|
|
|
|
|
|
Мислења
Право на достоинствен третман
Симоне Филипини
Македонската Влада и граѓаните да останат фокусирани на промовирањето и постојаното унапредување на човековите права
На 10 декември секоја година се потсетуваме на усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, донесена на 10 декември 1948 година во Париз. Во тоа време овој документ беше директен резултат на искуствата и исходот од Втората светска војна и беше прв глобален израз на основните права што им припаѓаат на сите човечки суштества. Тогаш Холандија беше една од 48 земји што гласаа за Декларацијата. Денес овој визионерски документ е преведен на 375 јазици и универзално се препознава како основа за сите меѓународни и национални дискусии што се однесуваат на основните човекови права.
Како амбасадорка на Холандија во Македонија, денеска, на 62-годишнината од овој документ, среќна сум што можам да кажам дека и Македонија и Холандија, како членки на Обединетите нации, ги прифаќаат принципите на Декларацијата. Овој единствен документ ги поставува „вредностите на светот“: правдата, еднаквоста, солидарноста, хуманоста и слободата. Од 1948 година, во период од шест децении, полека, но неповратно, се создаде широк спектар на инструменти за човекови права, а меѓународните норми за човекови права постепено се прошируваат. Овие норми имаат цел да воспостават минимални стандарди за човечкото достоинство и, во општиот пакет на човекови права, граѓанските и политичките права станаа тесно поврзани со економските, социјалните и културните права.
Широко е прифатен фактот дека Холандија е предводник во областа на унапредување на човековите права уште од самиот почеток. Разбирањето на опфатот на човековите права во нашата земја постојано се проширува во многу области – еднаквиот третман и суштинската толеранција на луѓето без оглед на нивната вера, пол, раса, социјална положба или сексуална ориентација стана еден вид холандско обележје. Освен ова, холандската култура на почитување и прифаќање, исто така, е интегрирана во нашата надворешна политика, па човековите права и владеењето на правото станаа нејзини суштински елементи. Развивме силни приоритети: се залагаме за укинување на смртната казна, се спротивставуваме на тортурата и даваме поддршка за жртвите од неа, ги поддржуваме бранителите на човековите права, ја поддржуваме слободата на изразување, активно ја промовираме и ја штитиме слободата на религија и верување, ја унапредуваме положбата на малцинствата, ја зајакнуваме положбата на луѓето што се (во опасност да станат) жртви на дискриминација и нетолеранција (жени, луѓе со различна сексуална ориентација, етнички, национални и верски малцинства), и ги поддржуваме економските, социјалните и културните права (правото на работа, образование итн.).
Се разбира, нашите дела мора да се во согласност со нашите зборови. Можеме да проповедаме нешто само ако и сами го спроведуваме. Иако како земја достигнавме високо ниво на примена на човековите права на нашите граѓани, сепак, Холандија, како и секоја друга земја, вклучително и Македонија, има свои предизвици кога станува збор за целосно спроведување на формалните обврски што сме ги презеле. Овие предизвици ја покажуваат и комплексноста на прашањето и потребата постојано да се проширува и да се преиспитува нашето разбирање на човековите права. Сепак, една работа е јасна: човековите права не се концепт на мени од кое некој поединец, организација или влада може да го избере она што го сака, а да го игнорира другото.
На крај, промовирањето на човековите права се сведува на промовирање на кредото по повод шеесетгодишнината на Универзалната декларација „Достоинство и правда за сите нас.“ Што се однесува до мене, секој поединец има право на достоинствен третман, да биде почитуван и прифатен поради она што е. Како поединци и како луѓе што се во позиција да донесуваат одлуки што можат да влијаат и ќе влијаат на другите луѓе, мора на ум да ја имаме библиската мудрост: оној што е без грев нека го фрли првиот камен. Секој од нас има свои предрасуди и, колку и да сме несовршени, ја споделуваме својата несовршеност со другите човечки суштества. Тореланцијата и почитувањето на поединците е суштински елемент на човековите права во практиката. Зарем не е препотентно во свет со повеќе од шест и пол милијарди жители да тврдиме дека ние ја знаеме вистината и да ги судиме другите култури, луѓе, религии, начини на живот како инфериорни или неприфатливи? Зарем ова не кажува повеќе за нас отколку за другите? Затоа, треба да се однесуваме кон другите како што сакаме да се однесуваат кон нас.
Јас се обидувам да се придржувам кон овие библиски и универзални принципи секогаш кога се соочувам со некој што изгледа, дејствува и размислува поинаку од мене, да ги проверувам своите судови и дела наспроти тие принципи. Како што рекол Мартин Лутер Кинг: „Ниеден поединец не почнал да живее додека не се издигне над тесните граници на своите грижи како поединец, до пошироките грижи на човештвото“. Разликите меѓу луѓето се често видливи, понекогаш збунувачки, на моменти тешки. Но, да се располага со своите човекови права значи и да се има право да се биде различен. Највисокото човеково право, би рекла, е да се има избор и да се донесуваат слободни одлуки во врска со него.
Велејќи го ова сакам да ја поттикнам македонската Влада и граѓаните да останат фокусирани на промовирањето и постојаното унапредување на човековите права. Ова не е само „морално прашање“, како што кажа еден холандски амбасадор на човекови права; заштитата и унапредувањето на човековите права, исто така, промовира и стабилност и безбедност, а помага и во општествениот и во економскиот развој, па така е прашање и на добро разбран личен интерес.
На крај, да се работи на човековите права значи да се има една ситуација на двојна добивка. Тоа придонесува кон едно клучно чувство на безбедност и сигурност меѓу граѓаните. Освен ова, една влада што сериозно работи на спроведувањето на своите обврски во однос на човековите права, придонесува и за подобра деловна клима.
Нека ни е честит Денот на човековите права!
(��вторката е амбасадорка на Кралството Холандија во Македонија) |
#
|
Статијата е прочитана 1305 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: mila |
Датум: 10.12.2010 12:37:12 |
|
Eve vistinski primer za licnost so visoko razviena svest i izgraden integritet koja znae deka poddrskata na ostanatite ne znaci gubenje na licnata vrednost, tuku naprotiv vzaemno bogatenje.
Posakuvam sto povece tekstovi so ovoj tip na sodrzini, gi prosiruva horizontite na nacin razbirliv za site. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mudrec |
Датум: 10.12.2010 12:49:50 |
|
A sto stanuva so osnovnoto covekovo pravo na samoopredeluvanje koe Holandija (kako clenka na EU) se obiduva da ni go skrati? |
|
|
|
|
|
|
Од: oko |
Датум: 10.12.2010 13:59:03 |
|
Македонската Влада и граѓаните да останат фокусирани на промовирањето и постојаното унапредување на човековите права
Ambasadorke Filipini dali toa mu doaga isto kako sto EU e posvetene na "promoviranjeto na covekovite prava" na primer negiranje na cel eden narod pravoto na sopstveno ime jazik i kultura....Samo prasuvam dali i nie treba da gi sledime vasite "univerzalni" covekovi prava |
|
|
|
|
|
|
Од: Vasko |
Датум: 10.12.2010 14:21:59 |
|
Не знам дали ке го разбере ова Г-ѓата , ама кога го читав текстот јас како Македонка, се почувствував како припадник на малцинство во однос на големите народи во Европа, но загрозено малцинство на кое му го загрозуваат името на државата, идентитетот и сите човекови парава што произлегуваат од тоа.
Затоа Ве молам овој текст да се испрати во земјите од европското семејтво кои упорно тврдат дека се за човекови права а нам ни го кршат основното. Има ли правда? |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 10.12.2010 14:57:14 |
|
А дали Вие, почитувана Г-ѓо добивте право од Влатко Ѓорчев за ова да го напишете? |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 10.12.2010 15:21:34 |
|
Veke stanuva relativen a i diskutabilen terminot "covekovi prava".Si gi tumaci tie prava sekoj kako saka, t.e od svoja gledna tocka.Vrv na toa e tokmu Makedonija,drzava i narod na koj ne mu e ispocituvano najsvetoto pravo, da se identifikuva i narekuva onaka kako sto toj saka.Primeri kade sto ne se pocituvale pravata na ime i pripadnost bilo vo vremeto na robovladetrelstvoto kade sto robovite bile imenuvani od gospodarot i nemale pravo da go koristat licnoto ime i pripadnost.Slicnosti ima,mora da se slozite,pa spored toa poimot "covekovi prava"e veke cista farsa, ili potocno,toa e samo izbor na"gospodarot".Da ne spomenuvam drugi slucaevi,Irak,Avganistan...kade sto vo ime na"covekovite prava" se puka po zeni,deca,nevesti,mladozenci, cisto onaka zatoa sto na nekogo mu bila somnitelna"muzikata" ili pa pantalonite na mladozenecot. |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonec |
Датум: 10.12.2010 15:43:29 |
|
Stavovite na ambasadorkata Filipini ni se mnogu dobro poznatii sprema toa nema nikakva potreba da se povtoruva.Dvojnite arsini na EU nema potreba da ni gi prodava tuka vo RM,i tie ni se dobro poznati.Vprocem nametnatiot spor za imeto od strana na Grcija najdobro ja pokazuva dvolicnosta na EU!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Emi |
Датум: 10.12.2010 17:05:44 |
|
Ambasadorke, teorija site znaeme, ajde na praksa! Kako tolku zagrizena za covekovite prava, ajde vo Brisel i Strazbur da se borite malku i za nasite prava. Kade e Holandija kako golem zalagac za covekovite prava da se pozagrizi za nas? Pa nie sme edna od najobespravenite grupi lugje na zemjinata topka - ni se negira ime, nacija, jazik, i toa bas od vasite ! EEEEJ, DOSTA SO HIPOKRIZIJA !!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Risto Andov |
Датум: 10.12.2010 18:20:55 |
|
Почитувана г-жа Филипини, ви благодарам за потсетувањето на денот на граѓанските права.Еве и јас да ве потсетам на нешто.Макредонските илинденски револуционери, 100 год.пред Европа, значи во времето каога ете и вашата земја беше колонијална сила, имаа промовирано демократски права на сите граѓани во Македонија без обзир на верска и етнчка припадност. За жал. еве сега современите Македонци приморани се да се, борат за своите елемнтари македонски граѓански права, дрско негирани и загрозени од членка на ЕУ, со кои и вашата земја, на определен начин се солидаризира! Према тоа госпожа, каде се македонските граѓански права!? Зарем, консезусот во ЕУ, поважен е од светите граѓански права!? |
|
|
|
|
|
|
Од: ivan od cegan selo vo grcija |
Датум: 10.12.2010 19:14:26 |
|
dali e covekovo prav edna zemja vasa clenka da vrsi genocod na eden naro da ne prinava narod jazik kultura i dr, |
|
|
|
|
|
|
|
|