Сакате да бидете слободни и размислувате само за работи кои можат да ви бидат од лична корист. Бидејќи поседувате неуморна енергија, користете ја за учење и креирање односи во блиската околина. Се наоѓате во ситуација која бара донесување битни одлуки.
Бик
Несигурни сте и покрај тоа што се' ви оди од рака. Чувствувате неприфатеност и страв од можна отфрленост. Постои можност од создавање подобри животни услови проследени со подобрување на финансиската состојба.
Близнаци
Мора да се приспособите на случувањата и да го прифатите фактот дека влегувате во нов период од животот. Се наоѓате во фаза на преиспитување и размислување за идентитетот во односите со околината. Бидете несебични, особено ако е во прашање партнерот.
Рак
Доколку сте незадоволни од работата, немојте да се нервирате, состојбата наскоро ќе се подобри. Научете да ги согледувате работите од поинаков агол ако не сакате да бидете разочарани. Во односите со околината се чувствува вашата супериорност.
Лав
Романтично сте расположени, желни за промени особено на емотивен план. Никогаш не ви е доста од љубов. Слободните моменти поминете ги во креативно расположение. Плените се' со својот шарм, а со насмевката го разоружувате партнерот.
Девица
Се наоѓате во конфликт со себеси. Сакате да ги задоволите и личните, но и потребите на некој од семејството. Бидејќи ве очекува напорна работа, подгответе се психички за неа. Некој очекува ваша поддршка, бидете несебични.
Терезија
За чудо, одлично ви одговара осаменоста во која ги следите своите чувства. Односите со околината се конфликтни, решени сте да се дистанцирате. Сепак, пријателите нема да ве остават на мира, ќе очекуваат да им помогнете во решавањето на љубовните проблеми.
Скорпија
Постојано сте во хаос. Никој друг не би ја издржал таквата состојба, но вие одлично се снаоѓате. Каде и да се свртите настанува конфузија. Треба да направите внатрешна трансформација на лицето во спротивно можни се сериозни проблеми.
Стрелец
Чувствувате потреба за независност, така што ви пречат коментари од страна кои секојдневно ве бомбардираат. Бидејќи претеравте со себичноста, мора да се соочите со вистинската состојба на работите и да научите да работите во своја корист.
Јарец
Бегате од одговорност. Започнавте многу работи кои никако не успевате да ги завршите. Можни се проблеми со нервите. Насочете се кон потсвеста, таа може да ви помогне да се пронајдете себеси и да престанете да живеете во фантазија.
Водолија
Доколку сакате да го збогатите животот, а притоа не мора да бидете роб на ниски страсти, насочете се кон креативната енергија и имагинација. Чувствувате потреба да се дружите, но не сте свесни дека со своето однесување ги отфрлате блиските од себе.
Риби
Можни се семејни проблеми поради кои сте загрижени. Можеби имате причина за тоа, но не и за несигурност. Поседувате авторитет и умеете да бидете доминантни таму каде што е потребно. Искористете ги овие свои особини на најдобар можен начин.