Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Надал виде зорт и против Печнер

Рафаел Надал го истури својот бес по ретката опомена за советување со тренерот во саботата пред да положи уште еден тест во пет сета на Вимблдон. Не остана многу од леденото држење на Шпанецот, колку поради силните удари и честите излегувања на мрежа на Филип Печнер, ттолку и поради крајно невообичаениот гест на судијата на стол Седрик Мурие во тензичниот меч од третото коло. Светскиот рекет број еден му се закани со прстот на Мурие, кој при 2-2 во решавачкиот сет го предупреди за сигналите што си ги испраќаа со тренерот Тони Надал во дуелот на Централниот терен, за подоцна Надал да навести дека ќе поразговара за правилото со супервизорот на турнирот.

Но, шампионот од 2008 година, кој неколку пати бараше лекарска интервенција за болките во своето десно колено, ја зачува концентрацијата и го совлада Германецот со 6-4, 4-6, 6-7, 6-2, 6-3 по три часа и 45 минути игра.

„Сервисот му беше неверојатен во текот на целиот меч, но јас ја сменив стратегијата во четвртиот сет и на крајот одиграв добро“, изјави 24-годишниот втор носител, кој во денешниот дуел за четврт-финале��о за противник ќе го има Французинот Пол-Анри Матје.

Прашан подоцна дали е фер што беше опоменат, Надал одговори: „Понекогаш да, но, по мое мислење, не и денеска. Во минатото Тони можеби премногу зборувал, но денеска не беше таков случај“.

Резултати од третото коло, мажи: Квери (18., САД) - Малисе (Белгија) 6-7 (4), 6-4, 6-2, 5-7, 9-7; Мари (4., В. Британија) - Симон (26., Франција) 6-1, 6-4, 6-4; Цонга (10., Франција) - Камке (Германија) 6-1, 6-4, 7-6 (1); Бенето (32., Франција) - Фоњини (Италија) 6-4, 6-1, 4-6, 6-3; Матје (Франција) - Де Бакер (Холандија) 7-6 (5), 7-6 (6), 6-7 (8), 6-4; Ферер (9., Шпанија) - Шарди (Франција) 7-5, 6-3, 4-6, 3-6, 7-5; Содерлинг (6., Шведска) - Белучи (25., Бразил) 6-4, 6-2, 7-5.

Жени, трето коло: Шарапова (16., Русија) - Захлавова-Штричова (Чешка) 7-5, 6-3; Закопалова (Чешка) - Пенета (10., Италија) 6-2, 6-3; Вознијачки (3., Данска) - Пављученкова (29., Русија) 7-5, 6-4; Ли (9., Кина) - Родионова (Австралија) 6-1, 6-3; С. Вилијамс (1., САД) - Чибулкова (Словачка) 6-0, 7-5; Радванска (7., Полска) - Ерани (32., Италија) 6-3, 6-1; Квитова (Чешка) - Азаренка (14., Белорусија) 7-5, 6-0.


#
Статијата е прочитана 406 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Плочите и вандализмот
Што говореа во 2008 година, а што говорат сега
Свадба од соништата во Ватикан
Гана ја обедини Африка
Економијата пак е во минус, власта уверува ќе има раст
Доста е!
ФИФА ги призна проблемите со Јабулани
Сто илјади граѓани принудени да летуваат дома
Нема безбедни валкани пари
Меси
Биометриските пасоши им газат по нерви на Бугарите
По 40 години Скопје пак доби плажа на Вардар
Јужнокорејски навивачи
Клинтон и Мик Џегер заедно ги бодреа САД
Фетел го издржа хаосот во Валенсија