Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Фетел го издржа хаосот во Валенсија

Возачот на Ред бул победник во трката полна со инциденти, меѓу кои и стравичниот на Вебер

Возачот на Ред бул, Себастијан Фетел, ја освои Големата награда на Европа во Формула 1, а Луис Хамилтон од Мекларен го удвои своето водство во вкупниот поредок откако трета година едноподруго заврши втор во Валенсија. Бранителот на титулата Џенсон Батон од Мекларен финишира трет во попладнето полно со инциденти, контроверзии и нејаснотии на уличната патека што понуди малку возбуда во минатото.

Хамилтон, кој ја почна трката со три поена предност во однос на својот тимски колега, сега има 127, а од деветте трки годинава Батон собра 121. Втората победа сезонава, пак, го искачи Фетел на третата позиција во генералниот пласман со 115 бода.

И додека Фетел се врати во трката за титулата со возење како лидер од пол-позицијата до целта, неговиот тимски колега Марк Вебер беше актер на најдраматичниот момент, од кој се извлече неповреден. Болидот на Австралиецот беше отстранет со кран откако стравично се заби во задниот дел на возилото на Хеики Ковалаинен од Лотус, прелета преку него, се изврте во воздухот и заврши во заштитната ограда од гуми.

„Мототрките само што беа сведоци на еден од своите најсреќни денови. Тоа можеше да биде многу, многу инцидент“, рече поранешниот возач на Ред бул, Дејвид Култхард, во својот коментар за Би-Би-Си.

Безбедносното возило излезе на патеката, остана четири круга по незгодата на Вебер и индиректно беше причината за казната за Хамилтон во вид на минување низ боксот поради неправилно престигнување на излегувањето од пит-линијата. Предизвикувајќи го бесот на Фернандо Алонсо од Ферари, кој беше веднаш зад него, но се најде заглавен зад безбедносното возило, Хамилтон спаси значителна временска негатива од принудната посета на механичарите и се' уште си ја задржа позицијата.

„Драјв тру“ казната во 27. круг од предвидените 57 само ја зголеми возбудата во трката, посебно во битката за првото место, во која Хамилтон атакуваше на трета победа во низа. Алонсо, кој, заврши деветти пред своите навивачи, можеше да биде тој што ќе се смее последен, бидејќи девет возачи - вклучувајќи го и Батон - беа под истрага од стјуардите за пребрзо возење додека безбедносното возило се наоѓаше на патеката.

Бразилецот Рубенс Барикело, кој минатата година победи тука со болидот на тогашниот конструкторски првак Браун, овој пат го освои четвртото место со Вилијамс, а Полјакот Роберт Кубица од Рено беше петти. Германецот Адријан Зутил од Форс Индија заврши шести, пред Јапонецот Камуи Кобајаши од БМВ Заубер, кој со истите гуми издржа до четири круга пред крајот и дотогаш беше трет. Тој го престигна Алонсо во последниот круг, а во последниот свиок и Швајцарецот Себастијан Буеми од Торо росо. Успешниот ден за БМВ Заубер го надополни Шпанецот Педро де ла Роса, кој го зграпчи преостанатиот поен, прв за него сезонава.

Германецот Михаел Шумахер од Мерцедес, пак, заврши на засрамувачкото 16. место за седумкратен шампион.

 

Пласман на ГН на Европа



1. Себастијан Фетел (Германија) Ред бул 1:40:29,571 ч.

2. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мекларен +5,042 сек.

3. Џенсон Батон (Велика Британија) Мекларен +7,658 сек.

4. Рубенс Барикело (Бразил) Вилијамс +20,627 сек.

5. Роберт Кубица (Полска) Рено +22,122 сек.

6. Адријан Зутил (Германија) Форс Индија +25,168 сек.

7. Камуи Кобајаши (Јапонија) БМВ Заубер +30,965 сек.

8. Себастијан Буеми (Швајцарија) Торо росо +31,299 сек.

9. Фернандо Алонсо (Шпанија) Ферари +32,809 сек.

10. Педро де ла Роса (Шпанија) БМВ Заубер +42,414 сек.



Пласман на останатите: 11. Петров, 12. Розберг, 13. Лиуци, 14. Маса, 15. Алгерсуари, 16. Шумахер, 17. Ди Граси, 18. Чандхок, 19. Глок, 20. Сена и 21. Трули. Се откажаа: Вебер, Ковалаинен и Хулкенберг.



Вкупен поредок, возачи: Хамилтон 127, Батон 121, Фетел 115, Вебер 103, Алонсо 96, Кубица 83, Розберг 74, Маса 67, Шумахер 34, Зутил 31, Барикело 19, Лиуци 12, Буеми 9, Кобајаши 7, Петров 6, Алгерсуари 3, Хулкенберг 1 и Де ла Роса 1. Конструктори: Мекларен 248, Ред бул 218, Ферари 163, Мерцедес 108, Рено 89, Форс Индија 43, Вилијамс 20, Торо росо 12 и БМВ Заубер 8.


#
Статијата е прочитана 578 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Плочите и вандализмот
Што говореа во 2008 година, а што говорат сега
Свадба од соништата во Ватикан
Гана ја обедини Африка
Економијата пак е во минус, власта уверува ќе има раст
Доста е!
ФИФА ги призна проблемите со Јабулани
Сто илјади граѓани принудени да летуваат дома
Нема безбедни валкани пари
Меси
Биометриските пасоши им газат по нерви на Бугарите
По 40 години Скопје пак доби плажа на Вардар
Јужнокорејски навивачи
Клинтон и Мик Џегер заедно ги бодреа САД
Надал виде зорт и против Печнер