Што прават денеска
Катерина Коцевска
актерка
Денес е ден кога уште малку можам да и' се радувам на пролетта, садејќи цвеќиња во дворот. Од утре во Драмски театар продолжуваме со пробите на „Хамлет“, кои ги паузиравме поради гостувањето на театарот во Австралија. Воедно, на репертоарот в сабота ме очекува претставата „В година во исто време“
Индира Кастратовиќ
раком. тренер
Утринава ја испраќам ќерка ми на екскурзија во Охрид, па потоа им се посветувам на моите работни обврски во „Мак спорт“. Попладне, ме очекуваат тренинзи со неколку групи во мојата ракометна школа. Се надевам дека ќе најдам и време за некое кафе-дружење.
Розе Трајчевска
костимограф
Започна снимањето на новата ТВ-серија „Од денес за утре“, каде што сум ангажирана како костимограф. Во првиве денови од снимањето речиси цел ден сум во студио. Веројатно и денеска ме очекува такво целодневно темпо на снимање. |