Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Како поразените станаа главна вест

Александра М. Митевска

Македонија е една од ретките држави во кои јавноста е позаинтригирана за случувањата меѓу поразените отколку за настаните кај победниците. Домашната јавна сцена е уникатен пример за тоа како опозицијата, која нема многу механизми да влијае врз процес��те, почесто е во жижата, за разлика од Владата, во чии раце се речиси сите адути за креирање на политиките. Нашата политичка арена е раритет со самото тоа што фокусот почесто е свртен кон „Бихаќска“, каде што се расчистуваат внатрепартиски дилеми отколку кон „Илинденска“, каде што се решава за иднината на државата.

Токму ова ни се случува во последните триесетина дена, кои се обвиткани со невообичаен политички молк. Постојаните искричења на релација власт-опозиција и обратно, на кои бевме сведоци неколку години наназад, како да се случувале во некое друго време и на друго место. Постизборно, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како да склучија примирје, кое, веројатно, нема да трае уште многу долго...

Затоа, пак, откако на 5 јуни граѓаните се изјаснија кому му ја даваат довербата да ја води Владата во наредниот период, љубопитноста на јавноста - на експертите, медиумите, аналитичарите..., нагло натежна кон оние што не добија поддршка да ни ја менаџираат стварноста и што останаа во опозиција.

Прашањето дали Бранко Црвенковски ќе си замине од кормилото на СДСМ стана поважно од тоа дали, на пример, ќе си даде оставка министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Мистеријата има ли фракции во опозицискиот камп стана побитна од тоа има ли разногласие меѓу старите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ при договарањето на новата коалиција. Дилемата ќе си свртат ли грб Радмила Шекеринска и Црвенковски доби хамлетовски димензии, во споредба со тајноста со која се обвиткани преговорите за идните соработници на Никола Груевски во владиниот кабинет...

А, на пример, за граѓаните што едвај сврзуваат крај со крај, пливајќи низ брановите на рецесијата, не е од големо значење кој сега ќе биде на чело на опозицијата. Тоа е проблем што најмногу ја засега самата опозиција, која, очигледно, уште треба да зајакнува, за по некои следни избори со право да заслужи да биде топ-тема во јавноста. За оние, пак, што не се во политичките води, многу поважно е кои луѓе ќе седат во министерските фотелји и колку тие и премиерот ќе бидат умешни во пребродувањето на кризата.

Не дека случувањата во опозицискиот камп не заслужуваат внимание. Јавноста има право да биде информирана за тоа што се прави и што планираат оние што би требало да се наметнат како алтернатива за владејачката гарнитура. Такво право особено имаат гласачите што на изборите гласале за „губитничката опција“.

Значи, сосема легитимно е да постои заинтересираност и да се води дебата за настаните во партијата која на противниците им ја загрози апсолутната власт. Но, нелогично е опозицијата со денови да биде прва вест и главна тема, во ситуација кога државата се соочува со толку многу проблеми што чекаат на разрешница по формирањето на новиот владин кабинет. Уште понелогично е ретко некој да се заинтересира што се случува во владината зграда или во жолтата зграда на ВМРО-ДПМНЕ. Или, можеби, во упориштето на ДУИ во Мала Речица.


#
Статијата е прочитана 2428 пати.

Испрати коментар

Од: citatel
Датум: 06.07.2011 00:32:32
Zar novinarstvoto ne e nezavisno i slobodno. Pa vie si gi birate temite i vie si gi pisuvate.Vo megjuredovi, vo najmala raka vladeackata partija ja obvinuvate deka gi vrsi pritisok da se pisuva udarnicki za B,C i negovata horda.Citatelite ke citaat ili ne, zavisno od toa sto ste napisale. Ako im zdosadite nema da vi go kupuvaat vesnikot i ke zavrsite kako imnogu drugi pred vas...
Од: USA
Датум: 06.07.2011 02:24:18
Izgleda mora da se prvede: Za 5 1/2 godini, blagodarenie na Branko ima 2 predvremeni izbori. Pokraj toa sto toa cini mnogu pari i neefikasnost vo i za vreme na izbori, treba da se zeme vo obzir faktot sto za da se dojde do niv, predhodi period so kocnici, kreiranje haos, nesorabotka, drzenje za ...(izberete sto sakate), izleguvanje od parlamentot. ZATOA SE KOMENTIRA NEOSTAVKATA NA bRANKO. PRASANJE NA VREME E KOGA KE SE POVTORI.
Од: Трпе
Датум: 06.07.2011 07:02:52
Се додека во РМ има толку многу овци,ќе има и доволно волна.Довербата ја дадоа исто како на волкот во уста да му ставаш јагне.Иако волкот сам си ги врши работите па затоа е толку дебел во вратот.Старо новата власт,односно позицијата која 5 години иако е власт се однесува како да е опозиција си трае и си прае.Народот што си одбра и нека си трпи.Даде доверба на оној кој не разбира што е приоритет за квалитет на живот.А Лајачите кои ги заведуват овците само гледат во другиот двор што се случува за да може уште повеке да го измамат и своето стадо.Само парадокси ,најчесто се случуват во нашата со многу мака створена државичка.
Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 06.07.2011 07:26:44
Prvi[ Apsurd do Apsurd! PS Izjava na,,Srbinot" Stoiljkovic;Беше пренесена и изјавата на Стоиљковиќ дека е тоа опасно политичко однесување на Шеќеринска и дека е тоа фашизоидна изјава, навредлива за Србите во Македонија кои се тука родени и лојални граѓани на оваа држава. Eee Moj Stoiljkovicu,kade zivees,i sto znaes od Srpskata Istorija na ovie prostori-prosetaj niz Kumanovsko,SkopskaCrnaGora,Pod Sarplania,Gostivarsko,Porecije? Pojasnuvane,Stoilkovicu,Rece;Tuka rodeni i lojalni gragjanii,Rece i ostana ziv!Pa Srbite,ne se rodeni tuka i lojalni,Tuku Tie se tuka,i od vajkada e nivna zemja!Vtori} Apsurd do Apsurd.se Stoiljkovic i Latas,priateli do VMRO,sto ne ostava ni edno malecko spomenice na Srpskoto bitusivane vo Skopje.Tretio Apsurd do Apsurd se Rakas i Stoiljkovic sePriateli i pomagaci i Promoteri na VMRO I Vmrovskite-anti Srpski Monumenti na plostadot vo Skopje.Cetvrto] Apsurd do Apsurd,Dvajcata se politicki sojuznici so vnucite na najgolemite Srpski nepriateli[Protogjer-Protogjerov
Од: Lazo Stefanov
Датум: 06.07.2011 07:33:34
Mozebi pokajuvanjeto e pricina za pogolemiot interes za sluguvanjata vo opozicijata, spored narodnata mudrost: ,,na budalite otposle im teknuva,,.
Од: Ма жив циркус
Датум: 06.07.2011 07:44:49
Како да не е заинтересирана јавноста кога случувањата во СДСМ се поинтересни од циркусот „Медрано“. Бараа предвремени избори - ги изгубија. Народот бил во право - иако згрешил. Бранко ќе си заминел - си остана. Се радуваат како деца - изгубија по 5-ти пат. Бучко се бунеше - на конгресот беше мивка. Најсмешното од се - пак ќе оделе на предвремени избори. Ма жив циркус. Бравооо! Браво мајсториии!! Бииииис!!!
Од: Mirko
Датум: 06.07.2011 07:49:38
Aleksandra imas odlicna kolumna taka e namesto javnosta da komentira i pisuva za krvnicki ubien i vo park frlen kako partal od strana na tie sto treba da ne branat portokalovite se zanimavaat so BC a ne da se svrtat i da pobaraat odgovornost od Gruevski i Jankulovska.No sto da se pravi 5 g taka rabotat Branko Sekerinska Bucko Zaev so niv se zanimavaat a ne gledaat deka drzavata se vrati nazad 20 g e toa go ima samo kaj nas kade sto neznaes dali vlasta e vlast ili opozicijata e vlast sve e sestro isprevrteno rabota na vlasta e da raboti za idninata i dobroto na narodot i drzavata a opozicijata e taa sto treba da kritikuva kaj nas obratno vlasta se ponasa kako opozicija kako SDSM da e vlast cuda nevideni no parite zemeni so krediti i od plackamje na narodot si go napravija svoeto gi iskoristija gi podelija pa sega so gospod napred ke vidime do kade.
Од: Александар М.
Датум: 06.07.2011 09:06:22
А, да ставеше авторката на текстов нејзина фотографгија со слози во очите..........
Од: jaco
Датум: 06.07.2011 09:09:02
a be vmrovcinja gledajte si vo sopstveniot dvor 4 god. poveke se zanimavate so sdsm otkolku so samite vas.Jas ke vi kazam kako gi dob ivte izborite.Pobedata e dojdena od ruralnite mesta kade sto gi kupivte glasovite so subvenciite a i na denot na izborite se davase i po 50 evta za glas na onie sto ne sakaa da izlezat i na siromasnite.No i tie pari veke gi istrosija lakomite gragani pa sega neka uzivaat vo siromastijata i neka se hranat od latinoamerikanskite potezi na vlasta
Од: tanja
Датум: 06.07.2011 09:12:19
A za kogo da se pisuva, smee li nekoj vo ovaa drzava da pisuva deka Gruevski i Ahmeti idilicno vladeat i go plackat narodot koj go dovedoa do prosjacki stap.Ako nekoj medium ili novinar pisuva za pastirot vednas ke se zatvori a novinarot ke dobie otkaz.Site diktatorski rezimi moze voda da ni nosat.
Од: Do USA
Датум: 06.07.2011 09:26:47
Ili si potpolno neinformiran,ili si pak vo alkoholizirana sostojba.!Izborite vo 2008 gi raspisa DPMNE,SDSM glasase protiv.Ako ne sakase izbori GruevskI,kje nemase izbori nitu voo 2011.Toj imasedvotretinsko mnozinstvo vo parlamentot.Pravdanjeto na nesposonosta so precki,kocnici i slicni gluposti e ona" Rgjavom k.... i dlaka smeta!
Од: goran
Датум: 06.07.2011 09:43:36
Draga Aleksandra, Znaes li kolku skeleti od pocinati/ubieni luge ima niz Makedonija od ovie Taka nareceni lideri. Kolku deca siraci ima niz Makedonija i kolku Invalidi ima i kolku bezdomnici i kolku se smesteni po zatvori i mentalni bolnici i kolku imaat emigrirano
Од: ivo
Датум: 06.07.2011 10:03:26
Nema logika da tvrdime deka imame institucii, legalni i legitimni, ili deka imame nov, legalen i legitimen Parlament i Vlada, pri tolku nejasnotii i somnevanja za nelegalni, koruptivni i ucenuvacko - zaloznicki finansiranja na kamoanjata, na izborite, pri tolku deponirani finansiski "menici" na izbranite !?! Kolku sto ova osnovno prasanje se premolcuva, kolku sto razjasnuvanjeto se odolgovlekuva, tolku poveke ke ima nedoverba sprema vladata, mediumite, parlamentot, instituciite! Pri sostojba pred izborite, deka na site ovie subjekti im se veruva isklucitelno malku ( 20-30%), fakt e deka vednas po izborite doverbata uste poveke se namali i seuste opagja! Prasanjeto e koj e pragot ? Koga site ke mu poveruvaat na Branko , deka drzavata e "kidnapirana"! Ili netreba da mu veruvaat , zatoa sto e Branko? Pa mozebi i toj nekade cul za takvo nesto, mozebi sam ne go izmislil? Kakov e toj sistem vo koj samo partiite si veruvaat samite na sebe i sami sebe mediumski se kurazat ?!
Од: Do USA "sveznalicata"
Датум: 06.07.2011 10:34:29
Sum za toa, da ima demokratija vo pecatot, znaci ,sekoj od nas obicnite citateli,moze da go dade svoeto mislenje. No, ne poradi demokratijata da se "tropa" bilosto. Takov e slucajot so onoj "nashinec" od USA, koj povremeno prestojuva vo Mk.so polni dzebovi i sega od daleku im soli pamet na lugjeto.I jas sum vo tugina, no se trudam da ne se mesam vo "zamrsuvanje" na problemi od sekojdnevieto na gragjanite na Mk. Duri,imm po nekogas zelba da pobaram, da ne ni gi objavuvaat nasite pretenciozni komentari, vo imet na nekakva demokratija ...Na liceto od USA, mu preporacuvam povnimatelno da gi cita komentarite na Ljubotan-Trade Name, koi poslednive denovi posebno gi zabelezav poradi negovite precizni razmisluvanja...
Од: Mark
Датум: 06.07.2011 10:40:03
E pa mili moi vmro-vcinja i pred izborite glavna tema vi bese B.C. a gledam i sega ste opsednati so nego..a znaete zosto?! Zatoa sto ste svesni deka toj koga-togas ke se vrati a togas ke bide-"kupi mi mamo kozni gaki"!!
Од: Perec Kifla
Датум: 06.07.2011 10:51:33
Koalicijata SDSM-VMRO(SDSM) trae i trae i trae.
Од: Миле - Охрид
Датум: 06.07.2011 13:26:16
Јано е зошто опозицијата е во фокусот на интересирањето. Таа е онаа сила што се обидува да ја дестабилизира државата до тој степен што ќе мора да ги прифати грчките шовинистички уцени за промена на името. Тоа го прави со подршка на пропагандите на странски антимакедонски сили инсталирани во Македонија, .

Најди! во Утрински
Едиторијал

"""