Нашата „реформска“ Влада за овие четири години колку што е на власт, направи многу реформи со кои на народот му го промени животот. Од многуте реформи што беа направени, многу малку од нив поминале без некој револт кај граѓаните, а уште помалку од истите тие реформи опстоиле подолг временски период.
Последната реформа со која нашата Влада се отепа од фалење беше дозволата за увоз на возила постари од 15 години. Тогаш можевме да слушнеме дека Владата го направила тоа затоа што секој граѓанин не можел да купи ново возило, затоа што така ќе се легализирале веќе увезените возила од странство. Денес по цели шест месеци, состојбите се поинакви.
Како и досега, па така и сега, секое чудо за три дена, па така и оваа реформа пропаѓа во вода. Како и за се' што е направено досега, набрзина, со желба да се земе некое поенче кај народот, така и тука се дозволи увозот, но никој не се погрижи тој да биде регулиран за да не се случи хаос. Сега веќе хаосот се случи. Возила се увезувале како алва. Проблемот сега е што нема интерес за тие возила. Статистиката вели дека ако во февруари, еден месец пред да биде издадена дозволата за увоз на возила постари од 15 години, увозот на возила бил 1.000 во март кога стартувала дозволата за увоз, бројката се зголемила на 4.900. Потоа бројката се зголемува за веќе во април таа да достигне 7.700, или во јули 9.300. Таа бројка веќе во август е опадната на 3.000. Интересно е да се види и тоа дека бројката на увезени нови возила во февруари била 770, а на стари возила 90, но веќе во март бројката на увезени нови возила е 600, а на стари 3.900, а во јули бројката на нови возила е 550, а на стари 8.400.
Бројките многу јасно говорат дека работите веќе излегле од контрола. Неконтролирано увезување стари возила сега предизвикува хаос. Плацевите се полни со стари возила, но нема побарувачка за нив. Сега тие остануваат на плацевите, а нивните сопствениците почнуваат да ги нижат првите загуби. Од друга страна веќе е пореметен е увозот на нови возила. Исто така, и за тоа зборуваат бројките. Автосалоните веќе одамна бележат пад на продажбата на возилата, а со тоа и тие почнуваат да бележат загуби.
Паметам дека уште во моментот кога Владата сакаше да ја воведе таа дозвола за увоз на постари возила, имаше реакции и од експертите, граѓаните, но и од сопствениците на автосалоните за продажба на нови возила. Тогаш Владата не ги зеде предвид тие забелешки и сега нормално е да се соочиме со ваков хаос.
Токму затоа денес и автосалоните и плацевите за стари возила бележат загуби. Токму затоа денес продажбата на возила е во тотален хаос. Затоа на нашите улици сега се' почесто можат да се видат возила стари повеќе од 15 години. Возила, кои се ризик во сообраќајот. Наместо како секоја нормална и развиена земја каде што се трудат возилата да имаат и екоквалитети и да не ја загадуваат средината, кај нас се возат возила што ја загадуваат средината.
Но, кај нас за Владата не е реформа да обезбеди стандард со кој секој граѓанин би можел да си дозволи ново возило или возило постаро од 5 години, туку напротив, за нив е голема реформа да можеш да земеш возило старо 15 години.
Е па, премиере, министри, толку од вашата идеја и сон за политички поени. Заборавете го тоа зашто повторно згрешивте и направивте хаос во уште една сфера. Важно, вие ќе си се возите во автомобили од над 20.000 евра, а народот нека си се снаоѓа.
Zosto haos?Pa se znaese deka do ova ke dojde,trebase samo da se soberat dva i dva.Toa sto nekoj slepci euforicno mu"aplaudiraa"na premierot za briljantnata ideja narecena uvoz na gubre od Evropa,i se sitea deka sega salonite nemale povekle da se "bogatat"(a demek oni ke iskoristat)sega se svrte rabotata obratno.Im stoi krsot na placevite,nikoj normalen kola od 1993-1995/6 so pominati fantasticni i do 300.000 km,ne kupuva.Sega neka im sedat taka,neka spustaat ispod cena,i toa e toa, si baraa si dobija.Nema potreba na ovaa tema uste da se pisuva.A sto se odnesuva do salonite,ne se vo zaguba,a so ponudata na krediti so namaleni kamati,i te kako rabotat dobro,so obzir sto im priredija "gubradziive".Za nekoj mesec ke "izgorat"gubradziite,i ke se vrati se vo normala.Veke na nikoj normalen nema da mu tekne da uvezuva gubre od Evropa.(bidejki ne se isplati,a toa se znaese i predhodno)
Од: kumanovac
Датум: 20.08.2010 00:32:18
avtorov na tekstov ama bas se sto napisal nisto ne e tocno.eve zosto.kako prvo gazdite na avtosalonite i treba da bidat vo zaguba posto za minative poveke od 10 godini napravija milioni(vo evra se razbira)zatoa sto zarabotuvaa po najmalku 2 do 3 iljadi evra od sekoj prodaden nov avtomobil.vtoro.site vo makedonija sto imaa kecovi,ladi, reno 4 i drug krs star i po 30 godini a imaa po 4000 evra vo dzebot si kupija 10 godisni polovni vozila (audi,golf.bmw itn)koi pak se sto pati pobezbedni od prethodnite taka da se e vo red.jas nemav pari za novo avto i vozev lada stara tocno 30 godini.kupiv golf 98 godiste za 4000 evra i grom e.i sto sega ima loso vo ova verojatno razbira samo avtorov na tekstov.
Од: demokrat
Датум: 20.08.2010 01:06:32
Nekoi luge za djabe trosat mastilo i penkalo. Vo ovoj slucaj avtorot izgleda potrosil nesto struja i malku ja amortiziral tastaturata od kompjuterot. Ivica, vo sekoja drzava mora da ima sloboden pazar, pa lugeto slobodno neka mislat sto da uvezat. Koj napravil zaguba ili profit toa negova rabota, NE NA VLADATA. Za da ti bide pojasno, odgovori si na slednoto prasanje: Sto ke se sluci koga Makedonija ke stane clenka na EU i Shengen-zonata?
Од: Manastirec
Датум: 20.08.2010 05:38:17
Ја знаете онаа: го видела жабата коњот... Та така и нашиов Ивица решил и седнал да напише нешто ама дека тоа блага врска нема со реалноста, ама дека монополот на државата на овие простори е (и треба да е!) мината работа, ама дека тие исти кршови не се забранети и исфрлени туку сеуште се возат во една Германија, Словенија... (природно нивниот стандард е каде-каде повисок и први ќе ги отфрлат најстарите возила), ама дека овде царуваа стојадините од на дедо Ное времето, ама дека ... терба да се има кантар и аршин или барем трошка намус покрај олимпискиот дух и желбата за пишување (важно е да се пишува оти пишувам значи постојам - луѓе и мене ме читааат?!) тоа нашиов пеливан ич не го секира и тангира. Тој седна, распали по тастатурата и сиот вознесен нестрпливо го чека (и!) своето име во новина (па уште ако го прочита и Марица, џанум, приказната ќе биде комплетна. Ем и сатисфакцијата - бездруго.
Од: mene
Датум: 20.08.2010 07:37:39
a sto se sekiras ti za placevite so stari vozila i krajno ne gi natera vladata da gi uvezat
Од: забеган.
Датум: 20.08.2010 07:54:15
Ивица во голема грешка си со овој текст,Увозниците нека загубат малце во што не верувам.Одат земат Автомобили по 500-600 евра а овде сакат да заработат по 2 до 3 илјади е него бива нели?.Автомобили у Словенија има колку сакаш и тоа по багателни цени а овде УВОЗНИЦИТЕ сакат да тија одерат кожата.Епа ��ека ги прават туршија се ближи зима.
Од: SAS
Датум: 20.08.2010 08:11:47
Covece ma sta pricas? TOCNO DEKA GRUJO I KOMPANIJA SE SMESKI OD VLADA , AMA TEKSTOT NE TI E VO RED, ZA ZAGUBITE NEKA SI MISLAT SOPSTVENICITE NA BIZNISOT, I TAKA NE VERUVAM DEKA DA GI PRODAVAAT VOZILATA SO DISKONT OD 100% DEKA KE BIDAT VO ZAGUBA , PA TIE VOZILATA DJABE GI ZEMAAT OD TAMU SAMO DA GI TRGNAT OD ZEMJITE OD KADE STO SE UVEZUVAAT. A I SO BI BILO TOA GRIZA NA VLADATA , PA DA IM DADE GRUJO NEKOJA PARA I NA NIV , toa se privatni biznisi so odreden rizik , a i deka malku narodot vide air vide sea samo zlobnici moze da zborat, no ke vidime , seuste se cenite na avtomobilite visoki uste treba da odat nadole.
Од: sale
Датум: 20.08.2010 10:23:23
Da dade gospod na site so mislite deka treba da se raboti so zaguba, deset pati da vi se vrati
Од: Александар
Датум: 20.08.2010 12:39:06
Сериозна загриженост за загубите и на едните и на другите. Ниеден авто-салон не пропадна, а нема ни да пропадне во блиска иднина. Текстот како да го пишувале од некоја си асоцијација на увозници на автомобили. Жалосно.