Број 3465  петок, 24 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп


ОВЕН

Доколку би имале тон пари на што би ги потрошиле? Играчки? Игри? Нови начини на забава? Тоа би сакале денеска да правите, но, за жал, нема да се оствари. Единствено решение е да најдете некој што има пари и сака да вложува во Вас или да Ве прави среќни.



Бик

§ посветувате големо внимание на работата. Денеска ќе се бара од вас перфекција, а дури и најмала грешка би можела да ве доведе до лудило, а на тој начин би пропаднала цела работа. Затоа, изострете ги сетилата.



Близнаци

Ви се насмевнува среќата. Прво на финансиски план, а потоа и на поле на љубовта. Парите ќе дојдат од насока што одамна сте ја заборавиле и сте престанале да се надевате дека вложеното некогаш ќе ви се исплатува. Е, па, дојде токму тој ден!



Рак

Упорни сте, а тоа посебно ќе дојде до израз денеска. Би требало да го насочите вниманието во тој правец. Запомнете дека се' уште напредувате. Продолжете да учите и целиот вложен труд ќе Ви се врати. Доколку не верувате, обидете се!



Лав

Направивте вистински хаос и сега е време да ги исчистите последиците од безредието. Не сте воодушевени од ова сознание, но некој мора да го направи и тоа. Најдобро би било да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Колку порано, толку подобро!



Девица

Пријателите ќе се обидат да ги нарушат вашите деловни планови, но ќе успеат само ако вие им дозволите. Бидете паметни, завршете си ја работата, а потоа правете им друштво на оние што ве покануваат на забава. На крај од денот ќе бидете задоволни.



Терезија

Купувате, купувате и само купувате! Конечно, дојдовте до некој екстра денар, па сега мора се' да потрошите, дури и на работи што воопшто не ви се потребни. Лесно заборавате на мизеријата во која бевте во изминатиов период. Свестете се на време!



Скорпија

Збунети сте од сопствените чувства. Предолго се боревте и сега сте уморни. Се' што сакате е некој да ве изгушка и да Ве милува. Можеби ќе Ви се оствари желбата, доколку Вие го направите првиот чекор? Не мислете се и бидете храбри!



Стрелец

Ќе мора да најдете начин како безболно да ги примате критиките, зашто ќе се разболите ако вака продолжите. Мора да сфатите дека лицето од кое доаѓаат Ве сака и Ве почитува, а тоа што Ви го зборува е најдобронамерно. Забележете каде грешите.



Јарец

Клуч сте на туѓиот успех, посебно денес. Пријатни Ви се забавите, а на сериозните работи гледате со извесна доза на хумор. Имате желба за водење љубов во комбинација со креативна работа. Обидете се да ги обедините двете работи.



Водолија

Успешно ги собирате деталите, на многу суптилен и ненападен начин. Воздржани сте и штедливи над очекувањата, но можеби во извесна ситуација ќе мора да се фатите за џеб и да платите нешто. Пријателите веќе се нервираат со ваквото ваше однесување.



Риби

Ве тераат да дадете максимум од себе и да бидете најдобри, а Вие се чудите како може најдобрите да бидат уште подобри. Штом е така, можеби е време да се спуштите на земја и да сфатите дека околу вас има луѓе што, исто така, се интелигентни и интересни.


#
Најди! во Утрински
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks