Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Собранието ќе има потпретседател од опозицијата

Макрадули предложен за потпретседател, Шекеринска повторно на чело на Советот за евроинтеграции

Собранието в понеделник на првата седница по одморите се очекува да избере уште еден потпретседател на законодавниот дом, овој пат од редовите на опозицијата. Тоа ќе се случи премиерно и ќе биде ново искуство во нашата парламентарна демократија.

За оваа функција е предложен довчерашниот шеф на парламентарната група на СДСМ, Јани Макрадули, кој вчера доби виза од собраниската Комисија за политички систем (едногласно, без ниту еден глас против или воздржан). Инаку, покрај Макрадули, собраниски потпретседатели се Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ и Рафис Алити од ДУИ.

Социјалдемократите деновиве се двоумеа дали да предложат потпретседател, изјавуваа дека најпрво ќе бараат корекции на некои одредби од новиот Деловник, па потоа ќе номинираат собраниски потпретседател. Но, се премислија и на завчерашната координација го предложија Макрадули, а наместо него, со пратеничката група ќе раководи Цветанка Иванова.

На собраниското заседание закажано за задутре ќе биде избран и новиот состав на Националниот совет за евроинтеграции, со кој повторно ќе претседава лидерката на СДСМ во оставка, Радмила Шекеринска, а нејзин заменик ќе биде шефицата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Комисијата за избори и именување за членови на Советот од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги предложи пратениците Александар Николовски и Ќенан Хасипи, од коалицијата „Сонце“ - пратениците Андреј Жерновски и Тито Петковски, од ДУИ - пратеникот Џеват Адеми.

Во Националниот совет ќе партиципираат и Петар Поп-Арсов, претседател на Комисијата за европски прашања, Теута Арифи, претседател на Комисијата за надворешна политика, Александар Спасеновски, претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на Македонија - ЕУ, вицепремиерот за евроинтеграции, Ивица Боцевски, Наташа Савова-Салковска како предлог на Кабинетот на претседателот на државата, Сашо Стефков, предложен како член од Владата, академик Владо Камбовски - предлог на МАНУ, градоначалникот на Гази Баба, Коце Трајановски, како предлог на ЗЕЛС, и новинарот Роберт Поповски, претседател на Здружението на новинарите.

Пратениците в понеделник треба да изберат и претседател и членови на Буџетскиот совет на Собранието. Комисијата за избори и именување за претседател на ова тело ја предлага Светлана Јакимовска, а за нејзин заменик Јован Манасиевски. На истата седница се очекува со претставници од опозицијата да бидат докомплетирани комисиите, делегациите и парламентарните групи за меѓународна соработка. (О.В.)




Статијата е прочитана 434 пати.

Испрати коментар

Од: Дарко Битола
Датум: 23.08.2008 02:46:30
Имате грешка во текстот. Пратеникот Макрадули е предложен за потпретседател на Собранието од страна на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, а не од страна на Комисијата за политички систем, како што стои во вториот пасус.
Од: rade
Датум: 23.08.2008 03:10:50
Makraduli za potpretsedatel na sobranie-KATASTROFA!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.