Кокан Димушевски
музичар
Сакав утринава да одам на Водно, но со оглед на врнежливата прогноза, максимално ќе се ангажирам на преселбата од еден во друг стан. Треба да ја завршам таа домашна обврска, пред да почнат концертите на „Леб и сол“ во Хрватска, кон крајот на октомври, и подготовките за скопскиот концерт на 12 декември.
Лидија Перчинкова
стилистка
Речиси целиот викенд ќе го поминам со Калиопи, подготвувајќи го нејзиниот мејк - ап за перформанс-промоцијата в понеделник на нејзиниот албум „Желим ти реќи“, што ќе се одржи во Музејот на современата уметност. Нејзината замисла е амбициозна, па треба да пробаме неколку варијанти.
Валентин Николовски
уредник во Сител
Бидејќи денеска сум дежурен уредник и водител на вестите на Сител, тоа значи дека од 9,30 , па до 23,30 сум на работа. Се надевам дека „бел ден“, ќе видам во текот на вечерашната „Бела ноќ“ и ќе успеам да посетам некој настан од оваа културна манифестација. |