Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Магдалена Ризова

актерка

Последниот слободен викенд ќе го искористам за да отидам до Грција и уште малку да поуживам во морето. Веќе рано наутро сум на плажа каде што со задоволство ќе се разладувам. Се надевам дека добро ќе се одморам, бидејќи од септември ме очекуваат многу претстави и снимања.

Катерина Поповска

новинарка во ТВ АЛФА

Станувам рано, а некаде пред девет часот ми почнува работното време во Алфа телевизија. Со оглед на темпото на информативната редакција во која работам, постојано сум во трка со времето и единствено навечер можам да се видам со пријателите. Се надевам дека в недела ќе имам повеќе слободно време кое би сакала да го поминам на кеј, возејќи ролерки.

Јасмина Димитровска

пејачка

Денешниот ден целосно ќе ми биде посветен на вечерашниот настап во поп-вечерта на фестивалот „Охрид фест“. Веќе сум во Охрид, а утрото ќе го почнам со кафе во некое од кафулињата покрај езерото. Околу пладне заминувам на генерална проба, по што ме очекуваат финални подготовки и концентрација пред почетокот на фестивалската вечер закажан за 21 часот.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.