Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп


ОВЕН

Денеска ќе имате полни раце работа, а да биде уште полошо, ќе бидете пречувствителни и ќе реагирате на секоја ситница и упатен збор. В ред, но имајте на ум дека не смеете да ја малтретирате околината, особено не својата подобра половина.



БИК

Ќе бидете преполни со енергија, па не е лошо да ја искористите. Пред се', насочете ја на работата, бидејќи на ова поле и најбрзо ќе ги почувствувате резултатите што ќе ве мотивираат да одите натаму. Ако сте скарани со партнерот, денеска смирете се.



БЛИЗНАЦИ

На полето на работата се' ќе се одвива толку добро што на момент ќе помислите дека сонувате. Вашиот емотивен живот, исто така, од некоја непозната причина ќе процвета, а вие ќе се чувствувате како да сте на врвот на Монт Еверест.



РАК

Доколку јасно и гласно не го дефинирате тоа што го сакате, како мислите дека другите ќе знаат? А за да го кажете прво мора да расчистите со себеси за што конкретно станува збор. Ве очекува тешка работа, а и дијалог со самите себе.



ЛАВ

Немојте да бидете површни. Обратете поголемо внимание на деталите и ќе видите дека сте правеле сосема погрешни чекори во последно време. Но, има време за поправен испит. Поправете ги работите, посебно доколку тоа се однесува на емотивниот живот.



ДЕВИЦА

Денеска ќе ви се случат премногу работи што не мора нужно да бидат позитивни. Нештата ќе се менуваат од минута во минута и ќе добијат сосема поинаков тек, така што во попладневните часови ќе се чувствувате максимално исцрпени.



ТЕРЕЗИЈА

Прифатете ги новите деловни предизвици и во нив вложете ја својата енергија. Како мотивација нека ви послужи наградата што ќе ви помогне да решите некои важни животни прашања. Што се однесува до емотивниот живот, реалната процена на партнерот ќе ве разочара...



СКОРПИЈА

Вашата моментна вљубеност навистина нема никаква смисла. Доста го гледате светот преку розови очила - обидете се објективно да размислите. Зошто и натаму би се залажувале сами себе кога знаете дека тоа никаде не ве води?



СТРЕЛЕЦ

Доколку моментно немате пари, обидете се да најдете начин како да заработите и да го вложите во недвижен имот. Во тој контекст би можело многу да заработите. Внимавајте малку на здравјето посебно ако не се храните пристојно.



ЈАРЕЦ

Здружете ги силите со еден ваш колега со кого најпосле би можеле да ги остварите своите идеи. За разлика од вас, колегата ќе бидете сосема објективен и ќе преземе конкретни чекори што ќе ве помрднат од мртва точка.



ВОДОЛИЈА

Денеска ќе ви се случи средба со бившата подобра половина за која ве врзуваат болни спомени. Не дозволувајте сеќавањата да ве одвлечкаат во старите времиња. В ред, тоа лице ве повредило, но денеска е сосема небитна во вашиот живот. И да... Убаво е кога човек умее да простува.



РИБИ

Знаете ли кој е еден од вашите најголеми проблеми? Кога ќе ви падне генијална идеја на ум, а вие ќе заборавите на реалните околности и ќе почнете да фантазирате. Логично е дека така нема ништо да направите. Направете процена на моментните услови.


#
Најди! во Утрински






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000