Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

Фишер: Паралелни преговори за името и за ЕУ

Решавањето на прашањето за името не треба да биде предуслов за Македонија да добие датум за старт на преговорите со ЕУ, е ставот на австрискиот претседател Хајнц Фишер. Тој по средбата со со својот македонскиот колега Ѓорге Иванов во Виена рече дека „проблемот може да се реши и на крајот на преговорите“. „Тие треба да почнат и паралелно да течат двата процеса. Така ќе се даде поттик“, изјави Фишер. Според него, Грција сигнализира дека услов за добивање датум е решавањето на името, „но сметаме дека за одредување датум и п��четокот на преговорите не треба да се чека решението. Австрискиот претседател исто така смета дека актуелната економска криза во Грција не треба да влијае врз решавањето на името, бидејќи двете прашања не се поврзани.

Фишер вчера рече дека некои работи околу грчко-македонскиот спор му се појасни откако Иванов го информирал и за некои историски аспекти на спорот. „Проблемот е тежок, но не е нерешлив“, е заклучокот на австрискиот претседател.

Македонскиот претседател, кој се наоѓа во дводневна посета на Австрија, се согласи со Фишер дека спорот не смее да биде предуслов за добивање датум за преговори притоа посочувајќи го примерот со решавањето на проблемот меѓу Хрватска и Словенија, со што се отворил патот на Загреб кон Брисел. „Грција е во криза и моментално нема мотив да го решава проблемот и таа не губи ништо ако се одреди датум и преговорите почнат“, смета Иванов. Според него, до завршување на преговорите проблемот може да се реши, а одредувањето датум само ќе биде дополнителен мотив за тоа.

Фишер и Иванов разговарале и за билатералните односи, како и за економската и културната соработка меѓу двете земји. Фишер изрази надеж дека ќе се засилат економските релации и го поздрави решавањето на проблемот со „ЕВН Македонија“. Според Иванов, пак, Австрија е присутна во три битни сфери за македонското општество - Европа, енергија, економија.

За вчера беше најавена и средба на Иванов со австрискиот премиер, Вернер Фејман, а македонскиот претседател треба да се сретне и со претставници на Стопанската комора на Австрија. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 584 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Втора страница
Бекграунд, фитбек, сиви
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ уште сега секој на своја страна
Вербатим
Се' уште пече лутата рана на децата-бегалци

"""