Број 3153  сабота, 05 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Фељтон

Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (5)

Советите го подготвувале Чаулев на местото на Александров

Москва побарала од Петар Чаулев да го обнови ЦК на ВМРО со леви кадри врз платформата на виенскиот Мајски манифест

Виктор Цветаноски



Петар Чаулев, една од најтрагичните личности на македонското револуционерно движење и еден од клучните имиња за време на виенските преговори и потписник на Мајскиот манифест, ќе го заврши живот набргу по убиството на Тодор Александров и ликвидирањето на кремот на македонската левица. Ванчо Михајлов во ноември 1924 година ќе го испрати во Милано терористот Димитар Стефанов од кратовското село Маричино да му пресуди на Чаулев поради, наводно, организирање на убиството на Александров, Мајскиот манифест и преоѓање во болшевизмот. По двомесечни трагања по миланските улици, Стефанов ќе го пронајде на 23 декември во едно кафуле и пред неколкумина очевидци ќе го ликвидира.

Според д-р Владо Поповски, Чаулев додека престојувал во Италија уште од 1922 до 1923 година се поврзал со советското политичко претставништво со кое навлегол доста длабоко во политичка и идеолошка согласност и станал припадник на левата политичка линија за балканските прашања, посебно за начинот на решавање на македонското прашање. Тогаш Чаулев станал заложник на советската страна и нејзин планиран кандидат за истиснување на Александров од ЦК на ВМРО и за завладување на таа организација од левите сили во македонското движење. „Со тоа Чаулев, без оглед на тоа што тој сметал или сакал, станал инструмент на советската страна во нејзините намери кон ВМРО, а посебно во намерите кон Тодор Александров“, смета Поповски.

Во документите на советската дипломатија од тоа време е поместен еден записник од разговорот што го водел советскиот претставник Ј.Ј. Страујан со Чаулев во септември 1923 година во Рим. Од него може да се видат погледите на македонскиот револуционер за решавање на македонското прашање, но и тоа што за него како човек мислеле Советите.

„Чаулев ми остави голем впечаток. Строен, висок, слаб, со огнени темни очи, во износен, дури подискинат костум, тој вистински личи на познатите балкански ’комитаџии’. Тој зборува аргументирано, огнено, во него се гледа виден агитатор на македонските села. Ако се потсетиме на дваесет и петте години негова револуционерна дејност и на седумдесет и едната смртна пресуда, тогаш сакаш да ги кажеш познатите историски зборови: Тоа е човек“, пишува во извештајот советскиот претставник.

Во строго доверливиот документ на советската дипломатија се наведува дека Чаулев првпат многу зборувал за себе што не било негов обичај. „Секогаш сум подготвен да работам со советска Русија. Да знаете: во нашата положба треба понекогаш да се оди по заобиколни патишта... Ние се бориме за независна Македонија со излез кон море во Солун. За оваа цел, можеби ќе треба да направиме некакви компромиси, да се поврземе привремено со Англија или со друг ѓавол... Но, не заборавајте: последниот збор секогаш ќе остане за советска Русија“, ќе му вети Чаулев на Ј.Ј. Страујан.

На прашањето што мисли за останатите двајца членови на ЦК ВМРО, тој ќе рече дека Александар Протогеров бил добар револуционер, храбар, пожртвуван, но како генерал сакал почести и одликувања. А Тодор Александров, според него, бил друг тип човек. „Тој е најголемиот конспиратор. Меѓу нас, Македонците, има многу добри конспиратори. Но, слични на Александров јас не сум видел. Како конспиратор и организатор, тој е генијален“, ќе го опише Чаулев првиот човек на автомистичката ВМРО.

Советскиот претставник во тајниот извештај нагласува дека македонскиот револуционер со посебна љубов говорел за Димо Хаџи Димов. „Меѓу нас, зборуваше тој, има многу никаквеци, дури и меѓу нашите револуционери. Но, има притоа и идеално чисти, прекрасни луѓе. Во нив спаѓа Хаџи Димов. Москва мора да му обрне внимание...“ ќе им препорача Чаулев на Советите.

„Советската страна на Чаулев сметала како на ’свој другар‘. Таа страна, по виенските настани и договори на кои Тодор Александров им се спротивставил, сметала дека тој треба да преземе и да го обнови Централниот комитет со кадри подготвени да соработуваат со Советите и со бугарските комунисти“, нагласува д-р Владо Поповски, подвлекувајќи дека Москва во тоа исто време му дала до знаење на Чаулев дека треба да го обнови ЦК на ВМРО со нови, леви, кадри врз платформата на виенскиот Мајски манифест на ЦК на ВМРО, со што се согласил

Меѓутоа, Чаулев немал влијание врз Организацијата и врз помасовните револуционерни структури во трите дела на Македонија за да го започне процесот на обновата на ВМРО и на македонското ослободително движење. „Спротивно на тоа, се покажа дека ВМРО веќе била ставена под контрола на Иван Михајлов и приклонетиот на нему и субмисивен Александар Протогеров, кои ги употребија деловите на ВМРО од Пиринскиот и од Кочанско-злетовскиот крај како нивен инструмент и како смртен егзекутор на идеите на Чаулев и на сите негови сомисленици. Се покажа дека Чаулев веќе беше станал мит и легенда, а не ефективен раководител на ВМРО. По неговата неколкугодишна бездејственост во редовите на Револуционерна организација и неговото отсуство од нејзините активности и проблеми, како и од практичните врски со револуционерните кадри него го имаа направено повеќе политичар отколку револуционер; човек кој, губејќи ја врската со револуционерното тело, стекна нереални или, во најмала мера, недоволно реални претстави за состојбите и за односот на силите во Револуционерната организација“, подвлекува Поповски.

Според него, тој факт Чаулев го сфатил доста брзо по што од крајот на октомври 1924 година, па до неговото убиство во Италија, се пасивизирал, останувајќи бездејствен кон барањата на советската страна. Оттогаш, па до својата смрт тој се однесувал како човек кој го чека сопствениот егзекутор .

Во тоа време, започнала и неговата лична драма. Имено, Чаулев не можел, а да не сфати, доста добро, дека најголем корисник од скандалот со виенските договори и од атентатот над Тодор Александров не е никој друг туку бугарските шовинистички кругови: дворот, владата и воените кругови на Бугарија, кои уште од поодамна знаеја за врските на ВМРО со Советите и кои веќе го имаа привлечено на своја страна Ванчо Михајлов покрај со друго и со нивната поткрепа за иден водач на ВМРО.

„Чаулев не можел, а да не сфати, дека во џумајските, софиските и во другите масакри низ Бугарија, кои инаку биле инспирирани и подготвени од Ванчо Михајлов и од бугарските министри Волков и Русев е згромена и погребена неговата лева опција и левата опција на македонското движење и на ВМРО и дека ВМРО, дури по убиството на Тодор Александров и на односните погроми, е турната во загработ на бугарската политика и на бугарските придворски и владини кругови, а не и пред тоа, кога на нејзино чело се наоѓал Александров. Тој сфатил дека тие бугарски центри веќе неколку години имале потреба да се пресметаат со се' помасовниот лев политички блок во македонското движење кој радикално и' свртел грб на бугарската политика спрема Македонија и им се спротивставил на бугарската влада и на другите државни центри. Чаулев ги знаел заканите на бугарските офицери кон Македонците и не можела да не ја предвиди пресметката со нив, токму поради нивните врски со Советите и комунистите во кои релации, веројатно, отишол најдалеку“, нагласува Поповски.

Според него, по трагичните септемвриски настани кога биле обезглавени три македонски организации (ВМРО, Илинденската и Федеративната), Чаулев не можел, а да не чувствува и своја вина за разнебитувањето и деградирањето на македонското револуционерно и политичко движење. Во таа смисла, знаејќи ја силата на револуционерната конспиративна егзекутива и нејзината потпаднатост под повела на пробугарски инструментализираното раководство на ВМРО, од страна на Ванчо Михајлов, на Протогеров и на нивните блиски Чаулев, многу веројатно, решил да ги чека и својот егзекутор и својата казна.

„Врз таа основа, не може, а да не се разбере (и да не се прифати) неговиот чин на таквото чекање на сопствената казна, како чин на негова последна жртва за македонското дело која има значење на цена за рехабилитација на големиот револуционер, по горкото искуство од неговата недоволно критички согледана епизода со советската страна и од неговата недоволно реална вклопеност во помасовното расположение на Револуционерна организација и во нејзината политика“, оценува д-р Владо Поповски. (крај)



 


#
Статијата е прочитана 2084 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 18.09.2009 00:21:25
Vo tie teshki vreminja, trebashe znachi Mihajlov da im prosti na ubijcite na Aleksandrov i da cheka i nego da go ubijat. Mihajlov ne prifakjashe po nikoja cena Stalin da odluchuva za sudbinata na MK. Za da se razbere deloto na Todor Aleksandrov i Vancho Mihajlov i za da ne bideme zemja so najmnogu izrodi na svetot, mora da se prekjine so ednostranoto tolkuvanje na istoriskite fakti. Otkako vekje beshe jasno deka golemite sili, a i Srbija i Grcija nema da dozvolat prikluchuvanje na Makedonija kon Bugarija, desnite na chelo so Aleksandrov i Mihajlov se zalagale za makedonska drzhava, po primerot na Shvajcarija, a levite za Balkanska Sovetska Federacija po primerot na SSSR. Site ja podignaa parolata "Makedonija na Makedoncite", so znachenie Makedonija na site makedonci, nezavisno od nacionalnosta, inaku bi bila shovinistichka, bidejkji bi gi iskluchila grcite, turcite i vlasite, koi gi imashe dosta vo Egejska Makedonija. SSSR i SFRJ se raspadnaa, a Shvajcarija postoi 700 godini.
Од: збунет
Датум: 18.09.2009 00:37:47
Како е можно Тодор Александров кој при едно интервју со странски новинар отк��ива дека има 7000 комити на готовс и 150.000 вооружени кој го чекаат неговиот повик,значи луѓе на кој животите одамна му биле прежалени, да толерираат како некој милват да кажат Бугар или Бугарофил!?? Според ова излегува дека неговите национални убедувања не му сметале,па згора на тоа и верно го следеле.Отука ако него го правиме предавник на својот род, истото важи и за останатите комити и резервисти, кога ќе ги додадеме нивните фамилии ќе излезе безмалку цел македонски народ во тоа време. Чудна работа?
Од: mitko za pravata istorija
Датум: 18.09.2009 01:23:30
Caulev bil organizator na edno VMRO-ovsko vostanie vo Zapadna Makedonija. Toj gi organiziral lokalnite Albanci i digajki vostanie (vo korist na Bugarija) uspeal da osvoi nekolku grada megu koi najgolemiot bil Ohrid. Zosto za ova ne se uci nitu se pisuva? Toa e najgolemiot voen uspeh na VMRO a ne Krusevskata republika. Ponatamu, zosto veke ednas ne razoblici likot na Damjan Gruev koj ni go imaat nametnato komunistite? Koga decata ke naucat deka toj prvo bil clen na srpskoto drustvo Sveti Sava i deka potoa stanal "soznatelen B'lgarin". Zosto ne se objavi ona sto toj go pisuval. Toj mnogu pisuval kako Bugarite (toj so VMRO) treba da go pobedat naselenieto koe se smeta za Srpsko. Nikade i nikogas ne naveduv nekakvi si Makedonci. Makedoncinja zarem na plostadot ke postavite bista na covek koj nikogas ne kazal deka e Makedonec i ke go proglasite za makedonski patriot? Kolku glupa e ovaa rabota? Za toa deka bil pijanica da ne ni zboruvame.
Од: Софијанец
Датум: 18.09.2009 07:43:43
Од ова и претходното кажување јасно се гледа ликот на македонскиот изрод Ванчо Михајлов. Ништо повеќе од убиец кој е крвав до гуша, човек одаден на Бугарскиот двор и бугарштината и кој се есапел за Бугарин. Во Музејот на ВМРО и жртви на комунизмот ке се види дека ВМРО повеќе зло му нанесе на македонизмот и повеќе убиства отколку комунистите по II Св. војна кои направија држава. А В.Михајлов треба да се жигоса во Муејот како Македонец, развратник и изрод. Гнаса од човек, убиец како и Т. Александров.
Од: Bern-CH
Датум: 18.09.2009 07:59:41
Osven deka Aleksandrov bil genijalen organizator nisto pozitivno ne bese spomnato vo feljtonot. Komunistite rabotele za Moskva, a protiv Makedonija i Bugarija. Mihajlov nemase drug izbor, toj znaese ako komunistite ja prezemat vlasta kje gi ubijat site demokrati i VMRO-vci, sto i se sluci 45tata i vo Bugarija i Jugoslavija. Pogolemi krvnici od Stalin i Tito nema da se rodat.
Од: BulgarMak
Датум: 18.09.2009 08:40:10
Uste nesto malo poznato. Vo 1917 Sbrite vo Pomoravjeto krevaat t.nar. "Toplicka buna" vo grb na Bugarskata vojska. Vo ovoj moment tezok moment na pomost na Bugarija se pojavuvat Alexandrov i Protogerov so nivnite VMRO-rezervisti. Bunata e unistena po zestok nacin, za koe ima mnogu pismeni svedoci na korespondenti i do den denesen mesoto e polno so spomenici na Srpski zrtvi, masakrirani od "Bugarite", a vo stvarnost na 100% od makedonskite dragovolci. Caulev, Protogerov i Alexandrov ne se nesto razlicno osven ideoloski sopernici, a po svest - Bugarski golemosovinisti.
Од: Born Dzejson
Датум: 18.09.2009 09:25:46
Ne mi e jasno kako i Tito i Georgi Dimitrov ne go likvidirale ovoj predavnik Mihaijlov Mislam gi eliminirale pola ustasko -cetnicki ekstemno emigraciski elemnenti a ova podlo predavnicko govedo dozivealo skoro 100 god
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 18.09.2009 10:41:51
Македонската држава е заслуга на Партизаните и на Југословенските (со тоа и Македонските) Комунисти! Воопшто не е срамно да се каже дека е голем придонесот на Јужнословенските народи во создавањето на Слободна Држава Македонија и Слободна Македонска Нација! Во овој Факт нема никакво србоманство-филство, или (по Б`лгарско-BMRO-вски) србо-комунизам! Ванчо (Радко) и Тодорчето се залагале за Македонија во составот на Б`лгарската Држава, уредена како конфедерација! Лага е дека тие некогаш го замислувале Македонството како Посебно од Б`лгарштината! Па тие, како и многу „наши“ дејци работеле за Б`лгарската Влада, од која и биле плаќани! Делумното прикажување документи и нивното читање по „наше“ доведува до лажна историја, која постојано ја повторуваме! Постои меморандум на здружението Ванчо (Радко) во кој се наведува бројка од 230.000 Б`лгари кои се убивале, прогонувале и затворале во СРМ! Дали тој број е еднаков на бројот на „нашите“ портокалово-црвено-црни патриоти?
Од: Patriot
Датум: 18.09.2009 11:01:33
До НЕКУЛТИВИРАНИОТ Балканец Те молам остани си во прегратките на својата средновековна татарска татковина Бугарија и остави им ја Македонија на Македонците. Македонците не се флотантна маса ниту пак збир на народи кои живеат на една територија туку се народ со самосвест, патриотски чувства и љубов кон своите предци. Без разлика вие што мислите и што се ќе ископате, искривоколчите и фалсификувате ние сме Македонци, потомци на Гоце, Карпош, Самоил, Хацон, Александар, а НИКАКО Бугари, Грци или Срби. Да живее Македонија и вистинските Македонци.
Од: Mi se gadi
Датум: 18.09.2009 12:01:16
E aman od ovie "prosveteni" Makedonci koi sega propagiraat deka treba da se prestane da se gleda ednostrano i da se zemat Aleksandrov, Protogferov i Mihajlov kako borci za Makedonija, a od druga strana, Dame Gruev, Caulev, Dimitar Vlahov, demek se "losite" zasto bile komunisti! Ej osvestete se, pa ovie "losite" komunisti bile vodeni od idealite na komunizmot kako ucenje, ne od negovata izopacena verzija koja ja sproveduval mnogu podocna Satljin! I proucete go malce Marksizmot kako teorija i poglednete gi sega liderite na zapadnite zemji kako manipuliraat so tie ideali za da se dopadnat na narodot! Marksizmot kako ucenje i komunizmot kako teorija imaat mnogu visoki, humani, ideoloski celi! Od takvi celi bile vodeni levicarite vo VMRO. A ne onie koi se priklonuvale kon carska B'lgarija ne se interesirale za polozbata na selanecot! Ama sega NE E MODERNO vo glupavava Makeodnija da si levicar. Toa ti e nesto kako shuga da imash! E toa e koga sme analfabeti!
Од: veles do patriot
Датум: 18.09.2009 12:54:39
Kultiviran Balkanec e totalno vo pravoa Patriotot da gi proveri faktite posto nasat istorija se pravese vo MAKEDONIJA no e ispecatena vo Belgrad. 1.Bidejki stanuva jasno deka Makedonija nema da moze da se prikluci kon Bugarija poradi ogromniot pritisko od golemite sili se raga idejata za MAKEDONIJA NA MAKEDONCITE. 2.podobro e da se bide svajcarija na balkanot kade site ke bidat ramnopravni posto makedonija imase golem procent na tursko , vlasko i grcko naselenie so cel samo da se bide nezavisen pa koga ke sozreat uslovi da moze nesto da se napravi vo idnina. 3.cvetkovic sovetnikot na kralot petar vo Bivsa jugoslavija go ubeduva jasno kralot deka podobro e da se sozdade makedonska nacija bidejaki narodot ne moze da se posrebi.PRIMER:MARA BUNEVA. 4.poglenete go samo jazikot na koi site ovie dokumenti se napisani.Togas go nemase Blaze Konevski pa lugeto pisuvale na drug jazik , zar e mozno da pisuvas na drug jazik ako imas svoja drzava ili ako si veke oformen kako narod.
Од: Виктор
Датум: 18.09.2009 13:03:28
Коментарите на „Култивиран Балканец„ се исто така интересни како целиот Фељтон. Многу сум среќен што имаме луѓе во Македонија што размислуваат трезвено и објективно. Само така Македонија може да оди напред. Со објективност, реалност и праведливост.
Од: Duko Stefanovski
Датум: 18.09.2009 16:24:11
ti bre "kultiviran TATAREC , dosta bre , ne poteche so tvoite "struchni" komentari ! da ne imash pretplata za komentiranje, nema den da ne poseresh neshto ! odi sega bakni mu raka na Bozidar Dimitrov i na K.Karakachanot ! istovo vazi i za toj od Veles bugaromanot ! MAKEDONIJA e VECHNA !
Од: Софија
Датум: 18.09.2009 18:50:00
Македонија неможе и не смее да си дозволи да слави личности кој отворено работеле за Туѓи држави и против самобитноста на Македонскиот народ. Таков е случајот и со Тодор Алексндров и на нему сличните.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Димитар Чулев
Едиторијал
Соња Крамарска
Мислења
Исмет Рамадани
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Џефри Сакс

Фирмите си должат дури милијарда евра
Хроника
Грозоморно убиство во Охрид