Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Маја Кикириткова

моден креатор

Понеделник, старт на нова работна недела. Бидејќи сум асистент на Технолошко-техничкиот факултет во Штип, а во тек е колоквиумска недела, денес имам колоквиум и ангажирана сум околу тоа. Периодов се актуелни матурантките, па попладне имам закажано со клиенти. Вечерта е резервирана за релаксација во добро друштво.

 

Лени Партикова-Ременска

музичар

Денот ми започнува со утринско кафе во друштво на мојот сакан, се подготвувам за работните обврски во МОБ и по завршувањето, секогаш одам со моите драги колешки на кафе покрај кејот на женски муабети. Мал шопинг низ нашите бутици, бидејќи секогаш нешто недостасува, а вечерта одам на гости кај семејството да си ги видам моите две најсакани внучиња, без кои не ми поминува ниту еден ден.

 

Сашко Георгиев

стилист

Утрото, по непишано правило, е посветено на син ми Иво - вообичаени ритуали и прошетка по чаршијата. Имам закажано неколку пробни фризури во мојот салон „Арс нова“ во Охрид, матурските наближуваат, а матурантките се подготвени на радикални чекори со косата. Вечерва задолжително средба со некоја од бабите и дружење со семејството.

Најди! во Утрински