Број 2707  понеделник, 09 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Прилог ЕВРО 2008

Претходен број


Site Meter
Спорт

Доменек гледа во ѕвезди и го составува тимот

Селекторот на Франција не сака Скорпии, па нема ниту една во тимот, а во немилост му се и Лавовите

Меѓу 16. селектори кои ќе водат големи битки во наредните три недели, само еден е склон на алтернативни методи во фудбалот, а тоа е првиот човек на клупата на Франција Рајмон Доменек, кој вечерва игра против Романија (18 часот). Не станува збор за стручни фудбалски рамки, туку за употреба на астрологија и карти во составување на тимот и одредување тактика, а во сето тоа може има и нумерологија!

Во Франција во последните неколку години се случуваат необични работи. Ако претседателот може да се разведе, па да се ожени со супермодел, зошто тогаш селекторот да не користи ѕвездени карти при избор на тимот? Тоа буквално го разбра Доменек, па многумина кои ЕП ќе го гледаат на ТВ се прецртани поради неговите астролошки зафрканции. Познато е дека Доменек, кој е водолија во подзнак девица, никако не ги сака шкорпиите. Со години полека ги елиминираше од тимот и навистина меѓу 23 играчи нема ниту еден роден во тој знак.

„Ако на терен во својот тим имате шкорпии и лавови тие ќе се убијат меѓусебе, не им треба противник!“, е чуената изрека на Доменек. Во неговата астро вештина има уште бисери. Роберт Пирес, кој е шкорпија го прецрта бидејќи наводно му работел зад грб.

Во Франција неодамна се прошири и приказна дека Давид Трезеге не игра не затоа што има лош распоред на ѕвезди туку, наводно, ја минал црвената линија и влегол во креветот на сопругата на селекторот.

Како и да е, Доменек не сака да прогнозира за шансите на ЕП, па ни за оние вечерва со Романија. По шкорпиите кај него во немилост се лавовите, иако ги има дури пет во тимот. Иако, тврди дека наталната карта не му е пресуден елемент, не крие дека го консултира хороскопот.

„Кога имате играч лав во одбрана, секогаш ми е подготвен пиштолот! Знам дека кога тогаш ќе почне да се прави важен и дека поради неговата ароганција ќе примиме гол“, вели Доменек. Што му направиле вагите не се знае, но ниту нив нема да ги има на ова ЕП.

Робен поради повреда

ја пропушта Италија



Фудбалерот на Холандија Арјен Робен поради повреда на препоните нема да настапи на вечерашниот меч со Италија во првото коло од групата Ц (20,45 часот).

„Знаеме дека Робен е разочаран што нема да може да и помогне на Холандија. Неговата повреда е голем удар за нашата репрезентација, која минатата недела остана и без Рајан Бебел“, изјави селекторот Марко ван Бастен, кој додаде дека Робен ќе се опорави за натпреварот со Франција и Романија.

„Нашиот лекарски тим ќе даде се од себе да го оспособи Робен за наредните натпревари“, кажа Ван Бастен.

Роналдо му забранил на Фергусон влез во кампот на Португалија



Алекс Фергуосн викендов ја доживеа можеби најголемата непријатност од сите свои фудбалери некогаш, кога Кристијано Роналдо кажал да му пренесат на Шкотот дека е „персона нон грата“ во тренинг кампот на Португалија, пренесува „Тајмс“.

Причина за доаѓањето на Фергуосн во Нојшател каде се сместени Поругалците беше најавата на Роналдо дека од 2009 година сака да игра во Реал Мадрид.


Статијата е прочитана 447 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Арнаудовска и Уманец поразени во финалето во Измир
Кун- Не заслуживме пораз
Прилог „Евро 2008“
Дебакл на македонските одбојкарки во Мадрид
Педроса го победи Роси во Каталуња
Светски рекорд на Китаџима на 200 м градно
Трифун Костовски нов претседател на црвено-црните
Кожув, Новаци и Локомотива второлигаши
Фени индустри нов кошаркарски шампион
Ватерполо јуниорите не успеаја во квалификациите на ЕП
Ана Ивановиќ на тронот на Ролан Гарос и на ВТА-листата
Хрватките се пласираа на ЕП во Македонија
Дибаба нова светска рекордерка на 5.000 м
Славко Матовски