Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Писма
Конзервативна Македонија?!

Борис Ракитски

Сите можеме да ја видиме Македонија како пред наши очи се претвора во земја на „капиларен фашизам“ (диктаторска земја без големи диктаторски зафати), земја на чисти „антички Македонци“ и земја на големи православно-навивачки малограѓани и силеџии.

Е, во една таква земја, еден-два дена по најновите парламентарни избори, може да заспиете и да го исонувате следниот сон за она што може да ви се случува во иднина:

Еден убав ден во блиска иднина водечката личност на партијата и на државата, се појавува на говорницата на Собранието и ги искажува следните зборови: „Дами и господа! Се' укажува на тоа дека македонското Собрание во ваков состав тешко може да функционира така како што ние замисливме и проектиравме, па затоа сметам дека во иднина него треба да го сочинуваат само пратеници од нашите политички редови и кое ќе и' одговара само на својата партија. Со тоа, за нас, се отвора едно едноставно прашање: Дали Собранието е воопшто потребно? И, консеквентно, прашањето: Дали неговата улога не треба да ја преземе нашиот Извршен комитет (во проширен состав)? Затоа, дами и господа, предлагам Собранието да се самораспушти...“. Во тој момент, сите пратеници, стануваат на нозе и, во знак на одобрување, започнуваат со френетично аплаудирање и скандирање.

Нормално, како во старите „добри“ времиња на големи кралеви и мали окупатори, нашиот народ македонски, денес добро идеолошки подготвен од страна на миленковци и змејковци, сето тоа го гледа и немо, со одобрување, го прифаќа. Оти, верата и „патриотизмот“ се се'! А, згора на тоа, „подобро јасна десница, отколку нејасна левица, секогаш подготвена на калкулации и предавства“.

Во целата таа општонародна „благосостојба“ се чека само уште одобрувањето на врховниот арбитар - Светиот синод на МПЦ. Но, со оглед на испреплетеноста, соработката и дружељубивоста меѓу власта и Црквата - тоа е само формален чин!

Откако е добиен црковниот благослов, сонувате вие, наредниот ден сите се будиме во земја во која повеќе нема партиски надмудрувања и навредувања, никој повеќе не ја кочи „Преродбата што трае во континуитет до бесконечност“, успесите се редат на сите економски полиња („Манифестот“ се реализира без ставање злонамерни сопки од клетите „комуњари“), Македонија станува светска велесила (секако не ни помислуваме да бараме некакво асоцирање со европските држави), на телевизија гледаме само правоверни новинари, партиски собири, воени паради и црковни процесии. Нормално, книгите на Данте Алигиери, кој за папата Бонафицие го обезбеди местото во пеколот, на Кочо Рацин, кој ги „величеше“ македонските богомили и ја критикуваше православната вера и црква и, се разбира, на Маркс, Дарвин, Ленин, Холбах, Русо, Мисирков, Васил Ивановски, Атанас Вангелов... (списокот на антихристијани, комунисти, србокомунисти, анархисти, македонисти, актуелни опозиционери.... е огромен), се најстрого забранети, а веронауката станува главен училишен предмет.

Секако, во вашиот сон ќе видите дека на секој чекор никнуваат огромни статуи на античките македонски кралеви и на некој македонски комита, со цел да се зацврсти античкомакедонскиот идентитет (или, некои велат, за да се подготви терен за бугаризацијата). Ќе видите дека се градат некакви спортски терени, на кои речиси никој не спортува, но кои пропагандно се користат за да се прикаже „успех“... И, можеби, ќе видите дека се гради огромна триумфална капија за да се прослави и возвелича пред идните генерации - денешниов Водач!

Значи, да резимирам, ќе сонувате дека Македонија, дефинитивно, е претворена во земја на благосостојба и правоверност. Во земја во која сеопштата среќа ја штити една цврста и непоколеблива фундаментално православна власт, а припадниците на националните малцинства, конечно, се претворени во лојални граѓани што ја почитуваат и ја „сакаат“ државата. Оние, малкумина, нихилисти, анархисти, комунисти, непоправливи опозиционери се неутрализирани во - концентрациони логори! Но, тие и така сами си го бараа.

Секако, ваквата фиктивна слика на Македонија е неможна. Тоа би било слика на фашистичка држава... Неа може да ја замисли само некој злонамерен опозиционер, кој сигурно е предавник и не им мисли добро на Македонија и на нејзиното население. Македонија е и ќе биде земја на „капиларен фашизам“ и на крупен национализам, односно земја во која ќе преовладува говорот на омразата спрема сите неистомисленици на власта. Македонија е и ќе биде само земја на крупни и ситни кражби, земја на сеприсутна пропаганда за тоа колку ни е убаво и, на крај, земја во која малкумина ќе бидат многу богати, а мнозинството многу сиромашни. Ако веќе не е, тогаш веројатно, за скоро време, Македонија ќе стане земја на големи патриоти и на големи спортисти и, веројатно, земја на многубројни „искрено побожни луѓе“. Попатно, гледавме и ќе се изнагледаме спектакуларни“ апсења на политички противници, ќе се изнагледаме антички монументални скулптури, ќе сведочиме кражби (некои еуфемистички ги викаат „афери“) на огромни суми пари од носителите на власта од локално ниво до национално, ќе преживуваме масовни партиски отпуштања и нови вработувања.

#
Статијата е прочитана 940 пати.

Испрати коментар

Од: cile
Датум: 20.06.2011 00:14:21
i hitler i duce se digaa ama narodot ne im trpese...
Од: На СДСМ и треба „Операција метла“
Датум: 20.06.2011 07:33:22
Разбирам дека сте исфрустрирани од „грешката“ на „конзервативната Македонија“, но место да се мачите да не убедувате во нешто што само вие го гледате, подобро позанимавајте се со тоа што се случува во вашиот табор - нешто што сите ние, освен вас го гледаме. Вам ви е потребна промена. Вашиот идол треба да си оди, заедно со сите макрадуловци и шеќеровци.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 20.06.2011 08:07:49
Konzervativna Makedonija?!.Zosto interpunkciski znak na dilema,ili cudenje?.Vakvi znaci dobro bi stoele na primeren naslov-,,Progresivna Makedonija?!>Ili,uste ,,napredna,,moderna,,civilizirana,,...
Од: Мала исправка
Датум: 20.06.2011 08:29:50
Има една мала грешка во текстот „...анархисти, комунисти, непоправливи опозиционери се неутрализирани во - концентрациони логори! “ Некои коментатори не им викаат така, туку велат „Пасошот во рака и да ве нема оттука“.
Од: ГОЦЕ -АМСТЕРДАМ
Датум: 20.06.2011 14:03:42
МАКЕДОНИЈА КОНЗЕРВАТИВНА ?? НЕ , НЕ ,ВООПШТО НЕ ! Господине Ракитски ,знете што значи демократско општество ? Јас ке ви кажам ! Дали живеете во Холандија или Македонија , исто ви се факја ! На избори народот си гласа ! Онај што ке победи си прави што сака , СЕ РАЗБИРА СИ ЈА СПРОВЕДУВА ПОЛИТИКАТА НА СВОИТЕ ГЛАСАЧИ, па ако не ви се допагја нешто имате четири години време да ја демократизирате вашата партија , за таа да дојде на власт и да прави работи кои на вашето членство ке му се приоритет па потоа опозицијата ке се нервира исто како што вие сега непотребно се нервирате ! ПА ...? ? САКАЈТЕ ЈА И ПОЧИТУВАЈТЕ ЈА ДЕМОКРАТИЈАТА И НАРОДОТ ОДЛУЧУВА.......ЗА ВАША УТЕХА.... СО МНОЗИНСТВО !
Од: Tina
Датум: 20.06.2011 15:32:17
Obicno jas sakam da vidam novi idei za po dobra vlast vo Makedonija. A ne da prezivuvame negativni raboti na nekolku od tie koi so vremeto se menuvat. Na site im treba vreme, da slusat na narodot i da gi upotrebuvat tie idei za dobro utre. Bez loso, nema da znaeme kako da pravime po dobro. Sepak Makedoncite pominale so mnogo problemi vo rat i vo mir. Nikogas vo sloboda. A sega, tuka sme. Vo sloboda. Ni treba novi pozitivni idei i sloga.

Најди! во Утрински
Писма
Молк од Министерството за труд

"""