Понижувачка партиска ТВ-продукција од 1,6 милиони евра
Мирослав Киревски
Читам и препрочитувам, се чудам, не можам да се изначудам, Владата продолжува со недомаќинлакот, секој ден нова лудорија и расипничко трошење на парите кои народот и ги дава.
Она што пред некој ден успеа да ми ја помати сликата и да ми помогне во осознавањето за начините на делување на нашата „народна“ влада, е одлуката на Собранието за прифаќање на финансискиот план на националниот радио - дифузен сервис. Имено, собраниското мнозинство, без никаква дебата и без земање предвид на советите од опозицијата одлучи истиот да го прифати и со тоа од буџетот на Македонија, т.е. од нашите народни пари за сателитската програма на МРТ во 2010 година да одвои, ни помалку ни повеќе туку 1,6 милиони евра. Невидена лудост, повторно непотребно трошење на пари.
Наместо владата да се стреми и да вложува средства во самата институција и да и помогне на истата да развие во она што навистина треба да биде, во препознатлива и објективна телевизија, да ја опреми со потребните реквизити, да одвои соодветни плати за нејзините вработени и да ја извади од сивилото во кое со години тоне, таа само потпомага во нејзиното уништување. Наместо да ја направи пријатна за очи најпрво пред својата домашна публика, таа планира прикажувајќи ги емисиите „Иселенички џубокс“, „Томиќ - Отворено со народот“, „Таленти“ и „По глас и светлина“ дополнително планира да ја омаловажува целата земја и пред странската публика.
Јас навистина не гледам ниту една доволно добра причина, која би ги натерала Македонските иселеници да го гледаат ова понижување од партиска продукција. А уште помалку ми е јасно, дали навистина некој од ВМРО – ДПМНЕ смета дека постои некој друг, освен нивните партиски послушници, кој нема да го смени каналот, туку да се измачува и да го гледа лошиот кадар и сиво – црвената слика на екранот, преродбеничкиот владин проект наменет за перење на мозоците. Срамно, жално, а и потценувачки е за својот народ, да одвоите 1,6 милиони евра од нашите пари за промоција на проектот наменет за лечење на фрустрации, за плукање и оцрнување на македонските граѓани.
Дајте, бре луѓе, барем еднаш бидете реални, отворете ги очите, видете што направивте од државава. До кај стигна државата во која Томиќ е главен лик и зема стотици илјади евра, а квалитетните и докажани кадри во МРТВ, како и приватните телевизии се борат за егзистенција. Вакво понижување на интелегенцијата, се чини, ни Љубчо Георгиевски не правеше. Ваква ВМРОвизација никогаш не била видена. Но, верувајте, прашање на денови е кога ќе тресне од земја ваквата неодржлива и некоординира политика. Ова лудило ќе запре!
Pogolemo ludilo od ovoj tekst nemam procitano gos. Miroslav kirovski zosto ste tolku protiv i makedonija da ima satelitki kanal zarem Tomic tolku mnogu vi go poremetil umot za da napisete vakov tekst zasramete se ako mozete...
Од: sirma vojvoda
Датум: 12.04.2010 01:18:28
se e veke kazano.......................OTPOR!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Ninoslav
Датум: 12.04.2010 02:27:20
Definitivno ova ludilo mora i ke zapri
Од: Крт
Датум: 12.04.2010 08:07:19
Секогаш кога сакам да си го ,,покачам,,притисокот,пробам да ја гледам ,,прекрасната,,програма на МРТВ-ата.Го најдов лекот,редовно плаќам радио-дифузна такса ама воопшто не ги гледам.Си го чувам здравјето.
Од: Sampopniranje na mozokot
Датум: 12.04.2010 11:14:48
Vineam! Na osnova tesktot , a i epitetite prilepeni do tvoeto ime, mozam da konstatiram deka si od onie " silni instant patrioti" so " samponirani " mozoci. Pa zarem mozes voopsto vo onie krajno sramni i kicerajski emisii na Tomic da najdes i trunka estetika, umetnicki kvaliteti i nekakva pristojnost i realnost vo interpretiranje na faktite. Toa se emisii po poracka so tolku providni celi sto covek treba da bide slep da ne gi gleda. jas ne gi gledam bidejci se sramam, ili sto rekle srbite : me izede tudjiot sram. Tesko na Makeonija ako Tomic , Latas , Skaric i kom. se glavni braniteli na " makedonstinata" Pa latas i negoviot gazda Zingo se nositeli na visoki odlikuvanja od Milosevic za " minatiot trud". a Latas e jasno obelezana licnost koja raboti za stranski sluzbi i tudji interesi.
Од: pretplatnik
Датум: 12.04.2010 11:49:59
ne sakam televizija na koja ce gledam pinokoi,tomici ,latasi jadi bureci milenkovci ,abe snimete nesto makedonsko od makedonijava ,poarni bea od ova plejada starite novinari branka stankovska ,nikola soldatov i drugi,da tie milina vesti da vidis a sega vide vesti pritesok 220 ,a vidov mtv 3 dena kosmar.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.04.2010 12:11:36
Сега не малтретира Томиќ предходно виножитен таков како него,од 1991 вгод. се имаме Томиќи но партиски префрбани,со исто однесување и вокабулар.Па нели имаме виножитен амбасадор, ексдиректор на МТВ а сега член на виножитниот дипломатски совет.Ова пример за моите тези на избалансирано критикување да политичките елити од сите бои ја уништија МТВ.