Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Притвор за напаѓачот на таткото и синот

СТРУГА - Истражен судија при Основниот суд во Струга вчера му одреди мерка притвор на 38-годишниот Исмаил Асани во траење од 30 дена. Тој пред два дена со истрели од огнено оружје - пиштол уби едно лице, а тешко рани уште едно. Притворениот Асани,  кој отпорано и' бил познат на полицијата како нарушувач на јавниот ред и мир, во вторникот на излезот од Струга откако  со своето возило „форд“  му го попречил патот на возилото „голф“ во кое имало три лица,  го онеспособил возачот удирајќи го со пиштол од кој потоа испукал три куршуми кон Џемаил Исламили, 51-годишен жител на селото Делогожда и кон неговиот 25-годишен син Мефаил, дописник на весникот „Коха е ре“. 

Во критична состојба тие биле пренесени во струшката болница, каде што и покрај напорите, Џемаил им подлегнал на повредите, а Мефаил е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност. Според исказите на лекарите во струшката општа болница, Мефаиљ засега е во свесна и стабилна состојба, но дека уште неколку дена ќе биде задржан на интерното одделение. Лекарите велат оти врз Мефаиљ по неколку месеци ќе мора да биде изврешен уште еден оперативен зафат токму поради сериозноста на повредите што ги добил. Погребот на таткото Џемаиљ беше извршен завчера на муслиманските гробишта во Струга. (Мк.Т.)


#
Статијата е прочитана 760 пати.

Испрати коментар

Од: Rade.Hollandia
Датум: 02.09.2010 12:26:48
do koga ovakvi slucuvanja sekoj dnevni ubistva silovanja sto se desava vo taa drzava pa ima li gram pamet toj grujo i taa jankulovska sto mislat kakva bezbednost ima vo taa drzava kolku ke procentazata sigorna da eden turist ili eden stranec ili iselenik pa i narodo sto ziveje tamo mu je bezbedno da prestojuva da ziveje ili tranzit da pomini jas mislam deka samo je 1% i toa ako ima sreka da ne naide na nitu kriminalec nitu na policaec ako nema problem od kriminalcite ke ima od policijata znaci cela vlada je koroprirana i vrsat kriminal vrz narodo direkno ili indirekno preteraja veke gi pomina site granici ne evropa i avstralija ja pominaja katastrova jankulovska odma da si podnese ostavka i da im se sudi za mnogu brojni incidenti cela vlada nese sposobni na dva vola slama da im podelat ne drzava da vodat katastrofa nepoverlivi ljuge na vlast i nesposobni ni za nisto .

Најди! во Утрински
Хроника
Заложничката драма ги откри дефектите на системот
Четири деца пронајдени замрзнати во фрижидер
Силувано дете во Скопје