Број 3441  четврток, 25 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

„Ало, кој е виновен за Бродец?“ „Алија, Алија...“

Аудиоленти и видеоснимки дополнително ја зачинија лустрацијата. Кодошки досиеја никнувале и на автомобили!?

Светлана Унковска


Не престанува да се вжештува атмосферата со наводните кодошки досиеја. МВР вчера поднесе кривична пријава против поранешниот разузнавач во СДБ, Хисен Муслиу, кој е осомничен за фалсификување на досиејата „Ибар“, „Мама“, „Вујко“ и „Стрелец“ . Истовремено, Кадри Даути, кој до лустраторите го достави досието „Вихор“, презентираше аудиоснимка од телефонски разговор како наводен доказ дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бил вмешан во акцијата во Бродец и дека единствена цел му била да ја симне ДПА од власт. Апсењето на поранешниот разузнавач Муслиу МВР целосно го снимило, а снимката ја поставиле на страницата „Јутјуб“. На истата Интернет-страница достапна е и аудиоснимката со телефонскиот разговор што беше претставен како поткрепа на најновото кодошко досие за Ахмети.

МВР вчера преку соопштение информираше дека по акцијата „Фалсификатор“ против Муслиу е поднесена кривична пријава поради фалсификување досиеја за високи функционери на ДУИ, по што за него е одреден притвор.

„Во текот на 2010 година Муслиу стапил во контакт со лице во Тетово, кое му предало прво едно досие, а во наредните неколку дена уште три досиеја во кои имало материјали што содржеле податоци за наводна соработка на личности од јавниот и од политичкиот живот во земјава со странски разузнавачки служби. Тој ги однел во својот стан во Тетово и откако ги скенирал документите од досиејата извршил одредени корекции“, се наведува во соопштението од МВР. Откако биле сменети некои податоци во досиејата поранешниот разузнавач Муслиу му ги вратил на истото лице, за потоа да бидат доставени до Комисијата за лустрација.

Додека се поднесуваше кривичната пријава за фалсификуваните досиеја, во јавноста повторно се појави Кадри Даути, кој обелодени дека досието „Вихор“ го нашол оставено на неговиот автомобил. Тој презентираше аудиоснимка на двеминутен телефонски разговори меѓу Хабиб Ахмети, водач на групата во Бродец, и Кадри Адили, кого МВР пред една недела го уапси за поседување оружје. На снимката се води разговор за тоа кој е виновен за акцијата во Бродец и која била целта. Разговорот бил од минатата година, бидејќи во снимката, покрај Ахмети, се спомнува и Абдулаким Адеми, и тоа како вицепремиер.

- Пред малку ми рече дека Ахмети и Груевски имале договор тоа треба да се знае, нели?

- Тие имале договор, но ти овој договор не треба да го спомнуваш сега. Но, целата вина е на Ахмети, Касами и Адеми. Овие тројца се главните.

Тоа е дел од разговорот меѓу Хабиб Ахмети и Кадри Адили. Следува прашање дали некој им дал пари (се однесува за акцијата во Бродец), на што другиот одговара дека не знае, но, сепак, вели дека зеле над 500 илјади евра, но не се наведува за каква цел.

- Овие имале договор со Груевски и Али Ахмети да ја растурат владата, да ја соборат ДПА и да дојдат на власт.

- Но, за тука, за Бродец кој е виновен?

- Алија, Алија, завршува телефонскиот разговор.


#
Статијата е прочитана 1173 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Епидемија на мали сипаници, вакцини и за возрасни
Кој е Божидар Спасиќ
Лажните новинари кривично ќе одговараат
„Надеж“ ќе се третира како организиран криминал
 


Police raid on Macedonian TV station causes outcry
Montenegro accession talks should not be postponed, says EP
MEPs voice concern over eurosceptic Croatia