Што прават денеска
Борче Начев
актер
Деновиве речиси постојано сум на проби во театар, што и ми годи на горештинава. Интензивно работиме со две проби на ден за новата претстава, работена според поезијата на Матеја Матевски, што ќе ја изведеме премиерно на 17 јули на „Скопско лето“. Потоа ќе имаме изведба и на „Струшки вечери на поезијата“.
Верче Георгиевска-Рупиќ
портпаролка на „Т-хоум“ и „Т- мобиле“
Во текот на денот сум ангажирана со секојдневните обврски на работното место во Скопје. По работното време, се упатувам кон Охрид, да го проследам отворањето на „Охридско лето“. Патувам полуслужбено, со оглед дека „Т-хоум“ и „Т-мобиле“ се поддржувачи на фестивалот, но, секако, и поради задоволството да се проследи во живо спектаклот „Трилогијата Романа“.
Горан Кукиќ
пејач
Продолжуваме со снимањето на песната „Ка ми испаднала мома Катерина“. Се работи за стара македонска песна на која со нашата група „Јупитер“ и обративме внимание и не' бендиса како тема, па решивме да ја снимиме. Песната ќе ја пееме јас, мојата сопруга Ленче, нашиот гитарист Горан Алиќ и мојот брат Зоки, кој е басист во бендот. Здравје, се надеваме дека до крајот на неделава ќе биде готова. |