Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Братислав Димитров

драматург

Денеска сум во Гевгелија на „печалба“. Се надевам дека ќе стекнам уште многу пријатели на промоцијата на мојата книга „Рецепти за осаменост“. Едвај чекам да се сретнам со љубезните организатори на ова дружење од Домот на култура „Македонија“, библиотеката „Гоце Делчев“ и хотелот „Аполонија“, каде што ќе се одржи промоцијата.

Тони Зен

музичар

Рано утринава се вратив од Истанбул. И покрај заморот, ќе бидам во топ - форма на промоцијата на новиот спот за мојата песна „Микафа ес сукафа“ ( испена на мексиканско - шпански со македонски акцент, ха,ха), која ќе се одржи во ресторанот „Дивино“ од 12 часот.

Никола Ефтимов

моден креатор

Голем дел од денот ми тече, регуларно - работно: прво, предавања на Академија италијана, а потоа подготовка на презентацијата за петок. Се надевам дека ќе завршам со работа навреме и да одам на честитање на славата Свети Никола кај една пријателка.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ