Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Писма
Претседателот на државата е претседател и на сите граѓани

Ивест Рајчовски, Скопје

Подолго време граѓаните на Македонија, нивниот законски избран претседател на Републиката, на редовни, законски избори, го доживуваат напати како член на владејачката партија, затоа што обично, како по некое правило, секогаш и секаде отворено ја застапува, пропагира и инаугурира нејзината политика. За ова време додека е претседател, чинам ништо негово, автохтоно мислење и порака не чувме и не видовме. Затоа и неговиот авторитет и углед (кај нас, дома и во странство) ценет и оценуван низ разните анкети и други методи е мошне мал и енормно низок.

Обично во традиционалните демократии претседателот на државата кога се избира и се инаугурира ја остава настрана партиската книшка (на партијата чиј член или симпатизер бил) и јавно и отворено се искажува дека е претседател на сите граѓани во државата, без разлика на нивната политичка припадност, вера, нација и други нивни животни определби и дека со својата функција и залагање, подеднакво ќе ги штити и ќе ги застапува нивните интереси и права. Со таквиот чин и работа, не случајно во парламентарните демократии претседателот на државата се именува со епитетот „татко на државата“, кој со своите мисли, јасни и отворени постапки и идеи зрачи со хумани пораки, кои значат мирољубивост, меѓусебно разбирање, меѓусебна толеранција и благосостојба на граѓаните. Граѓаните барем досега не чуле и не виделе вакво или слично негово искажување што би внесло повеќе доверба кај луѓето, кои секојдневно се среќаваат и се борат со тешки и мошне сложени животни егзистенцијални проблеми и маки во овие транзициски времиња, кои премногу се издолжија. Напротив, граѓаните напати го доживуваат него како гласноговорник и продолжена рака на актуелната политичка власт.

Во парламентарните демократии во светот познати се многу претседатели на држави што оставиле траен печат на своето време: Пертини во Италија, Вили Брант во Германија и многу други. Нивните партии и денес се актуелни и претставуваат своевиден патоказ за иднината на своите земји и за светот воопшто. Македонија е мала земја, но токму затоа треба да има долгорочни и визионерски пораки од страна на нејзиниот претседател, кои долго ќе зрачат како патокази низ времето и просторот.

За афирмацијата реномето и угледот на претседателот во многу треба да придонесат (со нивната стручна, катадневна, несебична и постојана работа) и неговите разни советници околу него и неговата стручна служба воопшто, со цел тој во извесна мера да се одлепи од ретроградните пораки и постапки на актуелната власт и смело да и' создаде визија и перспектива на оваа земја, која се' повеќе тоне во заборав и се' уште е далеку од ЕУ и од НАТО, кои интеграции значат подобра перспектива и иднина за жителите во неа.

#
Статијата е прочитана 634 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 20.08.2010 00:57:16
Kolku da se znae, Willy Brand ne bil Pretsedatel na Germanija.
Од: Dedo Jonche - Avstralija
Датум: 20.08.2010 07:51:19
Za se' shto predlaga aftorot vo tekstov napolno se soglasuvam, no kako da se reshi problemo so apetitite na tolpata nashi novinari ???
Од: Столе
Датум: 20.08.2010 08:07:39
Г-дине Инвест Рајчовски, немате појма што пишувате. Па зар беше подобро со минатиот претседател кога беа двете државни институции како рогови во вреќа?
Од: ГРЕШКА СИ
Датум: 20.08.2010 08:18:55
Председателот е супер. Уште пред да биде го ценев. А за ЕУ и НАТО да и ги скратат на Грција лажните пипци и ке биде. Твоето одлично дете ако учител му даде двојка ке го запишеш ли во повисока школа. Кај неправда нема решение.
Од: D.V.
Датум: 20.08.2010 10:45:58
Pretsedatelot Ivanov go cenev i pocituvav, uste uste na vremeto kako sorabotnik vo RTM, pa kako profesor i kako COVE, komu nemoze da mu se najde niti edna crna damka, sto moze da se smeta za nesto sosema izvonredno na denesno vreme kaj nas! No deneska , negovite kvaliteti ne se dojdeni do izraz; toj kako i ostanatite koi bi mozele podobro da ne vodat, poznato e deka se so "vrzani race". I ako na seto toa se dodade KAKO E OPKRUZEN i od kogo gore na VODNO, tesko ke moze da se zgolemi negoviot stepen na pocit i da mu se podobri bledata slika vo negovite izlaganja. Deka e dobar Makedonec i covek, site koi go poznavaa mozat da go potvrdat toa, no sto moze da ocekuvame vo odnos na IMETO na MK. koga del od negovite sovetnici se so dvojno drzavjanstvo i koga Pretsedatelot dava javno svoja izjava, a utredenta drugi davaat sprotivno na istata....
Од: Сеирџија
Датум: 20.08.2010 11:58:10
Колку да се знае: Вили Брант беше претседател на СРГ. И пак колку да се знае: порано беа како рогови во вреќа бидејќи тоа се две функции со посебни права и овластувања. Набрзо ќе се дознае КОЈ Е „ГАЗДА“ ВО КУЌАТА. Нашиот претседател ќе биде нокаутиран од тој ШТО ГО ПОСТАВИ НА ТАА ФУНКЦИЈА. Со кое право бре се осмелува (без консултации) да кажува дека во АРМ треба повеќе да се инвестира. Ова важи и за Тебе г-не генерале, одамна се имаат намерачено да направат лумперајка и во армијата.

Најди! во Утрински
Писма
Хаос со продажбата на возила