Брoj 2732  среда, 09 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

Калиопи се' побарана во Хрватска

„Желим ти реќи“, новиот албум на поп-дивата Калиопи, една недела по официјалното излегување во Хрватска, веќе е прогласен за албум на неделата! На цедето, кое е во издание на дискографската куќа „Аквариус рекордс“, се наоѓаат 12 композиции, создавани во текот на неколку години и испеани на хрватски јазик, а тоа наскоро ќе може да се најде и во Македонија.

- Музиката е мојот живот, мојот прв брак, тоа постојано му го говорам на мојот сопруг. Секогаш се трудам да направам нешто спонтано, па така настана и овој албум. Не дојдов никому да му украдам дел од медиумскиот колач или публика, едноставно седнав зад клавир и почнав да компонирам песна на Хрватски. Така се роди идејата за албумот, изјави Калиопи за хрватскиот печат.

Патем, покрај новото цеде, настапот на Сплитскиот фестивал и на завчерашниот Избор на мис и мистер на Хрватска, Калиопи во Хрватска деновиве е се' поактуелна и со новиот спот за темата „Љуби“, снимен во Охрид, во режија на Дејан Миличевиќ, на кој се појавуваат Васил Зафирчев и Билјана Беличанец- Алексиќ.


Статијата е прочитана 625 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Гаро, браќата Тавитјан и Каролина на заедничка промоција
Овации за Тоше на „Сунчане скале“