Предраг Павловски
актер
Денеска, понеделнички, имам слободен ден во Театарот за деца и младинци, па ќе го искористам за да завршам некои административни обврски низ град. Верувам дека ќе успеам да ги платам и сметките, ако добијам денес плата, т.е. ако сме поминале низ софтверот на УЈП.
Оливера Чемкова
проф. по француски јазик
Завршив со уписите за новиот семестар во моето специјализирано училиште за француски јазик „Жан Жак Русо“. Пред да започнам со часовите во попладневните часови, со колегите и пријателите можам симболично да го прославам третиот роденден на училиштето, кој беше на 14 февруари.
Новица Василевски
пејач
Понеделнички во план е снимањето на емисијата „Екстра фолк-шоу“. Тоа значи дека по ударната доза овошје, одам во „Фокабо“ по костумот за емисијата, па на снимање во „Томато продукција“. Вечер, кога ќе завршиме, со сопругата Тања ќе се почестиме со вечера и нашата омилена салата „цезар“. |