Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Маршот на опозициjата

Соња Крамарска

Ако само пред десетина дена Црвенковски побараше вонредни избори, неговите сопартијци ќе аплаудираа нервозно. Но, завчера тие на својот лидер му одговорија со воодушевеност на неговиот повик за вонредни избори. Тоа е очигледен сигнал дека работите кај социјалдемократите се менуваат.

По долго време зачмаеност, опозицијата покажа дека се враќа на сцената. Нејзиното враќање се случи со автобуси и со комбиња, но адресата на која возилата ги истоварија патниците даде силен политички сигнал: СДСМ се освести од клиничката смрт.

Операцијата за заживување на македонската левица трае долго време. Апаратите за вештачко дишење веќе неколку години покажуваа алармантна состојба, особено откако ривалската ВМРО-ДПМНЕ доби нов лидер. Социјалдемократите покажуваа разочараност на многу полиња. Од власта доживуваа непријатности, а партиската централа во Скопје остануваше рамнодушна на нивните поплаки.

Но, по одржувањето на митингот завчера пред Владата, може да се каже дека во Македонија почнува регуларна политичка битка меѓу власта и опозицијата. Митингот покажа дека СДСМ ја засилува внатрешната кохезија во пресрет на можните вонредни избори. Црвенковски, пак, покажа дека може да остане ладнокрвен и кога е под силен притисок, како што беа оцените дека СДСМ и неговиот лидер се нокаутирани на неограничен рок.

Иако од првиот голем настап на опозицијата не може да се препознаат пораките како „ново“ и „промена“ што се типични при контрирање на Владата, задачата на лидерот на СДСМ беше да прати порака дека ВМРО-ДПМНЕ повеќе не е сама на политичката сцена. И успеа во тоа.

СДСМ најмалку две години формулира оцени за лошо владеење на власта, за злоупотреби, за влошените меѓународни позиции на земјата. Но, тоа не наидуваше на слух ниту во самата партија, а камоли пошироко. Очекувањата не само во СДСМ туку и пошироко овој пат се дека завчерашниот опозициски митинг ќе води порано или подоцна кон преобликување на политичкото милје во Македонија. Жестоките обвинувања до Владата, проследени со свирежи на сметка на Груевски и на неговите министри, најпосле стигнаа на вистинската адреса, наместо да се губат во маргиналните термини на телевизиските вести. Собирот на социјалдемократите пред Владата е одговор на обесхрабрувачките анкети за расположението на граѓаните кон опозицијата.

Веќе никој не може да негира дека контурите на македонската политика полека се менуваат како резултат на предизборна треска. Завчерашниот ден покажа колку малку е потребно за управување со политичкото расположение. Несомнено, Црвенковски во иднина добро ќе ја искористи оваа новонаучена лекција и ќе се послужи со сите механизми што му се на располагање за да го засили притисокот врз Владата.

Митингот на социјалдемократите е и долгоочекуван подарок за самата партија и за опозициските кругови во државата. Партиските митинзи, по дефиниција, се собири на истомисленици. Но, ако бидат масовни, тие можат со својата сила и тоа колку да направат проблеми. Митингот на СДСМ завчера беше насочен кон внимателно градениот премиерски имиџ на Груевски како спасител и преродбеник на македонската нација, наспроти контрастот со кој ВМРО-ДПМНЕ го затемнува Црвенковски.

Меѓутоа, дали овој митинг долгорочно ќе го смени политичкото расположение во земјата? На тоа прашање е тешко да се одговори. ВМРО-ДПМНЕ, исто така, е во силна политичка офанзива во изминатиот период. Сепак и покрај тој факт, социјалдемократите завчера покажаа политичка сила што би било наивно доколку ВМРО-ДПМНЕ ја потцени.

Најпосле, се' ќе зависи од истражувањата на јавното мислење во следниот период. Она што е сигурно е дека некои политички чекори на Владата ќе бидат забавени како резултат на завчерашното „гостување“ на социјалдемократите на „Илинденска“ бб.


#
Статијата е прочитана 2737 пати.

Испрати коментар

Од: ја
Датум: 29.06.2010 00:38:07
Се гледа крајот на Глујо и останатата портокалова братија.Доста е „Не се работи за татковинатата, се работи за народни пари во нивни џебови“.
Од: Ру��ар од РЕК Битола
Датум: 29.06.2010 01:01:54
Тек следниот митинг колкав ќе биде, кога ќе се окуражат да излезат и оние кои објективно имаат причина да се плашат, особено за работните места. Административците од Скопје мора да се престрашат и да излезат за да му се стави крај на ова владеење-дивеење. Од РЕК Битола исто треба да се престрашат од праќањето во рудникот (и на оние кои не се рудари). Само, сите заедно, може да се стават работите на свое место.
Од: Жарко,Ресен
Датум: 29.06.2010 02:00:16
Колку слатко се смеев на изјавата на Премиерот дека на митингот имало 8500 луѓе.А само од Ресен имаше 600-700 луѓе,најмногу од сите митинзи досега.Знам дека не му е удобно на овие од власта.Но што да се прави,заврши нивното време.Доста беше.
Од: dedo dimo
Датум: 29.06.2010 02:36:18
Luge i novinari,ne zaletuvajte .Na platen prevoz navistina vo Skopje dojdoa gragani da se proshetaat a vo niv siguren sum deka imashe i VMRO ski chlenovi ,zoshto da ne i mene ako nekoj mi plati pat ,jas bi zaminal i za NU JORK na odmor .Makedonskiot narod glasaat za chovek shto ke ja brani zemjata i imeto od neprijatelite a ne za chovek shto saka da ne izdade.SDSM na zalost takov chovek nemaati sprema toa Gruevski pak ke pobedi a sega so pogolemo .mnozinstvo. Premierot e kako ALEKSANDAR MAKEDONSKI !sve ke pogazi pred nego.
Од: Crn pojas
Датум: 29.06.2010 02:38:05
Sonja Sonja kako si kazuvas prikazni kako ke ti odgovarat tebe kako moze CDCM da bara so 20 do 30.000 iljadi od cela Makedonia doneseni so aftobusi i kombinja kako mozi da osvoe vlas se dodeka vodstvoto na partiata ne se smeni i da se zastane vo odbrana na naseto sveto ime CDCM ke si bide opozicia sakale vie ili ne.
Од: фаланга
Датум: 29.06.2010 02:43:23
Пензионерот Б.Ц. бара предвремени избори, а моли бога да нема ни редовни. Само негово повлекување од политичката сцена ќе овозможи натпревар меѓу ВМРО и СДСМ. Вака ВМРО тепа 3-0 службено
Од: Лазо Стефанов
Датум: 29.06.2010 06:57:16
Премиерот ќе продолжи да војува против целиот свет, па ќе имаме предвремени избори во септември! Се подготвувваат тоа да биде на 5 септември, само клучно е како да одиграат за името. Ако бидат превремените избори идната година - сигурно губат, а ако бидат во ноември по самиотот на НАТО - е неизвесно, затоа се надеваат дека во септември повторно ќе победат.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 29.06.2010 08:06:35
Vo Avstralija postojat dve golemi patrtii. Ako ednata gi izgubi izborite (najverojatno poradi loso menadjiranje) vodacot na istata partija nikogas poveke nama da go videte na TV. Znaci toj e nesposoben i nema poveke rejting za povtorna sansa. Toj e finish za sekogas. Ovde vo Makeodonija istiot "vodac" B.C. so dvaeset godisno iskustvo vo jalova politika bez apsolutno nikakov rezultat, uspesno ja zamajuva rajata koja ne e zadovolna od segasnava vlast. Jas se soglasuvam deka ovaa vlast ne e najuspesna, i deka e potrebna silna opozicija, no so veke videni nesposobni i staromodni vodaci, SDSM ke nema sansi za podvig. Mora da se donesat novi sili, mladi i moderni, patrioti i umni dusi, ako se saka uspeh za dolgi patista. Vaka e veke videno.
Од: Goce Makedonski
Датум: 29.06.2010 09:13:52
Pocituvani gospoda od SDSM treba GOLEMA reorganizacija kaj vas .Otstranete gi bucko,jani,rada,i site stari sopoartijci koi go izvalkaa SDSM.Imate mladi i perspektivni clenovi.Dajte im sansa .Dodeka se Branko ,Bucko,Rada,i ostanatite valkani igraci od SDSM i drugite koalicioni partneri.VMRO--DPMNE nema potreba da se plasi od predvremeni ili redovni izbori zatoa sto so ovie valkani, vo sekoj pogled igraci na SDSM izborite ke gi dobie VMRO--DPMNE ,Osven ako ne se smeni nesto vo pomnenjeto na Makedonskiot narod pa da zaboravi za stecajcite koj gi sozdade,TAT,privatizacijata,FIROM itn . Brance kulturno laze a nasiot napaten narod slepo mu veruva.ZASTO?Zatoa sto VMRO--DPMNE ako prodolzi vaka ke pocne da go gubi tloto na koe stoi i ako Gruevski saka se najdobro da napravi no lugeto okulu nego go LAZAT mu davaat lazna slika za realnite sostojbi vo tatkovinata.
Од: читателка
Датум: 29.06.2010 09:30:51
Тек од ко ке дојде сдс адмунистративците ке имаат причина да се плашат да не останат без своите работни места, владеењето на сдс небеше многу одамна и свежи ни се секавањата за нивните отпуштања од работа и пресметка со секој што нее сдс-овец.
Од: s.k.d.
Датум: 29.06.2010 09:42:55
паника и очај... со два збора се одсликува завчерачниот митинг на опозицијата
Од: Никола Бранков
Датум: 29.06.2010 09:48:42
Гладна кокошка просо сонува!За масовноста:С и т �� членови на СДСМ м о р а а да одат на митингот.Некои пак,како јас,ги искористија б е с п л а т н и т е автобуси да ги посетат своите студенти или роднини во Скопје.
Од: Mite
Датум: 29.06.2010 09:58:38
nebiduva nishto od Opozicija vo Makedonija ako e predvodena od luge kako Branko , Bule, Petreski i slicni... posle 4 godini opozicija niv im se podispraznija djebovite i duri i da uspeat, prvo sto ke napravat ke bide Grckoto scenario , ogromno zadolzuvanje na drzavata
Од: Od mene
Датум: 29.06.2010 10:06:26
Pozdrav od Kumanovo i 60 te prepolni avtobusi za mitingot
Од: Кочани
Датум: 29.06.2010 11:07:26
Пензионерот е потрошена личност,имаше шанса да се докаже но ја зави Македонија во црно,личните интереси на злобните луѓе ќе останат само гола приказна.
Од: јас
Датум: 29.06.2010 11:28:27
Ајде портокали , пак ќе ви повторам : ВИ СЕ БРОЈАТ ПОСЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ОД ВЛАСТА!!! И доста лажете, заедно со овчарот дека биле 8000 луѓе , кога беа барем 5 пати повеќе !!! И оние како дедоно Димо , кој вели дека биле платени превози и сл.Па беа платени ( дури и присила имаше ) за портокаловиот митинг , па пак одвај 10000-15000 илјади ..Исто и за оние кои заговараат млади сили во СДСМ..Па овие недоквакани дечишта во ВМРО ја унередија државата ..
Од: goki
Датум: 29.06.2010 11:36:26
Sve e u redu so si pisala i deka Bane si raboti ko crnec narocito po provincija i gi reanimira "Starite Pacienti"narocito penzioneri, Jugonostalgicari,iZeni itd.. Ali toa ne stiga ,borbata e za mladite od 20-30 godini narocito pametniot i orazovaniot del od niv koj VMRO gi fati na finta ,ali ne znam kolku da e pameten Protuger fintata ne mozat da ja povtorat.. I uste nesto pod hitno Rada Sekerinskanazad u akcija i samo ona ko edinstven kandidat za premijer.. Licen apel :Rado Vrati se
Од: ne e bitno
Датум: 29.06.2010 11:53:09
Go delam istoto mislenje so Silvester.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.06.2010 12:39:05
Можеби Гоце е во право!Можеби Бранко културно нè лаже,но сè повеќе сум сигурен дека Шерифот McLaboud,од фантазмагоричните бајки, Лаже Бесрамно и Бескрајно Дрско!
Од: математичар
Датум: 29.06.2010 13:24:12
Ulicata pred vladata e dolga 200 metri,shiroka 25 m. Povrshina 200 x 25 = 5000 metri kvadratni. Samo Emilijan mozhe da smesti 50000 lugje na 5000 m2 ,ili po 10 na metar kvadraten.Mozhe se komunisti ama i Kinezi da se teshko.Ama koj znae? Kurazhot e biten,no lazhnata euforija vodi kon golema depresija. Potrebno e da se bide realen,da si gi najdat greskite.Zhalno e shto mladinata im e pokonzervativna, poarogantna i ponesbosobna . Tamu e kluchot. No ,koj da sfati?!!
Од: od nadvor
Датум: 29.06.2010 14:05:31
Vo bilo kakov režim sekogaš na nekoite im e dobro a na nekoite im e lošo. Standardot donekade može da se izmeri - ima nekoi normi, što treba čovek da ima, za da živee dobro. Znači, smetam, deka vo pravo se i tie, što se žalat na denešen režim vo MK a pravo imaat i tie, što go falat, bidejki im e dobro. Prašanje e edno: kolkav procent od naselenie e toj, što e zadovolen a kolkav toj, što zadovolen nee. Bidejki čovek sekogaš procenuva subjektivno, teško može da se najde nekakov rezultat - no sepak smatram, deka poveke pravo imaat tie, što kritikuvaat. Situacija vo vnatrešnosta, pogotovo so patišta, prilično golema nevrabotenost itn. e goli fakt - znači, verovatno e vreme za promena - prašanje e, dali taa ke bide na podobro, ili ušte na pološo. Nekoj znae - izgleda Gospod, drugi ne. Sekoj čekor ke bide čekor vo temnica - ke se vidi na kraj.
Од: Gjorgji
Датум: 29.06.2010 14:40:40
Se dodeka SDSM ne ja smeni strategijata za resavanjeto na sporot so imeto i ne ja smeni filozofijata na vitkanje na kicmata i se dodeka ne si otide Branko od liderskata pozicija ( toj e eden, no ne i edinstven - od vinovnicite za vecnata trasnzicija na Makedonija), jas ne ni pomisluvam da obrnam vnimanie na aktivnostite na SDSM. Branko, odi si i daj mu sansa na SDSM.
Од: Acko
Датум: 29.06.2010 16:49:14
Pocituvani od opozicijata, jas sum glasac na VMRO vekje 2 decenii. ODstranete gi Rada,Bucko,Branko i Jani od partijata,reorganizirajte se so svezi kadri,jas sum prviot sto na narednite izbori ke go dadam glasot za vas! Vo ovaa konstalacija,nikogas.... Pozdravi od Ohrid
Од: petre zeleznicarot
Датум: 29.06.2010 19:14:11
grujo ne mozes nikogas da vlezes vo drugi kolosek,tvojot kolosek a na golemo si navlegol vo toj koloes a toj e slep kolosek ne gi vodi site na slep kolosek,,ako veke ides ti i tvoite milenicina neka idat,ostaj gi drugite da ziveta

Најди! во Утрински
Едиторијал