Што прават денеска
Зоран Џорлев
виолинист
Вчера прославувавме матура во Музичкото училиште, па утрово најпрво ми треба силно кафе за добро да функционирам. Потоа го носам син ми Мартин, кој освои меѓународна награда во Сараево на натпревар во хармоника, во неговото училиште каде што ќе настапи по повод патрониот празник Св. Кирил и Методиј. Следуваат обврски во музичкото училиште и попладне снимање на ново издание на емисијата „Зора зори“.
Мартина Андонова
маркетинг на МОБ
Работните обврски во Македонската опера и балет ми започнуваат во 8,30 ч. Во тек се 38. Мајски оперски вечери, па моментно работиме на промоција на балетската претстава „Дон Кихот“ и оперските претстави „Кармен“ и „Аида“. Вечерниот термин е резервиран за социјалниот живот, виртуелен или реален, сеедно.
Мирче Котевски
портпарол на ЕЛЕМ
Секој работен ден се будам во 6,45 ч. Денеска ме очекува привршување на подготовките за издавање на новиот број на нашиот интерен весник „Енергија“, како и подготовки околу организирањето на еден корпоративен настан. Вечерва, откако ќе ги изгледам сите ТВ-дневници, одам на партија тенис, а потоа веројатно на кафе со пријатели. |