Број 3153  сабота, 05 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Ахмети едно зборува во Тирана, друго во Скопје

Има ли криза во Владата? ДУИ чека што ќе каже лидерот

Светлана Унковска

Владината коалиција е пред сериозна криза и досега ова е прв пат нејзината судбината да биде доведена до толкав степен на загрозеност. Покрај бурните реакции за спорните одредници во енциклопедијата, севкупната политичката клима во земјава и натаму ја вжештуваат, двата коалициони партнери во власта, премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Во моментов, нивната комуникацијата единствено е сведена на праќање пораки преку јавноста. Иако и двајцата велат дека за се она што предизвикува несогласување треба да се седне на заедничка маса и да се разговара, сепак средба Груевски-Ахмети нема.

Во последните изјави на Ахмети, дадени главно од Тирана кои имаат заканувачки тонови и воинствена реторика, директно го посочува премиерот Груевски дека е одговорен за настанатата ситуација. Тој бара од него да се дистанцира од енциклопедијата и како што рече „да го осуди овој чин кој предизвикува војна“. Истовремено, партиското раководство и функционерите од редовите на ДУИ отворено тврдат дека ќе ја напуштат целосно власта, доколку одлучи нивниот лидер Ахмети.

Од друга страна, пак, Груевски и натаму одбегнува директно да одговори на прашањата поврзани со енциклопедијата или пак на прозивките на Ахмети за дистанцирање. Но, ваквото однесување на премиерот, според професорката Билјана Ванковска е сосема логично, затоа што во спротивно, со тоа тој би признал дека е творец на енциклопедијата. Премиерот на вчерашната посета во Кавадарци не даде конкретен одговор за актуелните прозивки на Ахмети и на политичките субјекти на Албанците и рече: „За тоа давав изјави деновиве“.

Затоа пак, Ахмети со остра и радикална реторика, деновиве на неколку наврати се јавуваше од Тирана, која беше пренесувана од телевизијата Алсат-М, во која премиерот го именувал како „господинот Никола Груевски“.

„Очекувам господинот Никола Груевски да ме повика, бидејќи примирјето е прекршено од заедницата на која припаѓа и самиот господин Груевски. За оваа ниска провокација мислам дека господинот Никола Груевски треба да биде вознемирен колку што сум и јас, бидејќи настанот се случил во Македонија и ние треба да ги преземеме сите мерки оваа ситуација да не ескалира, туку навреме да се реагира“, изјавил Ахмети за албанските медиуми. Тој истовремено порачал и дека енциклопедијата треба да се повлече и да се подготви ново издание во кое треба да учествуваат Албанци.

Во меѓувреме, Ахмети добива силна поддршка од членовите на највисокото партиско раководст��о, но и од сите функционери на ДУИ.

„Сега се' е оставено во рацете на Ахмети. Ако тој донесе одлука да се повлечеме од власта, тогаш на централното претседателство ќе се верификува таквата одлука и освен кај министрите, подготвеност да ја напуштиме коалицијата има и кај пратениците и кај сите други функционери“, истакна вчера Рафис Алити од ДУИ. На вчерашната средба на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Абдулаким Адеми, со холандската амбасадорка, Симоне Филипини, тој посочил дека министрите Албанци ја осудуваат неодамна издадената енциклопедија и оти таа треба да се повлече. На ова амбасадорката Филипини истакнала само дека Холандија ја поддржува Македонија во зачленувањето во НАТО и во ЕУ и оти го следи спроведувањето на Охридскиот договор. Професорката по мировни студии, Билјана Ванковска, на ваквата атмосфера гледа како на непотребно создавање атмосфера во која опасно се игра со оган. Според неа, изјавата на Ахмети за тоа дека е прекршено примирјето година само ја потврдува нејзината теза дека Рамковниот договор е документ со кој се потпиша примирјето, а лидерот на ДУИ експлицитно изјави дека ние, всушност, немаме мир.

„Значи, не е мир ако во секој момент можете од ракав да извлечете адут за некакво насилство, палење знамиња и конфликти. Тоа значи дека многу малку сме научиле за минатите години. Ахмети беше во коалиција и со едните и со другите и тој не е посветен на заедничко водење политика, туку како му одговара. Во 2004 година ДУИ и Ахмети не' доведоа до работ на безредија кога стануваше збор за територијалната реорганизација. Тој користи поводи во кои излегува со многу драматична реторика, која не прилега на зрел политичар“, оценува Ванковска.

Таа смета дека премиерот не треба да излегува со некакви изјави за дистанцирања за енциклопедијата затоа што со тоа тој признава дека е тој творец на енциклопедијата. За острите настапи на Ахмети во соседната Тирана, таа вели дека медиумите во Македонија не му се доволни затоа што со настапите таму си дава величина дека ги застапува Албанците во регионов.

„Не му е првпат. Јасно е дека во Тирана добива повисока функција, како претставник на Албанците во регионов. Улогата која ја има овде е еден коалиционен партнер, а таму ужива во својата величина да зборува за цела албанска заедница. Таму можат и да му поминат радикалните изјави затоа што ја нема меѓународната заедница да му дише во врат и секогаш да каже дека е изваден од контекст или погрешно преведен. Овде потешко би излегол затоа што веднаш ќе го викнат во американска амбасада на дружење и ќе го смират“, истакнува Ванковска.

Опозиционата Нова демократија вчера во Собранието дистрибуира меморандум за разбирање, кој очекуваат да биде прифатен и потпишан од сите пратеници.

„Му се обраќаме на премиерот Никола Груевски и на претседателот Ѓорге Иванов за да ги покажат своите државотворни капацитети и да побараат извинување, но и да се оградат јавно од навредливите елементи за албанскиот, американскиот и британскиот народ“, стои во меморандумот каде што е наведено дека се очекува и повлекување на енциклопедијата. Прашани дали чувствуваат потреба дека треба да ја осудат изјавата на Пандели Мајко, кој ги повика Албанците во Македонија да го запалат државното знаме, пратеникот на НД, Бесим Догани, го избегна одговорот.

„Мислам дека најпрво би требало да се осуди отсутноста на премиерот Груевски и претседателот Иванов, кои не наоѓаат време да му се извинат на албанскиот народ. Изјавата на Мајко ја гледам како реакција на она што се прави во нашата држава. Со енциклопедијата не беше навреден само албанскиот народ во Македонија, туку албанскиот народ во целина“, истакна Догани. Од партијата велат дека најавените протести на вонпарламентарните партии на Албанците во Македонија за четврток не ги поддржуваат, затоа што тие функционираат институционално, а не на улица. И од партијата на Ахмети сметаат дека протестот не е добро осмислен и е избрзан.

Партијата на Хисни Шакири НДУ, заедно со ПДП за четврток најави протести пред Владата со барање Македонската енциклопедија да се повлече и поништи.

„Со вакви документи, со ваква енциклопедија, Македонија не може да има просперитет, не може да има стабилност, не може да биде перспективна држава. Ова треба да им биде јасно на сите, без разлика, Македонци и Албанци“, изјави Шакири. Прашан дали како организатори на протестите се подготвени да ја понесат одговорноста доколку некој го запали државното знаме, Шакири одговори дека на протестите секој лично ќе ја сноси одговорноста.

ВМРО-ДП на Владимир Голубовски побара од МВР да не ги одобри најавените протести поради поттикнување меѓуетничка нетрпеливост. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 4118 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 29.09.2009 00:42:01
Enciklopedijata kje bide promeneta i toa tochno kako shto kje sakaat albancite, a ne kako shto veli Blazhe Ristevski. Makedonija e na stakleni noze, a albancite ja imaat podrshkata na Tirana i Prishtina. Nie mozhevme da ja imame podrshkata na Sofija, no za zhal nemame nishto zaednichko so niv, tie se primitivni "tatari", a nie sme potomci na civiliziran antichki narod.
Од: mitko so potprasanje von temata
Датум: 29.09.2009 01:32:08
Ahmeti preti so vojna i toa ubavo go opisuva Vankovska. Vcera gi zamoliv site citateli vnimatelno da razmislat za poimot "prekinuvanje na primirje" . Denes bi sakal da gi zamolam vernite glasaci za VMRO Bukefalcite (falsifikatorite na istorijata) malku da razmislat za ulogata na Djole vo slucaj na nov mozen konflikt. Dali mislite deka ovoj covek ke bide sposoben da ja vodi zemjata vo vojna? Da pregovara so strancite? Da go hrabri narodot? Da se zrtvuva za nego? Da gi drzi pod komanda vojskata i bezbednosnite sili? Jas mislam deka vo slucaj na vojna bas poradi vasiot izbor ovaa drzava ke propadne.
Од: mene
Датум: 29.09.2009 02:57:47
Na site Gruevski vi e kriv pa sto ne go osudite vie toj vasiot Pande...koj e toj da kazuva cie zname trebalo da se zapali i kade treba da se zapali...Samo vie se vregjate ama ste uvredlivi.
Од: Kimov Trajko
Датум: 29.09.2009 04:09:25
MANU nitu e na premierot nitu e na predsedatelot MANU sie posebno nesto. Drzavata finansira vo site institucii koi se pod drzavna kapa a ne i da imse mesa. Vo Amerika ako zgresat istoricarite vo pravenje na enciklopedija sigurno Obama nema dase izvini. Gruevski ako se izvini znaci toj ja naracal takva da bide. Za izvinuvanjeto si ima red .
Од: Sevast Nikon
Датум: 29.09.2009 06:47:24
Znaci spored Ahmeti izdavanjeto na enciklopedija e cin sto predizvikuva vojna?!?!? Jas ne sum procital nitu pak slusnal do sega deka nekoja vojna e zapocnata vo istorijata na planetava zaradi nekolku “sporni” recenici vo enciklopedija. Smetam deka Ahmeti i dolzi objasnuvanje na makedonskata javnost na kakvi toa konsultacii toj prisustvuva vo Tirana, zatoa sto negovata partija ucestvuva vo upravuvanjeto na Republika Makedonija a ne na Albanija. Zosto povikot da ne bide upaten od Skopje ili Tetovo, tuku mora da bide upaten od Tirana? I za kakva eskalicija na sostojbata zboruva, a pritoa imenuva kao odgovorna edna cela zaednica na kojasto toj samiot ne pripaga? Komu ne mu e jasen vakviot vokabular, moze slobodno da se potseti na nekoi nastani od ponovata istorija. A, onie pak, koi izminatava nedela go opravduvaa negovoto nedolicno odnesuvanje, verojatno konecno razbraa deka i tie se staveni vo istata grupa kako pripadnici na imenuvanata zaednica (makedonskata).
Од: pogled
Датум: 29.09.2009 07:28:02
1.Ахмети:“...енциклопедијата треба да се повлече и да се подготви ново издание во кое треба да учествуваат Албанци...“. Онака, рамковно, со проценти. Наука со проценти. Еве прилика Ахмети да ги објасни спорните определници за учество на американски и англиски воени инструктори во конфликтот 2001. Тој за тоа е најповикан!2.Догани:“...премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов за да ги покажат своите државотворни капацитети и да побараат извинување, но и да се оградат јавно од навредливите елементи за албанскиот, американскиот и британскиот народ...“. Догани изгледа прилично загрижен за амриканскиот и британскиот народ. Исто како за албанскиот! 3.Шаќири “...„Со вакви документи, со ваква енциклопедија, Македонија не може да има просперитет, не може да има стабилност, не може да биде перспективна држава...“. Значи до енциклопедиите лежи зајакот за напредокот на државите! 4. Мајку :“...ги повика Албанците во Македонија да го запалат државното знаме...“
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.09.2009 07:46:07
Од сè, најинтересно е застапувањето на Нова демократија за загрозените права на Американскиот (!?) и Британскиот (!?!?) Народ! И едниот и другиот се под сенката на постоењето! Дали се работи за Огромно Незнаење, намерен превид, или за мизерна сила и моќ? Во рубриката Занимливости, новинарите би требало да им постават наградно прашање на членовите на оваа партија за постоењето на Британскиот народ! Би бил интересен и преводот на „британски“ јазик за овој „народ“!!
Од: zabegan.
Датум: 29.09.2009 07:53:20
абре-МАНГУПЧИНА сте и двајцата.Само се прашувам кој од кого повеќе лажете?.Едно зборувате друго правите.Само овој НАРОД е прост што неве зема со ДРВО десет удри еднаш брои.Белким ќе ви дојде умот.Е колку е слатко да си бидеш на влас и да го праеш народот БУДАЛА како муе убаво со вас.Не стварајте МЕЃУ-НАЦИОНАЛНА омраза ќе се каете.
Од: Лебед
Датум: 29.09.2009 08:31:16
И вчера напишав еден коментар. Енциклопедијата е само мамака за ењфокусирање на јавноста. сите зборуваат за неа и сите се замараат за неа. ЕК ќе ни достави негативен извештај и визната либерализација ќе се одложи за некое време. Грујо така добро одвлекува внимание и си ги прикрива неуспесите со различни теми. Ако размислиме поубаво и подлабока, човекот на ваков начин владее 3 ипол години.
Од: DIOGEN
Датум: 29.09.2009 09:16:43
Histerijata na "Albanskite" politicari i neartikul iran ite i infantilni izjavi,tipicni za razmezenideca na koi ne im e nesto po "keif",dokazuvaat kolku se nezreli kako lideri i lugje.Vo isto vreme,retorikata so koja se sluzat,a uste poveke "zaplasuvanjeto" so mozen povtoren voen konflikt,se samo dokaz deka lugjeto kako Ahmeti i slicni na nego.koi ne se osmeluvaat javno da go govorat nitu makedonskiot jazik se del od infiltrirani ekstremisti,koi so pomos na "zapadot"se vovleceni vo politickite strukturi na drzavata.No toj isti zapad ne znae ili ne saka da znae deka ima rabota so plemenski organizirano malcinstvo.najgolem del polupismneno,na koe osnoven princip na kohabita cija vo bilo koe drustvo,sistem i drzava,pociva na bezakonie,sverc,kriminal,prostitucija,droga i sverc so lugje.Ako ne sum vo pravo,proverete vo Interpol sekciite na Evropskite drzavi:V.Britanija,Grmanija, Svajcarija,Italija,Grcija
Од: Mile
Датум: 29.09.2009 09:23:32
Ludje stvarno neznam sto da kazam ama ne se culo ni videlo da se objavuva vojna za nekolku sporni recenici vo nekoja kniga (enciklopedija).Ne znam dali i nie i albancive se tolku glup i prost narod uste da veruvaat vo vakvi politicari koi davaat izjavi bez vrska.izgleda na albancive im fali nesto drugo pa naodjaat samo izgovor za toa a jas mislam deka ne im odi vo prilog priblizuvanjeto na makedonija kon eu i nato zatoa sto ke se zatvorat nekoi prasanja zasekogas.
Од: gimce
Датум: 29.09.2009 09:56:05
Enciklopedijata pretstavuva institucionalna refleksija na realnata megunacionalna netrplivost vo RM
Од: Koki
Датум: 29.09.2009 10:26:30
Низ Енциклопедијата драги мои провира отровен губитнички концепт за Македонија и Македонците. Навредите кон другите се израз на очај, на слабост и страв од лутањето низ сегашноста и историјата. За тоа што сакаме да постигнеме и каде одиме. Тоа лутање плаши и создава немир, создава проектирана нетрпеливост. Тоа лутање плаши меѓутоа и нормални луѓе, посебно фактот дека академиците се толку „боси“. Тоа сознание стаписува. Нема шанси и можност за корекција на „некои одредници“ во Енциклопедијата. Сиот концепт за Македонија низ наведените одредници треба да се коригира. А таа корекција е суштинска и тектонска. Тоа не може да го прави истата Редакција. Таа треба да си оди во СРАМ! Тоа мора да ги прават битно попаметни од нив! Каде ќе ги најдеме, ќе видиме!
Од: Mene do Vas
Датум: 29.09.2009 10:27:58
Prebrojuvanje na naselenieto vo M i revizija na komshiskite enciklopedii !
Од: Petre
Датум: 29.09.2009 10:34:45
abe neka im podarat 5-6 Enciklopedii na liderite na albanskite partii, prvo neka gi procitat ( ako znaat da citaat na makedonski), posle neka gi zapalat enciklopediite..
Од: od biljana
Датум: 29.09.2009 11:07:40
sekogas nesto i fali . ama ne se krivi oni taka gi naucija ..../
Од: shkupi
Датум: 29.09.2009 11:24:05
Mene mi mirisa na izbori celata situacija,a naraodot kako i sekogas se pali na ovie raboti,so ova dui si go zgolemuva rejtingot pred da otvori Rufi Osmani partija,a UCK SE PAMETNI SEI ZNAAT ONI DA PRAVAT STRATEGII ZA NA IZBORI
Од: МАЈКА
Датум: 29.09.2009 11:31:30
Со ваква реторика и постапки Албанциве само ПОТВРДУВААТ дека Енциклопедијата била блага во оценките за нивната агресивност и примитивизам Еве им прилика-повторно и повторно да си се доопишат!
Од: evropa
Датум: 29.09.2009 11:50:00
kade vo evropa moze politicar i toa koj ucestvuval vo teroristicka vojhna tolku da ucenuva pa i banalni raboti kako toa sto pisuvalo albanci bile razbojnici pred 200god i pljackale pred da se naselat vo tetovko da cue nekoj na zapad ce se smee pa zatoa mak 19god stoi vo mesto celo vr se rasprava za albanci tie sekogas imat nesto sekogas barat igla vo slama sekogas ne zadovolni mak gubi vr za gluposti namesto da se koncentrira na tranzicija i vlaze vo eu...a ako ahmetyi uspee vo ova toa ce znaci smrt na mak utri toj ce uceni i deka negovata borba bila pravilna a makedoncite fasisti znaci otvoren pat na raspad na mak svesen proces od str na dui a vo mak ima mn ovci za zal.
Од: Albanec
Датум: 29.09.2009 12:19:14
Prvo: nam Albancite ne ni fali nisto, od nas nikogas ne dosle provokacii vrz vasiot identitet. provokaciite sekogas doagjat od vasite izbranici koji za zal ne rabotat za dobroto na Makedonija. Enciklopedijata gi finalizira site poranesni provokacii, i dava pecat deka vasite "akademici" i pismeno dokazuvat kolku e vasata mrznja golema kon Alabncite. Jas mislam deka definitivno Makedonija e na pocektokot na nejzinoto propagjanje. Nie pokazavme dovolno dobra volja i namera za vasiot identitet, vie mislite deka ste "izbran narod"! E pa, pogresno mislite. Nie sme bile, sme, i ke bideme gazdi na ovie prosotori, sakate vie toa ili ne.
Од: verag
Датум: 29.09.2009 13:08:55
Еден не многу писмен политичар, кој таму дојде после тероризам, без да одговара за командна одговорност, со пензија како деловно неспособен, им суди на врвни интелектуалци. Јадна ли е оваа Македонија кога може да се случуваат вакви работи. Кога не се осмеливме да му судиме за повеќе од сто загинати во 2001 год, јасно дека сега исто така не реагираме соодветно на заканите со војна.Знамето на Македонија не го користат во ниедна прилика, а сега ќе го полат. Ако и сега не се казнат тие што ќе го запалат, верувам дфека ќе се случи тоа, тоа ќе биде уште еден срам за нашата држава. Премногу ги размазивме , па сега на глава ќе ни се качат!
Од: recenzent
Датум: 29.09.2009 13:09:41
Celata vreva e poradi napisot deka UK i USA stojat pozadi ONA. Za da go napisat toa vo MANU morale da imaat relevanten dokument okolu takvata zamesanost. A toj relevanten dokument nema koj drug da im go prezentira osven organi na vladata: MVR, UBK i slicni strukturi. UK i USA se revoltirani i podbucnuvaat opredeleni politicki strukturi na bunt i revolt zatoa sto vo izminatiot 8 godisen period se dokazaa kako prijateli na Makedonija - USA ne priznaa pod ustavnoto ime, Kanada (koja e pod UK) isto taka, a nasite vladini agencii pomagaat objavuvanje na (najverojatno, vistiniti podatoci) so koi im se valka imidzot i so koi se pomaga vo sozdavanje na slika deka se podbucnivaci na vojni. Ne deka ova ne e vistina, samo ne se pravi taka so prijateli, a ovie dve mokni zemji se nesomneno nasi prijateli.
Од: Do Mitko
Датум: 29.09.2009 13:13:46
Mitko tebe ke te stavime za precedatel za da ne spasis od ova nebitnica. Srekni sme sto te imame tebe.
Од: Mapkoc
Датум: 29.09.2009 15:26:25
Најпрвин хронологија: се појави дел на Енциклопедијата на МАНУ, па поради навредливите нешта за Албанците во Македонија заредија утемелени остри критики, како од албанскиот така и од македонскиот фактор, бидејки зијанот беше видлив од авион. Потоа се јавува пироман Пандели Мајко со идеја за палење на македонско знаме. Очекував дека албанскиот фактор веднаш ќе се крене на нозе. Каква е тоа наивност покажаа настаните потоа. Знаеме што кажал Али Ахмети во Тирана, али е шокантно да „е сега се` оставено во рацете на Али Ахмети„ (Рафис Алити). Едноумие, култ на личноста? Секако, али и прашање: зарем толкави умни и образовани луѓе во ДУИ немаат своја глава па не се противат нивната партија да делува како „полувојничка формација„, како партиите во Хрватска ги нарече големиот коментатор Маринко Чулиќ?
Од: jean
Датум: 29.09.2009 17:14:09
pa ova e 100 posto dello na gruevski za samo eden od faktite ke vi pisuvam vo enciglopedijata se pisuva i se vizvisuva gruevski do nebo kako makedonia da nemal pogolem derzavnik ili borec za makedonia zamislete 100 i kusur stranici se napisani za nego a kade se goce delcev nikolla karev pitu guli jane sandanski zarem ovcarot bil pogolem od niv.ajde ve mollam
Од: radoslav
Датум: 29.09.2009 18:28:38
не е виновен тој АХМЕТИ,виновни се сите тие што му го споменуваат името и му придаваат важност и нему и на сите кои отворено ја негираат државата и сонуваат за голема аЛБАнија
Од: ne e vazhno
Датум: 29.09.2009 19:10:48
Pa dobro be vie makedoncite sto mnogu gio pikate nosot kaj sto ne vi e mestoto vie nitu znaete koj ste ni sto ste ni od kade ste znaete vie koj ste i sto ste i od kade doagate ama ne vi ide dobro toa da go kazete vie ne ste pravi makedonci vie ste doojdeni od karpatite i ste doselenici kradci lopovi vie ne znaete sto ste bugari srbi grci ili rumunci a za makedonci toa e prasalnik vistinski makedonci nmea i nema da ima a dokolku nie albancive pripagame tuka oti naseto poteklo e od ilirite ti imale prestoj tuka i zatoa mozeme da kazeme deka nie sme domacini a vie ste gosti dojdeni i ste zele srpska bil;garska i grcka kultura epa gledate kkao vi oddaat rabotite grcite ne ve sakaat bukarite istotaka srbite ne vi ja priznavaat crkvata samo nije albancive ne ve navreduvame za nisto i kako moze eden blaze koneski krvopiec na albanskiot krv na albanskiot narod i da pisuva deka nie sme dosle od nekade i sme prezele nesto sto e vase pod navodnici zatoa molcite i zbor da ne ve cujam inaku drzh

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Димитар Чулев
Едиторијал
Соња Крамарска
Мислења
Исмет Рамадани
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Џефри Сакс

Фирмите си должат дури милијарда евра
Хроника
Грозоморно убиство во Охрид