Број 3050  петок, 31 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Шумахер: Не можев да го одбијам повикот на Ферари

Седумкратниот Ф1 шампион ќе го има својот кам-бек на 23 август во Валенсија

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, објави дека се враќа во трките по речиси тригодишна пауза. Во тимот на Ферари тој ќе го замени Бразилецот Фелипе Маса кој беше тешко за време на квалификацискиот тренинг во саботата за Големата награда на Унгарија.

Својата одлука за кам-бек Шумахер (40) ја потврди и на сопствената интернет страница, откако таквата можност претходно ја објави германскиот таблоид Билд.

„Разговарав телефонски со директорот на Ферари, Стефано Доменикали и претседателот Лука ди Монтеѕемоло и заеднички одлучивме да почнам со подготовките за заземање на местото на Фелипе во тимот. Вистина е дека одамна го завршив поглавјето Формула 1 во мојот живот, но вистина е дека поради мојата лојалност и приврзаност кон тимот не можам да ја игнорирам оваа несреќна ситуација. Како натпреварувач, како спортист, му се радувам на овој предизвик“, вели Шумахер во изјава за неговата официјална интернет страница.

За време на 14 годишната кариера која ја заврши во октомври во 2006 година, Шумахер, покрај седумте светски шампионски титули, забележа и 91 победа во 250 трки во Формула 1 шампионатите. Првата шампионска титула ја освои на 25 годишна возраст како член на екипата на Бенетон во 1994 година. Во вкупниот пласман тогаш беше подобар од Британецот Дејкмон Хил за само еден бод. Титулата ја задржа и во наредната сезона пред да се пресели во Ферари во 1996 година. Од 2000 година до 2005 година беше неприкосновен во Ф1 првенствата освојувајќи ги сите пет. Паралелно со тоа го надмина и рекордот на легендарниот Французин, Алан Прост, од 51. победа едноподруго.

„Ферари има намера да му го довери болидот на Маса на Михаел Шумахер се' додека Бразилецот не е во можност да вози. Шумахер покажа желба да седне зад воланот и во наредните неколку денови ќе мине низ посебна програма како подготовка за трките“, стои во соопштението на Ферари.

Следната трка во Ф1 календарот ќе се вози на 23 август во Валенсија за Големата награда на Европа кога се очекува Шумахер да ја прекине пензијата и да ја извози првата трка по 2006 година.

Шумахер во моментот работи како консултант во Ферари. На патека не бил од февруари оваа година кога доживеа несреќа. Неговата портпаролка пред два дена излезе во јавноста со изјава во која велеше дека „Шумахер не е претерано заинтересиран за кам-бек на патеките“, но два дена потоа ситуација е сосема поинаква.


Статијата е прочитана 363 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Червар- Дојдов да работам кај пријатели
Кој ги пишува анонимките до УЕФА?
Кинезот Жанг со највреден резултат на мундијалот во Рим
Фудбалски вести
Ѓоковиќ- Би рапувал со Карловиќ
Македонија ја нема ниту во регионалната лига во бокс