Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Груевски молчи, ДУИ бара прво да се реши името

„Ако мнозинството има желба, тогаш парламентот може да се распушти во јануари, а изборите да се одржат до март“, посочуваат во СДСМ

Оливера Војновска


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е прилично воздржана за протестниот марш на опозицијата и иницијативата за предвремени избори во пакет со пречистување на Избирачкиот список и измени на Изборниот законик. Премиерот и лидер на десницата, Никола Груевски, се појави во јавноста, но не беше расположен да ја коментира опозицијата. Груевски вчера го пушти во употреба фудбалското игралиште во село Орман, постави и камен-темелник за изградба на пречистителна станица во село Волково, а, сепак, ги избегна медиумите. Молчеа и во неговата ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, се одважи коалицискиот партнер во Владата, ДУИ, од каде што порачаа „прво да се реши името, а потоа на избори“!

Спикерот Трајко Вељаноски вчера молчеше, но пред неколку месеци (кога лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски најави дека по Самитот на НАТО во Лисабон ќе бара предвремени избори) рече дека ако опозицијата поднесе ваква иницијатива, веднаш ќе ја стави на седница. Собраниски извори велат дека самата предлог-одлука за распуштање на Собранието е непрецизна. Имено, во неа не е децидно наведено кога се бара да се распушти парламентот (како што беше иницијативата на ДУИ пред повеќе од две години), туку се вели „одлуката стапува во сила и се применува од денот на примена на измените на Изборниот законик“. Па, произлегува дека таа има одложено дејство, што се смета за нелогично и неизводливо. За правните експерти во СДСМ, пак, формулацијата на одлуката воопшто не е проблематична. Велат дека споменатата одлука, која е политичка, може да има одложено дејство, а во меѓувреме, да се донесат измените на Изборниот закон и да се прочисти Избирачкиот список. „Ако мнозинството има желба и ги стави на првата наредна седница измените во изборната регулатива и предлог-одлуката за формирање анкетна комисија, тогаш парламентот може да се распушти во јануари, а изборите да се одржат најдоцна до март наредната година“, посочуваат во СДСМ.

Социјалдемократите вчера се' уште беа под влијание на еуфоријата од претходниот ден кога протестираа низ улиците на Скопје. Тие на вчерашната собраниска седница заедно со пратениците од НСДП, ЛП и од Нова алтернатива се појавија облечени во жолти маици на кои пишуваше „Доста е -избори“. Носеа и фотографии од маршот и им ги покажуваа на колегите од ВМРО-ДПМНЕ, кои се смееја и дофрлуваа. Ваквата атмосфера дополнително се подгреа откако не помина двотретинскиот закон за органите на државната управа. Опозиционерите видно расположени аплаудираа кога се покажа дека владиното мнозинство за еден глас не успеа да обезбеди 80 гласа за донесување на споменатиот закон.

Невообичениот дрес-код на опозицијата надвор од пленарната сала го прокоментира пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов. „Се облекле како канаринци, веројатно, пожолтеле од страв навистина да не се случат избори“, рече Трајанов. Тој, всушност, беше единствениот од пратениците на портокаловата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ што го коментираше предлогот за распуштање на парламентот. „Без разлика дали ќе имаме предвремени или редовни избори, СДСМ повторно ќе се соочи со сигурен пораз“, смета Трајанов. Според него, крајно лицемерно е Црвенковски и СДСМ да зборуваат за сиромаштија, невработеност, криминал, партизација, изолација.

Портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, смета дека ова е сериозен момент за земјата и сите политички фактори мора да се обединат и да ја надминат блокадата предизвикана од нерешеното прашање за името со Грција. „ДУИ сака прво решение за името, па потоа избори. Избори без решение за името единствено би легитимирале, би потврдиле уште една политика на самоизолација“, изјави Мехемти, додавајќи дека нејзината партија е подготвена во секое време да оди на избори, па макар тие да бидат и предвремени. Таа напомена дека ако се земат како некој индикатор анкетите што покажуваат дека растечки евроскептицизам, прашање е која би била понудата на политичките партии. „Што би понудила опозицијата, која не се произнесува за нејзината подготвеност веднаш по евентуално преземање на власта да го реши прашањето на името“, прашува Мехмети.

СДСМ вчера искажа задоволство поради тоа што, според нивни процени, на протестот излегле на 50 илјади луѓе. Колку и да се трудеше ВМРО-ДПМНЕ преку негативна и мизерна кампања, прес-конференции, мрачни ��ценарија, приземни графити и флаери да ги одврати и да ги уплаши граѓаните од протестниот марш, во тоа не успеа. Груевски има една единствена опција. Да го прифати тоа што го бара народот и да биде поразен на предвремени избори“, изјави потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

Во завчерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител, Груевски за протесниот марш на СДСМ изјави дека имало само осум илјади луѓе и дека Црвенковски не понудил ништо ново. Во врска со барањата на СДСМ за предвремени избори, Груевски најави консултации во партијата и со коалициските партнери, по што ќе донеселе одлука. Премиерот додаде дека кредибилитетот на Црвенковски е рамен на нула.


#
Статијата е прочитана 1709 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.12.2010 12:16:38
Од извори блиску до Бихаќка дознавам да на следната сесија на парламентот опозицијата ќе биде облечена во бело.Како статистите од филмот ,,Скупљачи перја,, а богами тука е и Бели Бора.Решиле да додека не се распишат изборите секоја седница врз секидневната облека ќе се наметнуваат со други алишта ама во различни бои.Денес жолта,утре бела,заутре црвена и така во недоглед.Идеја првокласна и несекидневна.
Од: Бате
Датум: 07.12.2010 14:25:34
Бате Аљи,спашавај!
Од: realen
Датум: 07.12.2010 14:58:24
Zolti ili ne, beli ili ne -e nebitno. Zaram ona tropanje na Gruevski za B92 moze da se sporedi so boite na vinozitoto. Ova da bese na HTV, kaj Stankovik ili Latin, nitu Latas nitu Milenko ne ke go opraje da ja najde vratata. Blamaza, no ne za opozicijata. P.S. A toj Pavle Trajanov raka pod raka so Liljana Popovska neka molat boga nekoj da gi esapi. Aj, Popovska, demek altruizam i sl. gluposti. Aman od ovaa omraza, do koga.
Од: db
Датум: 07.12.2010 15:01:47
Pozicijata se uplasi od eden protest. Polupismenite diktatorcinja, pocnaa da go vregat BC, nebare toj e premier. Pavle Trajanov neka vidi kako se oblekuva toj pa posle da komentira za drugite, a i da kaze zoshto "nasilno" vleze vo koalicija so DPMNE. (da ne imal neokja afera?). A komentatorcinjata od DPMNE neshto ne gi gledam, izdishaa od eden protest (by the way imalo 8000luge). Kupete si ocila i ne prajte na TOSO.
Од: lavce
Датум: 07.12.2010 15:53:28
A narodot ke se oblece vo CRNO Felix, zasto tvoeto DPMNE site ne dotera do tuka da zalime sto glasavme za niv. Se nadevam deka do bilo kakvi izbori ke se pojavi partija so program koi ke obekjava idnina za ovaa nasa Republika
Од: јас (Прилеп) <-- jас
Датум: 07.12.2010 16:15:07
Е Среќко , тие „канаринци “ ќе ви го отсвират посмртниот марш !!
Од: алек
Датум: 07.12.2010 16:40:34
Си напраја важно пресметки и сума сумарум му излезе во март избори хахахаха,загрев биле овие за какви избори зборуваат арамии ни едни,го опљачкаја народот сега сакаат да ги сакаме е малку ќе почекаат.Да живее Груевски !!
Од: Тошо
Датум: 07.12.2010 22:36:10
А зошто партијата на Ермира Мехмети не го реши проблемот со името? Па нели се тие власт. Кај нив се конците. Или мислат уште децении да го ‘влечкаат‘ решението и за тоа време да нема избори!!!
Од: Hari
Датум: 08.12.2010 07:46:28
Alek koga zboruvas za pljackanje na narodot mislish verojatno na pljackata na onoj koj te placa da gi pisuvas ovie tvoj kopii komentari, koj za ovie 5 godini potrosi milioni evra za kampanji i reklami, isto tolku i povece za spomenici, ne izgradi nitu eden km avtopat i hidrocentrali(toa gradese SDSM) a nekolku milijardi evra so bratucedite ukradoa i odnesoa vo Ceska. Si gi pomesal rabotite portokalovo pisarce, naemno argarce.
Од: Aleks
Датум: 08.12.2010 09:25:44
Da zivee Grujo?!?!?!?... I jas velam isto ama ajde, neka pocne da zivee, dosta vise parazitira na grbot na makedonskiot narod.....nego, ima li narodot OPCIJA ili samo drugiot parazit Bane?!?!?!
Од: trpe od gradcko
Датум: 08.12.2010 15:09:59
Koga nema rezultati od vlasta koja gi ima pod kontrola site vlasti...se napaga po opozcijata....Pa narode neli gledate deka za vek 5 godini kako vladee Gruevski nema nikakvi rezultati...vo izloacija sme...nema investicii...nikoj za nas ne zboruva a siromastijata e rekordna.....za toa se potrebni izborite....pa ako sakte siromastija i izloacija glasajte za Gruevski, ke imate sigurno...
Од: snajper
Датум: 08.12.2010 15:21:50
ne bara samo dui be komunjarcinja raspipani.. toa go baraat i makedoncite i site gragani na drzavata.. toa vi e jasno kako bel de.. a i toa ke vi se sluci.. prvo resenie za imeto i toa pod itna postapka, posle cistenje na politikata od vas predavnicite i koalicijata sdsm-dpmne
Од: Богомил
Датум: 08.12.2010 23:46:25
Ја поддржуваме идејата за предвремени избори, но на главатарите од СДСМтреба да им се предочи дека со некои свои постапки демонстрираат несериозност. Политиката не е циркуска арена. Народот бара да види зрелост во вокабуларот, во дијалогот, во проектите, за да може најобјективно да ги согледа вредностите и разликата што ги двои од постојната криминализирана банда на власт, која катадневно не опсипува со примитивизмот на своите дежурни телали. Не помагаат жолтите маици, туку интелектуалниот пристап кон сите проблеми во системот.

Најди! во Утрински
На прво место
Фијаско на реформата за администрацијата
 

Dutch clear path for Montenegro's EU candidacy
Bulgaria to issue up to €1.2b in sovereign debt
Macedonia makes controversial African and Middle Eastern links