Захробска ги победи конкуренцијата и невремето во Аспен
Чешката скијачка Шарка Захробска успеа да го издржи притисокот на Австријката Никол Хосп и да ја оствари првата победа во втората слаломска трка сезонава што викендот се возеше во американскиот зимски центар, Аспен. Покрај нив две на победничкиот подиум се искачи и Тања Путиаинен од Финска. Слаломот во Аспен се одржа во исклучително тешки временски услови, се возеше во услови на луња, трката беше на граница на регуларноста и дури шест пати беше прекинувана.
Резултати од слаломот за жени во Аспен: Шарка Захробска (Чешка) 1:39,32 минути, Никол Хосп (Австрија) + 23 стотинки, Рања Питуаинен (Финска) + 97 стотинки, Линдзи Вон (САД) + 1,41 минути, Катрон Цетел (Австрија) + 1,43 минути, итн...
Генерален пласман во Светскиот куп: Тања Путиаинен (Финска) 260 бода, Линдзи Вон (САД) 229, Марија Пиетила Холмнер (Шведска) 196, Катрин Цетел (Австрија) 190, Шарка Захробска (Чешка) 143, итн...
Генерален пласман во слалом: Линдзи Вон (САД) 150 бода, Никол Хосп (Австрија) 130, Шарка Захробска (Чешка) 129, Марија Пиетила Холмнер (Шведска) 116, Тања Путиаинен (Финска) 100, итн... |