Плоштадот во Автокоманда ќе добие скулптура на коњаник
Скулптура на коњаник според идејното решение на авторката Валентина Стевановска треба да биде поставена на новиот плоштадот „Филип Втори Македонски“ во Автокоманда. Вака одлучи Одборот за подигање спомен-обележје на Општина Гази Баба, доделувајќи и' ја на Стевановска првата награда на конкурсот за идејно решение за спомен-обележје. Таа, исто така, е автор и на првонаграденото решение за фонтана со придружни фигуративни елементи за истиот плоштад.
Одборот ќе преговара со авторката за изработка на споменикот во природна големина во гипс, по што Општината ќе распише меѓународен тендер на кој ќе треба да се јават изведувачи кои ќе го излеат споменикот во бронза.
Стевановска за своето решение ќе добие 400.000 денари. Втората награда, во износ од 250.000 денари, му припадна на авторот Зоран Ивановиќ, а третата (150.000 денари) на Жарко Башевски. На конкурсот пристигнале вкупно 21 труд. Втората награда за идејното решение за фонтаната, во висина од 250.000 денари, ја доби авторот Зоран Тошевски. (Сн.К.) |