлог до политичките лидери, од кои ќе бара да се изјаснат дали предлогот е прифатен или одбиен.

Новата кавга меѓу македонскиот политички врв доаѓа само неколку дена пред најавената средба на медијаторот Нимиц со македонскиот и грчкиот преговарач, на која, неофицијално, се очекува нов предлог за решение на спорот. Грчките медиуми за „новиот и конечен предлог“ на медијаторот Нимиц за спорот со името објавија дека тој ќе содржел географска определница „Горна“ или „Северна“, а за националноста „македонска“ испишана на латиница со македонска транскрипција.

Весникот „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека Нимиц ќе ги посети Атина и Скопје во почетокот на октомври со пакет што веројатно ќе содржи конечен предлог во оваа фаза на разговорите. Повикувајќи се на дипломатски извори, весникот објави дека Нимиц е фокусиран да добие согласност од Атина и од Скопје за „Горна“ или „Северна“ Македонија, како прифатливо решение. Според „Катимерини“, Нимиц ќе се концентрира на прашањето за националноста и ќе предложи да стои „македонска“ испишана на сите официјални документи, вклучувајќи ги и пасошите на македонските државјани.


Статијата е прочитана 3077 пати.

Испрати коментар

Од: vrves
Датум: 01.10.2008 00:14:23
Predlog do ureduvackata politika na vasiot dneven vesnik postavetego prasanjeto ,,Dali sakate MAKEDONIJA da prifati poinakvo ime od ustavnoto ,,ili uste po konkretno prasajtego Branko Crvenkoski kakov predlog ima toj i toj stavetego kako prasanje.
Од: köln
Датум: 01.10.2008 00:28:00
ovaa tema ne vi e interesantna ni za najnepismeniot covek na zemjinata topka ,dosta veke dovolno bese ,narodot psihicki go opteretivte ,cela god. samo toa na skoj tv dnevnik ,vo site novini ,i sto na kraj ? kaj go ima toa vo svetot ,pa tokmu zatoa bas vo MK se slucuvaat takvi raboti ,kajov pat si pravi po takov si odi
Од: pravda
Датум: 01.10.2008 00:44:37
e moj premiere ti prifacas odgovornost samo koga si opkruzen so udobnost i zabava a odgovornost za toa kade odi Makedonija za tebe e mislovna imenka.Svojata nesposobnost eve vece sest meseci se obiduvas da mu ja prefrlis na Crvenkovski ama nema da mozes,TI dobi mandat i ako si masko poveli odluci,ne moze da baras od narodot da ti dade doverba i mandat a od druga strana narodot da ti resava,po taa logika daj si ostavka pa narodot neka bide premier TI i onaka ne mozes,tolku od maskosta
Од: Mihajlov
Датум: 01.10.2008 00:46:21
Na Grujo izgleda ne mu e jasno, deka amerikancite nema vechno da ne podrzhuvaat. Isto taka albancite mozhaat Makedonija da ja destabiliziraat, koga sakaat. Bugarija isto taka ne gleda so simpatija na makedonska nacija, truena skoro edno stoletie so antibugarska propaganda. Grujo trebs da se svali na zemjata, bidejkji nie sme, vo sushtina, vo mnogu slava pozicija. Samo prosrpski orientiranite, kako Latas, imaat interes Makedonija da ne vleze vo EU i Nato.
Од: diplomat
Датум: 01.10.2008 01:07:39
dali na nasite politicari(pretsedatel i premier ) i dr. im interesira nestro za narodot deka sme vo izolacija na nadvoresnta politika ,dali znaat deka ne mozeme da mineme od tabanaovce ponatamu,,neka ne igraat veke na golemite patriotski karti narodot ne e glup i neka si izvrsat svojata rabota kako sto treba zatoa se plakani od graganite..tezko na nas narodot
Од: Vasil
Датум: 01.10.2008 02:22:07
Gorna i Severna Makedonija se Grcki predlozi duri od 90tite godini. Ako nasite lideri prifakaat vakvo ime za domasna ili za nadvoresna upotreba stvarno se predavnici. Edinstvenoto resenie e prekin na pregovorite.
Од: владимир
Датум: 01.10.2008 03:10:53
Добро бе какви позиции имаме ние во преговарачкиот процес?Се изнаслушавме глупости од луѓе од типот „Проблемот со името не наш проблем, тоа е проблем на Грција?“Навистина е така?Па ние не можеме да се зачлениме во ОН под уставно име, ние сакаме НАТО и ЕУ, ние имавме ембарго а не Грција, ние сме сиромашни, нашите вадат пасоши за надвор а одат на митинзи патриотски, не мошеме ни едно судење за терористите да спроведеме од што не фунционира правото, а вие ми викате нешто штитиме идентитетот? Кој идентитет лузерскиот?Па едно Косово бре ни презбора ни вика ке видиме дали ќе ве признам под уставно име , партиски кадри се вработуваат на големо ко потопот на светот да заполнува а вие викате да го чуваме нашето? Та кое наше?Идентитетот нон стоп се гради и се докажува се потврдува, доста веќе со тоа ееее кои бевме ние на времето!!! Тие биле,тие, ние сме ова денес што сме најслаба економска земја во еу, без култура и свест на народ итн....
Од: Ace
Датум: 01.10.2008 04:23:15
A Grcite gledaat i se smeat, mislejki si "dobro odi rabotava, vremeto raboti za nas".
Од: Mihail
Датум: 01.10.2008 04:47:21
Dosta e veke. Za nastanatata situacija postoi ednostavno resenie. Prekinete gi pregovorite. Nema pricina ponatamu Makedonija da ja trosi svojata energija na ovoj spor. Neka si ja prevzemat diplomatite svojata rabota i neka si ja teraat tiho i agresivno. Oficijalno treba da se prekinat site pregovori, vladata i narodot treba da se smirat i da se fokusiraat na tekovnite egzistenciajlni prasanja. Veke nema smisol da se prodolzuva so ova ponizuvanje i maltretiranje na narodot.
Од: jimmy1
Датум: 01.10.2008 05:20:04
Imeto ni e Makedonija i ne treba prifakanje bilo kakva dodavka. Ako na na Grcite ne im odgovara toa e nivni problem. Ne mozime nie da go menuvame imeto zosto Grcija toa go bara. Grcija ima golema podrska od nadvor, od istite sto e podelija Makedonija i od niv nemozime da ocekuvame nisto podobro. Dokolku Grcija saka da se resi problemot zosto taa ne go promeni vo Juzna Makedonija, tie ne sakaat da promenat ime na provincija a nas ne prisiluvaat da menuvame ime na drzava. So Grcija ne e problemot so imeto na Makedonija, pogolemiot problem e so nas, so makedoncite vo Grcija, sto voopsto postoime kako makedonci. I da prifatime bilo kakva dodavka na imeto, toa nema da zastane na toa, Grcija i ponataka ke prodolzi da ne uslovuva na promeni se dodeka nestane imeto Makedonija, se dodeka nie totalno go izgubime nasiot identitet, nasata kultura, odnosno se dodeka nas ne snema kako makedonci, i se dodeka Grcija ne ne e prisvoi celata nasa vekovna istorija. Duri togas Grcite ke bidat zadovolni.
Од: marjan
Датум: 01.10.2008 06:06:21
jas mislam deka vlastite nasi mozat da prifatat samo Demokratska Republika Makedonija nisto drugo!
Од: Nela Radonjik
Датум: 01.10.2008 06:26:50
stramota sto se slucuva ova prepucavanje pomedju premierot i pretsedatelot, stanuvaat vise banalni i se ponasaat kako deca sto se karaat za igracka.Pa se raboti za nasata drzava, Makedonija i resete go ednas problemot okolu imeto i zaboravite gi vasite glupavi emocii dajte i zivot i idnina na Makedonija
Од: Kiril
Датум: 01.10.2008 07:16:09
Deka sme gorna ili severna Makedonija, toa e fakt od koj nema beganje. Deka ne sakavme promena na imeto, i toa e fakt. Zatoa "makedonski" napisano na angliski e odlicen predlog. Pa i "burusaski" na angliski ne e "burushasian". Znaci, dokolku ovoj predlog dojde na referendum, jas definitivno glasam ZA i kraj na prikaznata za glupiov problem.
Од: Goce Delchev
Датум: 01.10.2008 08:03:53
Gruevski so VMRO-DPMNE nemaat stav za najvazhniot problem na zemjava. Od partija kako VMRO se ochekuva da gi otfrli site predlozi za menuvanje na ustavnoto ime, donese zakon so koj bi se zabranilo na makedonski funkcioneri da pregovaraat ili dogovaraat promena na ime i jasno stavat do znaenje deka ovaa Partija nikogash nema da go smeni ustavnoto ime na zemjata.
Од: Набљудувачот
Датум: 01.10.2008 08:12:33
Баш ме интересира кој пат за НАШАТА, на народот, иднина, го избра Грујо-конструктивес? За жал, насетувам дека не ќе е на добро. А, за НЕГО и за НЕГОВИТЕ, не се грижам, бидејќи гледам, по коментарите, дека тие знаат нешто што јас не го знам, па се задоволни до егзалтација. Само да не им залетне?!
Од: strumićanec
Датум: 01.10.2008 08:34:15
kakva pridevka za makedonija makedonija mora da ostane pod ustavnoto ime što e priznata preku 120 državi republika makedonija pred 50 godini vo školo ućevme za egejska pirinska i vardarska makedonija grcite neka si ja vikat egejska bugarite pirinska nie pak vardarska i 3 državi imat nešto makedonski problem rešen
Од: Од Струмичанец
Датум: 01.10.2008 08:50:07
Ako беше само проблемот со името,со додавка на географска одреница-можеби и ќе беше решен,но знаејки ги грците,а и старата ........Европа-која незнае со кого си има работа.Следен услов е преименувањето на македонците,па јазикот и тоа крај му нема-се додека нас не снема.
Од: граѓанин-ох
Датум: 01.10.2008 08:51:17
Абе слепци едни се преговара за името за меѓународна употреба(ФИРОМ) а не за уставното име, но аку почекаме уште малку и продолжиме да изиграваме големи патриоти(Грујо) брзо ќе дојде времето кога и уставното име и идентитетот ќе бидат ставени на маса.А за "vrves" да го постави прашањето- Дали Груевски сака да се смени фиром со Северна или Горна Македонија,а не упорно да го брани фиром
Од: Persa
Датум: 01.10.2008 08:52:53
Duri e BC na politickata scena ke nemame ni drzava ni ime.Neka si zamine ednas za sekogas i da gi ostavi tie sto mozat i sakat da rabotat , neka ne se pletka aren si bese 4 god pod jorgan planina .
Од: од елена
Датум: 01.10.2008 08:57:26
До Кирил...Ти разбираш што точно значи "македонска“ испишана на латиница со македонска транскрипција? Ај прочитај го тој збор (makedonska), ама како да читаш англиски! Е тоа што ќе го прочиташ, тоа ќе биде како ќе не викаат сите во светот. Значи нешто како mejkdonsk. Јас се надевам дека убаво ти објаснив и дека после ова нема да гласаш ЗА на евентуалниот референдум:). Поздрав
Од: Nikola - Germanija
Датум: 01.10.2008 09:02:35
Na vasiov premijer poleka,no sigurno mu se zgustuva situacijata i stanuva svesen,deka odgovornostta za imeto ne moze da go prefrli na Pretsedatelot.B.C. e predolgo vo poltikata za da si dozvoli nekoe dete kako N.G. da go izigra-N.G. na slivar slivi ke mu prodaval!?Ako ne se resi problemot sega,togas MK e taa strana koja ke ja plakja cenata,a ne GR.So vasiot inaet i needinstvo pokazuvate deka po priroda ne pripagjate vo Evropa.Ne poznavam narod koj si dozvoluva da go krstat od nadvor bez pritoa da se brani odnosno da ponudi resenie od svoja strana,nego ceka od nadvor da mu resat problemite.So pocit,dragi moi severni Makedonci ili nothern Makedonskian :-))
Од: mene
Датум: 01.10.2008 10:13:57
Site ovie koi predlagaat prekin na pregovorite mora da se epten umni. Ama EPTEN!!! Ne znam samo kako ne napravile nekoja naucnicka ili politicka kariera, kakva losa karma gi zatvorila vo Makeodnija pa ne mozat da stanat PRETSEDATELI na celiot SVET!!! Bas me interesira kako ce vrzeme kraj so kraj ako gi prekineme pregovorite. Znaci, ne ne interesira nisto ni NATO ni EU si ostanuvame izolirani. Aj navedete mi edna drzava koja si zivee vo prosperitet, a izolirano?!!! Bravo be, golemi umovi na Makedonija! Ehhh od takvite patime.
Од: zoki
Датум: 01.10.2008 10:55:11
Za site sto mislat deka treba da se prekinat pregovorite. Dobro, ke gi prekineme, i sto potoa, ste se zaprasale? Ke toneme se podlaboko i podlaboko, ke mizeruvame uste poveke, kako ova da ne e dovolno. Popusto ke ni bide i imeto i se koga nema da imame sto da jademe. Razmislete malku ako imate so sto "patriotcinja" i ne se zanesuvajte daka nam ne ni treba nikoj. Ni treba i Evropa i NATO.
Од: lalo
Датум: 01.10.2008 11:08:18
Стана ептен лошо забавно,Македонија треба да ги прекине преговорите, за да после Европа,ако има интерес за заедништво, почне да ја притиска грција.Инаку не гледам крај на овој лавиринт.Нашите водачи се однесуваат исплеткано како да сме држава со 2 милијарди жители како да не се знаеме едни со други ,колку сме и кои сме.
Од: Kumanovo
Датум: 01.10.2008 11:09:19
Premierot na site ja prefrla topkata te Branko e odgovoren za imeto ,otkako ne uspea nego da go nakleveti sega narodot go stava vo ogan toj da odluci za imeto. Ednostavno ja stava drzavata na kocka samo da si ja zadrzi pozicijata i site da se vinovni samo toj ne. Ako izleze maski da odluci za imeto ke treba da izgori da go snema od politickata scena. Vakvi luzeri koi gradat slava na tuga smetka ne ni trebaat. Odi si Grujo narodot ke go stavime da odlucuva za site zakoni,predlozi i kadrovski prasanja i ke go povikuvame na referendum
Од: Delco
Датум: 01.10.2008 11:51:08
Jasno e kako bel den, deka ako vladata na Gruevski se slozi so predsedatelot za ova prasanje togas tie ke mozat gragjanite da gi stava vo zalog. Nema evtina energija ili zgolemeni plati i penzii ako ne glasate na referendum kako sto sme se dogovorile i slicno. So toa ke se izigra demokratskiot proces.
Од: sando
Датум: 01.10.2008 12:06:54
Za Bugarija koja e vo EU pisat deka vo godinite koi idat ke zagubi eden i polovina milion naselenie.Me fakja strav deka takov egzodus(genocid) ke se desi i vo Makedonija ako vlezeme vo EU,koja od den na den se ukazuva kako najgolema izmama vo 21vek. Umni narodi se Svajcarci,Norvezani,Irci pa i Rusi. Rusija se razviva vo energetski gigant,od koj se plasi Zapad. Samo nie gi pustame Grcite na Rusi da im se pikat vo jajcata(sorry) i ja bojkotirame Rusija veke 20 godini.Kade se nasite delegacii da odat vo Moskva sekoja nedela, namesto Njujork? Ke platime eden den skapo so imeto i so genocid(iseluvanje) poradi zabludata narecena EU.Kako togas so termocentralite,Rusija vo ovoj period za inaet na Zapad vo RM ke izgradese mnogu fabriki.Taa e vo progres i ako me prasat mene edna raketna ruska brigada ke bese stacionirana vo Krivolak, a ne garnizoni na onie koi sakat da ne duhovno i telesno masakrirat. Zatoa Crvenkovski i Gruevski na sud.
Од: odgovornost i resenie
Датум: 01.10.2008 12:22:12
Gruevski kako i Crvenkovski se povikani da go resat problemot bez beganje od odgovornosta i posledicite sto ja nosi aktot, trebase li Lubco da povika referendum za Ohritskiot dogovor kako sto sega saka Gruevski. Narodot samiot ke pobara referendum ako ponudenoto resenie cepka po identitetot na makedonecot ne samo vo Makedonija tuku i vo drugite zemji.
Од: petre
Датум: 01.10.2008 12:26:59
a be ovde ima mnogu izolrani vo umot! od sto i od kogo sme izolirani? ne sme vo eu i vo nato? pa najmalku 180 drzavi ne se vo eu i ne im pagja na pamet da menuvaat ime da bidat vo toj "raj na zemjata" kako izoliranite vo umot go zamisluvaat. slatka sloboda, slatka nezavisnost!
Од: Lea
Датум: 01.10.2008 12:30:05
Стварно е време да се стопираат децкиве игри и жалење на ТВ и весници кој на кој повеќе му згрешил, и претседателот и премиерот грешеле во своите политички кариери, ама веќе неможе да се измени тоа, значи место реклами и говори на ТВ треба работење и тоа не шаблонско по книга пошто за такво студент од релевантен факс може.... Плус ваквите нивни медиумски жаленки, нас не срамат пошто сериозни луге кога имаат проблем седнуваат и го решаваат не собираат медиуми за правдање..... GROW UP веќе
Од: zabegan
Датум: 01.10.2008 12:51:07
abe ovie kopuci neka sednat i neka se dogovorat po moe najpametno e SEVERNA MAKEDONIA .ako se slozat grcite i nisto nema da izgubeme eve kolku godini sme BJRM .pa dali nekoj rekol deka ne sme makedonci.pod poimot makedonci podrazbiram site gragani na MAKEDONIA .ne se inatete mnogu na grcite ne im treba ni nato,ni eu, tie si se tamo da ne bide poloso od ova pa da receme utre e sto sme napravile.mora nekoj da ni garantira za nasata bezbednost posto se znae so kakvi komsi sme opkoleni ke sakat ko kojoti da ne rasrgnat a nie mozeme samo da se cudeme sto ne naslo.ostajtego patriotizmom 0d lazen patriotizam nese zive .politicari bidete umni i prezemete odgovornost so koja utre ke se gordete ste go spasile narodot od delbi i beda.vaka poveke ne odi vie treba da znaete ne treba nekoj da vi soli pamett dovolno ste pametni da razgranicete sto e dobro od loso.
Од: iki
Датум: 01.10.2008 13:08:37
Neka se javi nekoj i neka go pofali grueski deka se interesira za Makedonija i za imeto koga vo Bukurest zamina so stav da go promeni imeto vo Republika Makedonija-Skopje zosto go lazes ovoj napaten narod ti si kukavica i nemoj poveke da se kries pozadi narodot izlezi so stav i kazigo tvoete kompromisno resenie bidejki ti taka velis da se najde kompromis a kompromis vsusnost e i promena na imeto E moj Gruica na legate i se kratki nozete i vistinata e kako burgija kako sto ti velis da eden den ke te izbusi i ke moras da priznaes deka so Braneta imas ist stav okolu imeto neoj da go lazes narodot koj veke te procita.
Од: Goce nikoloski
Датум: 01.10.2008 13:21:39
Branko Crvenkoski so poslednite sili ke se obide poftorno da se vrati na politicka scena oti posle mandatot koj go ima ostanuva na "ulica" pa zatoa e spremen duri i da ja predade Makedonija ako treba samo toj da "prezivee". Pozdrav do premierot da izdrzi na posledniot nalet na dusmanite i predavnicite, narodot e so nego.
Од: gimigija
Датум: 01.10.2008 13:40:34
makadonci dosta maki trgame daj neka se resi ednas da moze slobodno da patuvame i da rabotime so eu oti kucinjata so mas nema da ne jadat a predlok MAKADONIA em si makame i cel zivot maki trgame najveke ni odgovara aj ziveli
Од: new york
Датум: 01.10.2008 13:54:02
Pozdrav do komentatoro Sando
Од: Mirce Vladimirov
Датум: 01.10.2008 14:18:21
Branko (vo sodejstvo so Kiro) e avtor na terminot BJRM. Branko e avtor na kriminalnata privatizacija. Branko e avtor na TAT. Branko e soucesnik na Lj.Georgievski vo apaslakot (imaa obostrano neapsenje, a deka imase kriminal e poveke od jasno). Branko e premier so najdolg premierski staz vo Makedonija, a zemjata e vo teska situacija. Kolku podolg mu e stazot na odgovorna pozicija - tolku pogolema mu e odgovornosta za sostojbite : Kljusev bese premier 1 ipol godina, Lj.Georgievski 4 godini, Hari Kostov edna, VLado Buckovski dve, Gruevski (dosega) dve. Branko e premier vo cij mandat imase nerascisten atentat na prviot nas predsedatel, i avionska (dali) nesreka na vtoriot. Koga e on predsedatel - gledame nema atentati. Taka ? Kogo bi sakal Branko da nabedi za neuspesite ? Branko, mizeren ti e koeficientot na inteligencija.
Од: elena
Датум: 01.10.2008 14:42:17
Branko nekako si misli deka makedonia e negova. Neznam za kolku pari Branko saka da ja prodade Makedonia na Grecite. Da go prasame Branko koja cena i ima dadeno na Makedonia and Makedonskiot nariod? Ne veruvam deka e mnogu golema. Vreme e da si ja zememe Makedonija nazad od Branko. Makedonia e na Makedoncite ne na branko.
Од: dedo dimo
Датум: 01.10.2008 15:06:03
Luge kako i da e ,e prodadovte zemjat Na zravje neka vie .Kako ke se pravdate na idnite generacii.jas ne znam ali edno e sigurno Za EU i gas davate a Shto ke bidi ako i EU kako Jugoslavija se raspadni .Mnogu imperii se vozdignale i propadnale a eden den taka ke bidi iso EU.Daznaat ALEKSANDAR i FILIP iako koskite mu se raspadnati pak ke se prevrtat od maka .Denesnive MAKEDONCI ke postanat SLAVOMAKEDONCI. Na Zravje neka vie .
Од: Atanasija
Датум: 01.10.2008 15:12:19
Pretsedatelot na Drzavata jasno ni kazuva,i dosega ni kazal sto misli za nadminuvanje na krizata so imeto na Drzavata sto ni ja nametnuva Grcija.naeme sto aka i Grcija,samo ne znaeme sto za seto ova misli makedonskiot premier.Toj,veli,ceka.A sto ceka.Zosko ne izlezi so svoj predlog,pa da znaeme kako makedonskata Vlada smeta da ne izvlece od ovaa nedefiniranost.Zasto,Pretsedatelot na Drzavata moze da ima,i ima svoe misle,g.Nimic,isto taka na sekoe doagjanje donesuva ponekoj predlog,znaeme deka i g-gja Bakojani odi so negiranje na se makedonsko-i narod i Drzava,samo ne zneme sto misli i sto ke prezeme Premierot ,koj po funkcija,treba da ima stav i da ni go soopsti.G.gruevski pretpocita da ceka...mozebi sam da dojde na funkcijata Pretsedatel na drzavata,pa da progovori za nestata sto vo zatvoren kovert gi odnese vo Bukuretst.
Од: MAKEDONEC
Датум: 01.10.2008 15:36:24
E moj crni Grujo,sto mislese ti lesno e da bides PREMIER.Lesno e da gi brois stanovite i da ne znaes vo koja zgrada kolku imas,lesno e so tvoite bratucedi da gi udarate reketite i da seete strav pomegu narodot!Ama tesko e sega da bides maz,da ne znaeskade se naogas pa site drugi ti se krivi najmnogu SDSM a ti si jagne.\ti go dobi mandatot od narodot za da gi resavas site problemi a ne da se kries vo misja rupa.Ajde sega da te vidime za sporot so imeto,pa za kosovo ,za penziite na ona!Edniot tvoj VOJVODA[TACI] ama drugiot e tuka{ i toj li ke go krstite VOJVODA] te ceke,a te ceka i Makedonskiot narod ama poleka gubi strplenie!
Од: zike,eu
Датум: 01.10.2008 16:03:39
Edinstvern razumen poteg e da se prifati severna ili nova nacijata ostanuva ista zosto?zatoa sto eu e edinstven garant za prosperitet videte gi drugite zemji se otvorija rabotni meste,plata vo Rom bese ako se secavata pred 7-8god 25marki,ce ima od eu benificii za zemjodelci,pari za nevraboteni,pari za bolnici,bolni,invalidi,hendikepirani,cigani.....a mak. zemjodelski proizvodi ce imat plasman a do onie sto mislat makedoncite ce se iselat mozam da kazam period od prvi 10god ne primat rabotnici a ako se pojavi zgolemen interes po toj period go prodolzuvat periodot a do sega iskustvoto pokazalo novite zemji po nekoja godine doadjat na nivo evropsko i nikoj nese iseluva taka bese so spanskite i grckite gastarbajteri pred 25god site si zimanaa od Ev taka ce bide i so nas site ovde se raduvame mak da vleze vo eu i spokojno da se vratime...zosto?zatoa sto site zakoni za sigurnost i prezivuvanje se izednacuvat...neka ni e so sreca novoto ime druga alternativa Grujo nema koga togas mora da prif
Од: bube
Датум: 01.10.2008 16:07:25
mene ne mi e jasno sto misli ovoj nas narod rdnas ne se osvesti deka gruevski ne nosi vo propast.isto so nego ne ceka sto bese i so ljubco georgiev.lesno mu e na grojo,koga saka ima mesto vo bugarija.ne go napagajte tolku branko,zasto tesko nas ke bide koga on ke si zamine.
Од: giannis
Датум: 01.10.2008 17:38:02
http://troktiko. blogspot. com/2008/ 09/blog-post_ 9592.html Mnogo ineresantna vest!
Од: lena
Датум: 01.10.2008 18:45:55
Ne sum partiski opredelena od licni pricini,pa mozebi bas poradi toa po objektivno mozam da gledam na denesniov natpis.Mozebi gresam ama se mi se cini deka gospodinot Premier Gruevski ima licen problem koga e predsedatelot Crvenkovski vo prasanje,taka sto ne ni umee da ja prikrie netrpelivosta sto za nas graganjite ponekogas izgleda smesno ponekogas iritira.Ne mozes da se nosis so funkcijata "Premier"i da bides "Ljutko".Rabotava izleguva:"Aj ke si igrame Brane....ama ti ne igras kako sto jas sakam...epa ne ti zboram..lut sum ti...odam doma i vise ne si igram so tebe...".Toa se situacii koi nie sme gi nadminale vo najranoto detstvko...lugeeeeee ova e politika ne si igrajte so sudbinata na eden narod.Malku poveke dostoinstvo i zrelost.Inaku otidovme site jabana so se vas dvajca.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Вокер- Решението за името не може да дојде однадвор
Муслиманите го слават Рамазан-бајрам
Црвенковски денес и утре во Брисел